Ознака: злоупотреба

svr ohrid

Кривични пријави за поранешни в.д директори на ЈП „Градски гробишта“

Post Views: 0 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.П.(59) и К.П., в.д. директори на ЈП Градски гробишта-Охрид, за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“ и против Б.Т. за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во 2011 и 2012 година, пријавените како в.д. директори во различни временски периоди во ЈП Градски гробишта, се повикувале на поранешен тендер и ангажирале иста фирма за набавка и монтажа на споменик, потоа била донесена одлука од општината да ги зголемат износите на цените во претпријатието,...

Continue reading

logo

Кривична пријава за поранешен директор на МЈП „Проаква“ – Струга

Post Views: 13 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Т.(53) од Охрид, поранешен директор на МЈП „Проаква“-Струга, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како директор на претпријатието на седница на управниот одбор во 2009 година предложил поради превработеност и тешка материјална состојба да бидат прогласени 23 вработени како технолошки вишок во РЕ „Водовод“-Охрид која е дел од МЈП „Проаква“-Струга. Пријавениот ги довел во заблуда членовите на управниот одбор предлагајќи да донесат одлука на овие вработени противзаконито да...

Continue reading

carina

Царината ги фаќа на дело, судовите ги враќаат на работа!

Post Views: 0 Со процеси кои траат просечно по неверојатни четири години против цариници кои ја злоупотребиле должноста,  Царината во моментов има околу 140 отворени предмети на суд, како и 200 процеси за кривична одговорност. Главно станува збор за цариници кои добиле отказ од работното место заради злоупотреби на позицијата, од примање мито до помагање на шверц и слични активности. Додека траат неколкугодишните спорови тие и натаму работат во Царината. Првиот човек на Управата вели дека ова е алармантна состојба на која Царината губи многу од своите ресурси. Во некои денови треба...

Continue reading

facebook

Facebook & Co. – со најмногу пријави за злоупотреба

Post Views: 0 Во Македонија, во случај да се утврди злоупотреба на податоци казните се високи. Во 2009 до Дирекцијата за заштита на личните податоци пријава за злоупотреба на лични податоци на интернет дале 130 лица, најчесто од мрежите за дружење како Facebook. Интернет револуцијата во Македонија, по обичај ги донесе придобивките, ама и лошите нешта. Податоците говорат дека 53 проценти од населението користи интернет. За кусо време социјалните портали од типот на Skype, My space или Facebook им влегоа под кожа на Македонците. За едни тое е потреба, за други забава, а за трети интернетот...

Continue reading

pasko

Уапсен археолог Паско Кузман, осомничен за злоупотреба на службената положба

Post Views: 8 Рано утрово, во Скопје е упасен археологот Паско Кузман. Тој во претпладневните часови бил спорведен во Кривичниот суд. Портпаролот на МВР, ИВО Котески, за ТВМ  ја потврди оваа информација. Органите на прогонот го теретат  Кузман  за злоупотреба на службената положба.  Главна вест на првите страни на сите медуими  е денешното апсење  на првиот човек на Управата. Покрај него се уапсени уште тројца вработени во истата управа. Во соопштението на МВР стои дека „ пријавените со пречекорување на овластувањата и постапувајќи надвор од нивната законска надлежност преку издавање...

Continue reading

taxi

Ценовник за секое такси возило

Post Views: 17 Црвена налепница со ценовник за секое такси возило. Локалната самоуправа реши да се справи со дел од охрисдските таксисти, кои на туристите им наплатуваат повисоки од утврдените цени, но и за оние таксисти, кои за охриѓани не го подмрднуваат своето возило од место за кратките дестинации. Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески вели дека до Локалната самоуправа стигнале многу поплаки од граѓаните и туристите кои биле мета на неразумните таксисти. „Со цел да се спречи таа негативна појава за нашиот град и со тоа да се остави позитивен впечаток, ние како Локална...

