Ознака: извори

fontani

Живите води низ Охрид исправни за пиење

Post Views: 6 Живите води или артешките бунари кои ги има на околу 30 -тина локации низ Охрид се исправни за пиење. Граѓаните може спокојно да ја гасат жедта на овие јавни чешми. Но, според Законот за води, водата која не е хлорирана не смее да се користи за широка употреба за пиење. Затоа овие чешми може да се користат само како алтернативен извор иако се бактериолошки и хемиски исправни, напоменува д-р Атанско Михаилов, директор на Центарот јавно здравје. Заради безбедност на граѓаните службите на Центарот вршат постојана контрола, информира д-р Михаилов.„Секој месец, земаме примероци...

Continue reading

bazen

Заматената вода во градскиот базен исправна за капење

Post Views: 53 Водата во градскиот базен на СРЦ Билјанини извори се замати и позелени, реагираат родителите и стравуваат за  здравјето на децата кои го користат базенот „Атина Бојаџи“. Загрижени се дали водата редовно се хлорира и дали квалитетот на водата за капење е  нарушен.  Раководителот на градскиот базен, Борче Џајкоски упатува смирувачки тон дека водата е хемиски чиста и  редовно се хлорира. „ На 10-тина дена доаѓаат од Центарот за јавно здравство земаат примероци и ни испраќаат одговор каков  е квалитетот на водата. Досега нема негативен одговор“, вели Џајкоски.   Професор...

Continue reading

kosarkarska federacija evropsko prvenstvo

Започнува сениорското европско првенство за жени од мали земји

Post Views: 2 Од вечерва спортската сала Билјанини извори домаќин на Европското првенство во Це девизија. На првенството учествуваат 8 земји од поранешна Це девизија со тоа што сега А и бе девизија се споени и се натпреваруваат во заеднички квалификации за заедничко евопско првенство. „На ова првенство е и потпретседателот на ФИБА Европа, вториот човек на Европската кошарка  Џон Молтанвез. Тој беше во инспекција  на  салава и е презадоволен од капацитетите и можностите што ги нуди како комплекс инфраструктурата. Салава располага со сите инфраструктури за сениорско првенство од А...

Continue reading

parkinzi

ЈП Билјанини извори ги издава под закуп паркинзите

Post Views: 0 ЈП Билјанини извори објави оглас со кој издава под закуп над 200  паркинг места на атрактивни локации во центарот на Охрид. Оваа одлука која Управниот одбор на ЈП ја донел пред една недела ја разбранува јавноста, затоа што пред само неколку месеци на седница на Совет се кршеа копја по завршувањето на договорот со екс концесионерот, паркинзите да ги добие ЈП Билјанини Извори. Изненадува фактот што, кога на 27-ми април годинава општина Охрид со предлог одлука на Советот конечно му ги отстапи на користење паркинг просторите на Билјанини извори,  ЈП наместо да ги работи,...

Continue reading

Biljanini izvori sala

ЕХФ ќе ја оценува подобноста на салата „Билјанини извори“

Post Views: 2 Ќе биде ли Македонија домаќин на  врвен женски ракомет годинава? Европското првенство за жени остана без домаќин откако Холандија се откажа од организацијата. Сега се бара нов. Меѓу пријавените земји кои се заинтересирани, некако се најде и нашата. Ракометната федерација на Македонија ја пријавило земјава како можен организатор на првенството. Како адут за добивање на организацијата на ова првенство нашата ракометна федерација ги наведе релативно добрите сали кои би можеле да ги исполнат критериумите на ЕХФ. Ако организираме сами, тогаш предложени се салата Борис Трајковски...

Continue reading

канал

Во споредниот канал Студенчишта плива отпад

Post Views: 6 Споредниот канал кој тече околу спортско рекреативниот центар Билјанини извори и се влева во каналот Студенчишта е прекриен со цврст отпад. Пластични шишиња, лименки и окрек пливаат во водата и оставаат грда слика за нашата еколошка совест. Надлежните институции на локално и државно ниво, кој треба да се грижат за хигиената на јавните површини, продолжуваат со добро познатата реторика за своите ингеренции. Танас Танаксоки, главниот општински инспектор се оградува од надлежностите за чистење. Од општинскиот инспекторат велат дека споредниот канал е под надлежност на...

