Ознака: извори

parking

Повеќе или помалку успешна година за ЈП „Биљанини извори“

Post Views: 7 „Договорот со концесионерот веќе завршува во феруари месец 2012 година, кога ние треба да ги преземеме централните паркинзи, односно оние со кои сега стопанисува концесионерот, но мислам дека освен тие, ќе имаме и други паркинзи во градот, вели директорката. Годината која е пред нас, додава таа, ќе ја одбележат и неколку проекти со кои ќе се унапреди развојот на спортскиот туризам. Поради тоа, посебно внимание ќе се посвети на работата на базенот, потенцира Јованоска. „Сето тоа не доведе да размислуваме и за базенот повеќе. Оваа година како ЈП размилсуваме за годината...

Continue reading

трка

Се тресе третиот ешалон

Post Views: 10 Истечен е и мандатот на директорот на Хидробиолошкиот завод на Охрид, Гоце Костоски. Оваа природно научна установа скоро две недели остана без потписник. Како можен кадар кој ќе го замени Костоски според наши блиски извори е д-р Сузана Патчева, но за тоа допрва треба да одлучи Научниот совет при Министерството за наука и образование под чии што ресор спаѓа оваа институција. Исто така за нецел месец истекува мандатот и на првиот човек на НП „Галичица“, Зоран Ангелоски, кој пак отпочна капителни проекти за да го заживее паркот. Дали Ангелоски ќе продолжи да директорува...

Continue reading

pres

Петрески чека извинување од ФК Охрид 2004

Post Views: 3 Жестока реакција на локалната и јавното претпријатие „Билјанини извори“ за обвинувањата од раководството на ФК Охрид 2004. Овој пат на прес конференција ги демантираа тврдењата дека условите за тренирање на стадионот „Билјанини извори“ се лоши. Градоначалникот Петрески со ултиматум до раководството, ако не се извинат-отидоа бесплатните тренинзи. Обвинувањата на ФК Охрид 2004 дека условите на стадионот „Билјанини извори“ се лоши, не поминаа незабележани. На нив остро реагираше локалната, а особено директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска. Таа вели: „Каде...

Continue reading

voda

Спречен изворот на фекално загадување кај Билјанини Извори

Post Views: 3 Откриен и спречен изворот на фекалното загадување на Каналот, Билјанини извори. Градоначалникот  Александар Петерски ги посочи сторителите. Диво приклучени  на дождовната канаизлација се зградата и неколку куќи на улица Асном, наспроти РЕ Механизација на Комуналец, вели првиот човек на Охрид. Петрески појасни дека службите пред два дена го откриле и спречиле дивото приклучување во  дождовната канализиација која се случувало повеќе години иако во непсредна близина на објектите  има канализација. Од ЈП „ Нискоградба“ посочуваат дека има појави на други диви приклучоци...

Continue reading

bazen

Отворениот базен свечено во употреба ќе биде пуштен за Св. Климент Охридски

Post Views: 5 Отворениот базен, ставен во употреба. Концесионерите на кои сеуште не им е истечен договорот, неколку години порано се откажаа од базенот и истиот повторно е вратен во владение на општина Охрид, поточно со него управува ЈП за стопанисување со спортски објекти и паркинг простор – Билјанини извори.  „Им благодариме на концесионерите кои  предвреме се откажаа од базенините и со тоа ни се укажа можност да распишеме тендер, одбереме изведувач и двата базени да ги ставиме во употреба“, вели градоначалникот Александар Петрески. „ Се уредува околината затоа што со диската кои...

Continue reading

bazen

Охриѓани после долги години, повторно на базен

Post Views: 5 Охридскиот базен наскоро ќе биде ставен во функција. Во завршна фаза е монтирањето на опремата за овој објект, а неодмна заврши и фарбањето на самиот базен, велат од ЈП „Биљанини извори“. Директорката на ЈП Гордана Јовановска кажа дека опремата од Словенија веќе е на царина и од утре почнува монтирањето на истата.  Јовановска додава дека причина за тоа што малку се издолжи периодот на реконструкција на базенот, се временските неприлики, односно големиот број на дождливи денови, кои било пречка за успешно спроведување на самото фарбање на базенот, кое бара одредени оптимални...