Continue reading

sos

Нема СОС линија во Охрид

Post Views: 8 Во Охрид нема СОС линии за помош и подршка на децата. Во време кога во светски рамки рапидно се зголемува бројот на повици кон ваквите линии за помош во случај на насилство и злоупотреба, кај нас и таа една сос линија која поsтоеше од пред 2 години, лани згасна.  Ѓорѓи Tодоровски, од Центарот за социјални грижи вели дека ваква линија постоела и функционирала во склоп на Женскиот центар „Бисера“ за што биле обучени и кадри, но поради финансиски причини истата е укината. Искуствата покажуваат дека СОС линиите  се повеќе од потребни затоа што на децата, младите и родителите...

Continue reading

pedofilija

Педофилијата е проблем за целото општество

Post Views: 2 Охридската јавност неодамна беше згрозена од еден случај на педофилија, а тоа за жал не беше единствениот пример. Се работи за табу тема која луѓето почесто ја премолчуваат поради стравот од социјална исклученост. Токму во насока на спречување на ваквите грозоморни акти беше и работилницата организирана од Центарот за социјални работи и Црвениот крст од Охрид. Педофилијата и сексуалната злоупотреба се злодела кои мора да се искоренат. За жал и Охридската јавност неодамна и самата беше сведок на еден ваков грозоморен чин. Овие два поими се табу тема за македонската...

Continue reading

pedofil

Откриен педофил во Охрид

Post Views: 1 Струмичанец заврши во охридскиот притвор. Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „Полов напад врз дете“, СВР Охрид поднесе соодветна пријава против Д.Ј.(28). Мета на сторителот биле три малолетни жртви. Настанот во СВР е пријавен од страна на родител, на едно од децата. Според соопштението од СВР, во врска со ова кривично дело, пријавениот на 22 октомври во помошна просторија на пазарот на големо, кој се наоѓа на ул. „Сирма Војвода“, извршил полови дејствија врз едно малолетно лице од Охрид, кое во моментот било со уште двајца негови другари....

Continue reading

slika

Раѓање на совршенството-ироничен приказ на злоупотребата на дроги

Post Views: 8 „Раѓање на совршенството“ е првата самостојна изложба на 15 годишната Мила Коцарева. Насловот на изложбата полн со иронија, упатува на неверојатниот сензибилитет на младата уметничка која за своите години успеала да создаде кристално јасна слика за најголемата опасност во која се наоѓаат младите-злоупотребата на дрогите. Нејзините апстрактни пастелни изрази во себе носат силна порака до младите, но и до сите луѓе воопшто. „Бев вознемирена од фактите што голем, масивен е бројот на млади лица кои што употребуваат дрога. Податоците од СВР  велат дека најмалиот зависник...

Continue reading

uzurpirani trotoari

Злоупотреба на тротоарите

Post Views: 5 Злоупотреба на тротоарите во градов има. Безбедносните зони за пешаци, посебно во делот на крајбрежната линија, узурпирани некаде во целост а некаде само на дел од нив. Охриѓани сметаат оти сопствениците на дел од угостителските објекти во овој дел од градот, си го гледаат само сопствениот интерес, не водејќи сметка за безбедноста на движењето на пешаците.Одобренија за поставување урбана опрема издаваат од Секторот за Урбанизам. Тихомир Дурнев, од тој сектор, вели дека секоја година согласно Законот за градба, се донесува програма за поставување на урбана опрема кој...

Continue reading

logo

Се уништува секое атрактивно земјште во Охрид

Post Views: 6 Кулминираат меѓупартиските обвинувања. Конфузијата кај граѓаните се зголемува. Денеска, на најавената ексклузивна прес конференција, ОК на ВМРО ДПМНЕ презентираше документација со која, како што рекоа, се докажува непоправливото уништување на ликот на Охрид од сомнителна група на таканаречени инвеститори. Портпаролот на ОК Јованчо Секуловски, пред новинарите покажа купопродажен договор за 2 стана, склучен при крајот на минатата година, помеѓу ТД „Дебој инжинеринг“ а по овластување на ТД „Кула градба“, од една страна  и фирмата „Еуро Инвест 2007“, претставувана од управителот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top