Ознака: изјави

kukjarki plostad

Апостолов: Дрвените куќарки ќе се постават ако има лизгалиште

Post Views: 5 Неизвесно е поставувањето на 6 те типизирани куќарки на градскиот плоштад за престојните празници. Нивната судбина зависи од тоа дали или не годинава ќе се постави лизгалиштето, како што изјави ракводителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов. „Претпоставувам дека доколку се јават заинтересирани оператори и се постави лизгалиштето ќе се пријави интерес за поставување и на такви куќарки, се зависи од тоа дали ќе имаме поставување на лизгалиште а се разбира дека тоа понатаму ги повлекува и другите содржини кои ќе бидат околу него“ – изјави Апостолов. Само за потсетување, минатата...

Continue reading

agencii

Банско и Копаоник, најбарани за зимување на охриѓани, а Истанбул за најлудата ноќ

Post Views: 2 Банско, Боровец, Копаоник се најбараните дестинации кои ги одбрале охриѓани за зимување. Сезоната е на прагот, а плановите на охриѓани за излез од обврски и релаксација се различни за секого, но целта е една – одмор, велат дел од охридските туристички агенции. А тука се и новогодишните празници. Пакет аранжманите за новогодишните празници се готови, има голем број понуди речиси за сите европски метрополи, за тродневен, четвородневен, петодневен аранжман со автобуски и авионски превоз, вели Елида Битрак од ТА „Елида Турс“. „Дубаи 5 ноќи со авионски превоз и обезбедување...

Continue reading

saem

Повеќе од 70 компании се претставија пред граѓаните на Охрид

Post Views: 5 Повеќе од 70 компании се претставија пред граѓаните на Охрид, на четвртиот од низата Саеми за вработување. “Денес сме во град Охрид, и морам да признаам дека одзивот на компаниите е навистина одличен. Караванот Саеми за вработување во организација на Агенција за Вработување на Република Македонија има за цел да ги доближи понудата и побарувачката на труд, со што се влијае како на информираноста на граѓаните за можностите за кариера, така и за увидот кој компаниите го прават на пазарот на труд, изјави Влатко Поповски, директор на Агенцијата за Вработување на Република...

Continue reading

src biljanini izvori

Јавното претпријатие „Билјанини извори“ утре ќе добие струја, тврди директорот Ристе Мише

Post Views: 0 Директорот Ристе Мише вели дека тоа е поради заостанатите долгови кое ова претпријатие ги плаќа кон доверителите. Тој кажа дека се во преговори со ЕВН и дека по се изгледа од утре повторно ќе имаат струја. Во интензивни разговори сме со ЕВН и мислам дека ќе најдиме заедничко решение и дека утре ќе добиеме струја. Ќе се одржат и заќажаниот натпревар во ракомет и саемот за вработување кој треба да се одржи во петок, изјави Ристе Мише, директорот на ЈП „Билјанини извори“. {loadposition content9}

Continue reading

vakcina grip

Потрошени вакцините против грип

Post Views: 3 Во првата недела од имунизацијата потрошени се сите 1450 вакцини за грип. Охриѓани побрзале да се заштитат од грипот, а 60 до 70 % од вакцинираните  се лица над 65 годишна возраст. Покрај повозрасни граѓани и лица со хронични заболувања како астма , дијабетес, срцеви заболувања, белодробни болести, биле имунизирани и 50 здравствени работници, изјави д-р Јованка Стурлакова Коровешоска од Епидемиологија при Центарот за јавно здравје, Охрид. „Нова порачка на вакцини нема да има бидејќи заврши тендерот и нема нов тендер да се разпишува за оваа сезона.Оние кои не се вакцинирани...

Continue reading

kavaeva

Ќе се уреди вечното почивалиште на Д-р Елена Kаваева

Post Views: 6 Охрид се одолжува на д-р Елена Каваева. Нејзиното вечно почивалиште доби старател, односно Локалната самоуправа на општина Охрид. Истовремено ЈП „Градски Гробишта“ со средства од нивниот буџет, веќе отпочна со средување на нејзиното гробно место, како што изјави првиот човек на ЈП Зоран Симоноски. „Ние пред неколку дена добивме барање за постапување од Локалната самоуправа односно од градоначалникот Бакрачески, по кое што барање ќе постапиме тоа барање е поткрепено со одлука за преземање на старатрелството на вечното почивалиште на Др Елена Каваева. Старателството врз...

