Ознака: изложбата

Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ во Охрид

Post Views: 8 Младински образовен форум Ве поканува на церемонијалното отворање на патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес “ во петок (24.11.2017) со почеток во 19:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Изложбата ќе биде отворена за посетители до 10-ти декември 2017 година, а влезот е бесплатен. Отворањето ќе биде проследено со поздравни говори од поканетите гости. Изложбата претставува збир од триесет и девет изложбени панели кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна. Изложбата е отворена во Македонија...

Continue reading

Изложбата „Внатрешна градина“ на романската сликарка Емилиа Персу наскоро во Охрид

Post Views: 6 После пауза од шест години, ликовните дела на романската сликарка Емилиа Персу, повторно во Охрид. Овој петок триесетти јуни во 20 часот во Галерија Робевци ќе биде отворена изложбата „Внатрешна градина“ на ликовниот уметник и дел од авангардната генерација на уметници од Романија, Емилиа Персу. На изложбата ќе биде преставен најновиот циклус дела на авторот изработени на платно во комбинирана техника. Инаку Емилиа Персу е ликовен уметник, сликар, и претседател на графичкиот отсек во Друштвото на ликовни уметници на Романија. Родена е на 21 февруари 1963 година , Букурешт,...

Continue reading

Houdini

Худини-уметност и магија

Post Views: 7 Лисици, окови, комора за измачување и синџири се само дел од големата изложба на предмети користени од светски познатиот магионичар, Хари Худини. Во пресрет на денот на неговата смрт, 31 октомври, во Еврејскиот музеј на Менхетн во Њујорк вчера беше отврена изложбата под наслов „Худини, уметност и магија“, на која се претставени голем број фотографии од овој легендарен магионичар како и предмети користени во неговите настапи. „На изложбата се претставени историски постери, плакати, фотографии, филмови и магиски помагала на славниот Худини. Има изложено и предмети кои...

Continue reading

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „БОРБА И СТРАДАЊЕ-ПОЛСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗА ВРЕМЕ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА“

Post Views: 5 Во организација на амбасадата на Република Полска во Република Северна Македонија, синоќа во Центарот за култура „ Григор Прличев“ беше отворена изложбата „Борба и страдање-Полските граѓани за време на Втората светска војна“. На отворањето на изложбата, на кое присуствуваше и полскиот заменик- амбасадор Пиотр Висоцки, се обрати заменик- градоначалникот Ристо Николески. – Со поставувањето на оваа изложба, кај сите нас навираат тажни мисли за милионските жртви и уништените материјални добра, но оваа пригода треба да ја искористиме и да ја испратиме пораката- никогаш да...

Continue reading

Отворена изложбата „100 години Требениште“

Post Views: 1 Синоќа во Археолошкиот музеј на Северна македонија пред политичкиот и диплчоматскиот врв од земјава,од соседните Србија и Бугарија, како и пред директори, археолози и вработени во музеите синоќасвечено беше отворена изложбата „100 години Требениште“, која се организира во чест на 100-годишнината од откривањето на некрополата во 1918. Станува збор за иницијативата на трите институции од соседството, Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија, Народниот музеј во Белград и Националниот археолошки институт и музеј при Бугарската академија на науки во Софија. „Оваа...

Continue reading

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА НА ФОТОГРАФИИ „ПО ТРАГИТЕ НА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ”

Post Views: 0 Во Куќата на Уранија- МАНУ, свечено беше отворена изложбата на фотографии „По трагите на светите Кирил и Методиј”. На свеченоста, во името на организаторите, Општина Охрид, Амбасадата на Република Словачка во Република Македонија и Словачката национална библиотека,се обратија градоначалникот Јован Стојаноски и амбасадорот Хенрик Маркуш.Во Куќата на Уранија и во музејот во Куќата на Робевци , поставени се триесет и една фотографија од познатиот меѓународен словачки експерт за надворешна политика Павол Демеш, кој три години ги фотографирал најзнаменитите објекти , поврзани...

