Во Охрид почна отстранувањето на времените објекти

Во Охрид почна отстранувањето на времените објекти.

 |  Валентина Неловска  | 
vremeni objketi
vremeni objekti

Започна отстранувањето на дел од 107- те времени објекти во Охрид. Сопствениците на овие објекти од 2006 година не ги подмирувале обврските кон државата која била сопственик на земјиштето до 2012 година каде што тие се поставени. Од август 2012 ингеренциите врз  земјиштето ги презема Локалната самоуправа.
времени о

„ Нашите служби извршија скенирање на состојбите на терен и утврдија кои од нив треба да се отстранат, бидејќи не се во согласност со урбанистичките решенија и планови кои треба да се донесат, а при тоа го нарушуваат и амбиентот и функционалноста на просторот. Оние кои ќе може да останат, во договор со идните корисници ќе треба да бидат изградени и уредени како што му доликува на просторот, изјави на неодамнешната средба со сопствениците на времените објекти градоначалникот Никола Бакрачески.

 

 

во

Согласно законот за градење локалната самоуправа е обврзана да изработи програма за нивно поставување, која потоа треба да биде одобрена од страна на министерството за транспорт и врски , по што ќе биде донесена уредба врз основ на која ќе се одреди почетната цена за јавна лицитација за стекнување право за нивно користење,  изјави,  градоначалникот Никола Бакрачески.

 

Од времените објекти егзистираат околу 300 охриѓани.

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top