Continue reading

helena

И Хелена има комплекси

Post Views: 5 За нејзиното тело покојниот моден магнат Џани Версаче изјави дека е најсовршеното тело на светот, но и покрај тоа, како и секоја друга жена и Хелена Кристенсен има сомневања за својот изглед.Имено, на лансирањето на најновата кампања за долна облека на познатата марка “Triumf”, манекенката изјави дека се уште има некои комплекси кога станува збор за нејзиното тело и дека како и секоја жена на светот и таа се грижи за нејзиниот изглед. “Секоја манекенка која ја познавам ги има истите комплекси како сите жени. Не е лесно да излезете на плажа во бикини...

Continue reading

cinar

За санација на охридскиот чинар надлежна општината

Post Views: 4 Санацијата на охридскиот чинар  е во надлежност на општината, за ТВМ децидно кажа Игор Трајковски, директор на Управата за животна средина  при Министерство  за животна средина и просторно планирање. Во јануари 2013 Министерството и државниот инспекторат за животна средина, тврди Трајковски, доставиле насоки до општинските  стручни служби за  понатамошни чекори за санација и конзервација на чинарот.„ Ние само може во соработка со инспекторатот да им дадеме насоки што треба да преземат околу рестарвацијата. Заштитата е нивна обврска,  на самата општина“, изјави за ТВМ,...

Continue reading

ledina

Дали и кога Охрид конечно ќе го добие затворениот пливачки базен

Post Views: 3 Дали и кога Охрид конечно ќе го добие затворениот пливачки базен. Години наназад се ветува и е еден од главните проекти со кој скоро пред сите избори се излегува пред граѓаните, но никако да се реализира. Градоначалникот Никола Бакрачески минатата година вети дека оваа година и тоа во месец април ќе се започне со градежните работи на базенот, но на терен нема ништо од тоа. Бакрачески изјави дека подготвителните работи веќе се започнати и дека во септември или октомври годинава ќе почнат и градежните работи. –По наша иницијатива Министерството за транспорт и врски...

Continue reading

sdsm

Кузески:одговорните лица во ДПМНЕ даваа лажни ветувања за здравствените услуги

Post Views: 6 Непосредно пред вонредните парламентарни избори, одговорните во општата болницата се пофалија дека купиле најсoфистициран 4Д ултразвучен апарат за ран скрининг на плодот. Нека и објаснат сега на јавноста кој гинеколог е сертифициран за таков ран скрининг на плодот и каде се вршат таквите прегледи, кажа портпаролот Александар Кузески на пресот на ОО на СДСМ. Кон средината на септември минатата година истиот тој менаџмент на охридската општа болница изјави дека е направена првата лапароскопија во Охрид – ги прашуваме: колку лапароскопии се направена оттогаш во Охрид?!...

Continue reading

vmro-np

Костоски: ВМРО-НП, очекува најмалку 10 пратенички места

Post Views: 5 Голема е разликата помеѓу нашата програма и онаа на ВМРО – ДПМНЕ, односно нивната реална програма, а не онаа од бајките која ја прикажуваат во скапо платените реклами со средства од буџетот на Р. Македонија, изјави носителот на листата на ВМРО – НП, Ванчо Костоски. Тој обвинува дека политиката на Владата на ДПМНЕ, допринела земјава да биде во меѓународна изолација и да биде на последно место за влез во Евро интеграциите. Секојдневното задолжување на земјава кое се крие од граѓаните било посебен проблем, според Костоски, а зголемувањето на пензиите се должи на редовното...

Continue reading

pendarovski

Пендаровски: Македонија мора да биде земја на сите граѓани

Post Views: 0 Народот масовно бега од својата земја, иселувањето во сите региони е со масовни пропорции, малку луѓе останаа во државата, изјави кандидатот за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски на синоќешната средба со охриѓани, на градскиот плоштад. Неговата изјава ја темели врз база на сите поплаки од граѓаните што досега имал можност да ги слушне во сите региони од државата вклучувајќи го и охридско – струшкиот. Пендаровски нагласи дека Македонија во сферата на економијата не само што е на дното на Европа, туку е и на дното на балканот според сите економски...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top