Continue reading

Sasho tockov

Водите од Охридското езеро од I класа

Post Views: 3 Водата во Охридското езеро, со одличен квалитет. Над 95 % од испитаните примероци се од прва класа, велат од Центарот за Јавно Здравје од Охрид. Бромологот Сашо Точко, истакна дека само за месец мај се извршени физичко-хемиски и микробиолошки анализи на над 30 примероци, земени од локации од комплексот Св. Наум до селото Радожда. Единствено на три локации, испитувањата покажуваат вода од втора класа. И тоа кај сливот на Грашница, кај селото Калишта и кај кампот Ливадишта. Точков ја објасни причината за вака високиот квалитет на водата од езерото во овој период од годината. Од...

Continue reading

Den na planeta Zemja

Да ја зачуваме планетата Земја

Post Views: 1 Американскиот сенатор Гејлорд Нелсон, далечната 1970 година организираше протест кој беше насочен кон подигнување на свеста за загадувањето на воздухот и водата. На 22 Април, повеќе од 20 милиони Американци излегоа на неговиот протест, и на она што денес сите го знаеме како Ден на планетата Земја. Обединетите нации овој ден го слават под името Светски ден за заштита на животната средина. Слоганот на овогодинешниот Ден на планетата Земја е „Милијарда зелени дела“ кој ја потенцира потребата од активно вклучување на секој поединец во глобалната акција за спасување на нашата...

Continue reading

delegacija

Охридска делегација во посета на саеми во Дубровник и Будва

Post Views: 3 Охридска делегација составена од претставници на стопанската комора на Македонија, ЈП Билјанини извори и агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 24 до 28 март посети два саеми. Саемот во Дубровник насловен „Саем на маслинки или медитерански саем“ посветен на производството на Здрава храна и во Будва, традиционален саем, на кој свој штанд имаше и Општина Охрид. “Заминавме во Будва на покана на стопанските комори од Дубровник со кои имаме извонредна соработка“, вели Ружди Муфти, член на стопанската комора на Македонија и потпретседател на регионалната стопанска...

Continue reading

sektor za ekologija

Расчистување на канали

Post Views: 1 Крајно несредениот и запуштен потег од бул. „Туристичка“, кај спортската сала, до каналот кај Биљанини извори, дојде на ред да се среди. Согласно годишната програма на Локалната, ова е најновата активност која деновиве ја презема Секторот за екологија, во изведба на ЈП „Охридски Комуналец“. Сашо Котели од Секторот за екологија вели дека добро е јавноста и претставниците на еколошките друштва да слушнат за нивната иницијатива. Котели убедува дека работите кои ќе се изведуваат на планираниот потег ќе бидат строго земјeни. Но, тој со точност не можеше да прецизира какви...

Continue reading

Ново раководство, стари маки

Post Views: 7 Директорката на „Билјанини извори“, Гордана Јовановска, вели дека приливот на средства од паркинзите со кои стопанисуваат во моментов е премногу мал за да ги покрие основните трошоци на вработените.   „ Се надеваме дека ќе се направат катни гаражи, кои локаланата одамна ги промовираше и дека со нив ќе стопанисуваме ние. Само така ќе имаме средства не само да опстојуваме, туку и да одиме напред. Ова претспријатие е и за стопанисување со спортски објекти. Дел од тие средства ќе ги насочиме во спортот и во негов развој“, вели Гордана Јованоска – директор на ЈП „Билјанини...

Continue reading

Trpcevski

Се чека на ЕВН

Post Views: 1 Изградбата на 5 те хидроцентрали за потребите на МЈП „Проаква“, во завршна фаза. Се чека само конекција со ЕВН за нивно официјално пуштање во употреба. Првиот човек на „Проаква“, Бранислав Трпчевски вели дека до крај на месецот треба да се случи и тој момент.Во јавноста се шпекулира дека пуштањето во употреба на хидроцентралите кочи поради уништување на извор со голема издашност од 200литри во секунда лоциран во близина населото Рамне, што се случило при изведување на работиј од страна на градежното претпријатие „Гранит“ од Охрид. Трпчевски ги негира ваквите шпекулации.Како...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top