Continue reading

parking

ЈП „Билјанини извори“ конечно ги доби паркинзите во градов

Post Views: 4 Бидна и тоа. Јавното претпријатие „Билјанини извори“ ги доби паркинзите во Охрид. Ваквата одлука денес беше едногласно изгласана од Советот на општина Охрид. Со тоа, ова јавно претпријатие, по стапувањето на сила на оваа одлука, ќе биде носител на правото на располагање со 12 стари паркинзи низ градот, но и со четири нови од кои два лоцирани во Лагадин, и по еден кај Горица 3 и хотелот Бетон. Сепак директорот на ЈП „Билјанини извори“, Боро Шајн вели дека ќе ги задржат само најпрофитабилните паркинзи. „Ако ние ги задржиме сите паркинзи, тогаш по нашите проценки ќе ни...

Continue reading

Biljanini izvori

Закон за Билјанини извори и Студенчишко блато

Post Views: 8 Билјанини извори со закон ќе бидат прогласени за споменик на природата. Со друг закон пак, ќе се овозможи целосна заштита на Студенчишкото блато во постојните граници. Барем навидум конструктивна средба се одржа помеѓу претставниците на риболовното друштво Свети Апостол Петар, Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. „Тоа е законска рамка која што ќе ни овозоможи и да го заштитиме Охридското езеро и неговите вредности, и да го одбраниме од нападите и секако да го туристички валоризираме во...

Continue reading

biljanini izvori

Охриѓани не се жедни

Post Views: 6 Градот може да се пофали со добар квантитет и квалитет на вода за пиење. Охриѓани не се жедни. Пијат микробиолошки  и хемиски исправна вода, но со променлив квалитет. Ова е коментарот на д-р Атанско Михаилов  од Центарот за јавно здравје за тоа каков е квалитетот на водата која тече низ градскиот водовод. „Има периоди кога квалитетот на водата  по хемиски состав е поблиска до највисоките класи  вода, но има периоди кога заради видот на доток на подземните води и место положбата на бунарите, квалитетот се менува“, објаснува Михаилов. Од МЈП „Проаква“, нагласуваат,  водата...

Continue reading

kanal Biljanini izvori

Спортските риболовци во работна акција

Post Views: 9 Спортските риболовци денеска го чистеа каналот од останатата изумрената плашица, која почна да се распаѓа. Јавно се запрашуваат зошто никој од надлежните не реагираше досега и дозволија плашицата да скапува во каналот. „Нормален човек ќе се запраша во чија надлежност е каналот и ова што се случува во Охрид. Сега настапува топол период и се знае дека рибните болести настапуваат многу брзо во езерото и стравувам дека ќе имаме зараза поради која не ќе се знае што ќе се прави повеќе“, вели член на СРД Св. Апостол Петар, Борис Ѓеорѓиевски.  Спортските риболовци сметаат дека...

Continue reading

parking

Ј.П.„Биљанини извори“, времено ќе стопанисува со јавните паркинг простори

Post Views: 14 После доста шпекулации за тоа кој ќе стопанисува со јавните паркинг простор површини во градов, Локалната пресуди во корист на ЈП Билјанини Извори. Боро Шајн, првиот човек на ова претпријатие информира дека покрај постоечките паркинзи кај Ривиера, цвеќара Мартина, АСНОМ и Горна порта, претпријатието на времено користење ги доби и следните јавни паркинг простори. „Пазар ( Tуристичка ), ул. Македонски просветители од семафорите кај Ох. Банка до плоштад ( 1 Мај, Тренд, Основен суд, Амам и Тинекс ), Кеј Маршал Тито и паркингот пред Македонски телекомуникации“, додава Шајн. Шајн...

Continue reading

pomor

Помор на плашица во каналот Студенчишта

Post Views: 11 Поморот на риба во каналот Билјанини извори, за едни мистерија, за други можна заработка. Овој немил настан кој се случи синоќа на нозе ги крана сите надлежни институции. Очевидец за ТВМ раскажува што се случувало во каналот по поморот на рибата.   „ Вчера кон 15 и 30 часот,  наеднаш најдоде риба од горната страна  на каналот и за 15 минути се преполна овој дел со риба. Тоа беше нешто невидено. Десетина луѓе собираа риба со ќепчиња. Од кај ги донесоа ќепчињата не знам, се снајдоа. Ние години сме со рибиве и по мои претпоставки мислам дека 3 до 4 тони риба овде имаше...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top