Continue reading

Во Куќата на Робевци отворена изложбата „Софрата во охридските килими“

Post Views: 1 Рачно ткаени на хоризонтален разбој, со техника на мазно двонитно ткаење, еднакво за лицето и опачината, со орнаменти изведени рачно, со прсти и набиени со брдо, единаесет килими од  втората половина на 19 век, денес презентирани во Куќата на робевци како дел од изложбата „Софрата во охридските килими“. Килимите  презентирани на оваа изложба потекнуваат од Охрид и се сведоци за постоењето на една традиција, присутна во охридската куќа како на подовите, така и на ѕидовите. Како најкарактеристичен дел во килимите што е предмет на оваа изложба е софрата, вели м-р Марија...

Continue reading

Охридскиот сликар Јордан Манасијески ја претставуваше македонската нација на изложбата „Venezia Art Expo“

Post Views: 3 Сликарот Јордан Манасијески со уметничко дело ја претстави македонската нација на Изложбата на нациите на „Venezia Art Expo“. Нашиот еминентен сликар Манасијески ја доби поканата за учество на Венецијанското биенале од 6 мина врвни италијански историчари на уметност кои го следат неговиот творечки опус во сликарството, вели Љупчо Жупан од охридската галерија Букефал. „Беше голема чест да се биде дел од тој настан. Посебно што овие историчари на уметност подолго време го пратат сликарот Манасијески и едноставно го поканија на тоа биенале да ја претставува македонската...

Continue reading

Утре ќе се одржи изложбата „Низ детските очи 2“

Post Views: 5 Втора година по ред се одржа летната сликарска школа „Пробај уметност“, која траеше осум недели и во неа учествуваа преку триесет деца. За разлика од лани, оваа година со делумна финансиска помош од Општина Охрид и донации од граѓани, беше овозможено 10 деца од семејства од ранлива категорија да бидат дел од школата, велат организаторите. Како завршен дел од проектот, планирана е и изложба, насловена „Низ детските очи 2“. На изложбата ќе бидат поставени 84 слики од 21 автор. Сите слики се работени во текот на сликарската школа, а авторите се деца на возраст од 5 до...

Continue reading

Отворена изложбата на жени сликарки

Post Views: 6 Женски Центар „Бисера“ и оваа година меѓународниот ден на жената 8 ми Март, го одбележа работно со организирање на изложба на сликарки од Охрид. Изложбата се отвори на 7 Март во Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид и ќе биде отворена до 13.8.1017. Свеченоста  со своја изведба ја збогатија ученици од Средно музичко училиште „Тодор Скалоски- Тетоец“ од Струга и танцова група од „Соната“ Охрид. Оваа година е органиузирана дваесет и вотрата изложба по ред , со што беше одбележана и десетгодишната соработка со Организацијата на жени од Будва.

Continue reading

zena

„Жената-најфина творба на природата“

Post Views: 15 Жената е најдобра инспирација за уметноста. Во Струга деновиве отпочна вториот циклус на Интернационалниот ликовен карван „Сета таа убавина. После првиот, насловен како „Сета таа музика“, Тихомир Кондев познатиот колекционер на современата македонска ликовна уметност, не запира. Тој вели дека карванот му го продолжува животот и точно поради тоа не се откажува од патувањата со уметничките дела. Годинава во Центарот на културата „Браќа Миладинови“, во изложбениот салон се најдоа скулптури, слики, графики на тема „Жената-најфина творба на природата“. Кондев вели дека...

Continue reading

grasnica

Излoжбата „Дивите билки од мојот крај“, во Охрид

Post Views: 1 Изложбата „Дивите билки од мојот крај“, денес во Охрид. Се работи за оригинална, патувачка поставка на цртежи, хербариуми и фотографии изработени од волонтери, деца од основни училишта, планинари и рекреативци, собирачи на диви билки и ентузијасти. Тука се опфатени слики од флората и фауната на Плаќенската планина, Пелистер, Шар планина и делот од источна Македонија, вели Борис Стојаноски од Грашница. „Изложбата има за цел да го запознае месното со убавините и богатството на нашите планини. Поврзување на луѓето со природата е проект кој вмрежува неколку ЕД од земјава,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top