Уапсен археолог Паско Кузман, осомничен за злоупотреба на службената положба

Уапсен  археолог Паско Кузман, осомничен за злоупотреба на службената положба

 |  Валентина Неловска  | 
pasko
pasko

Рано утрово, во Скопје е упасен археологот Паско Кузман. Тој во претпладневните часови бил спорведен во Кривичниот суд. Портпаролот на МВР, ИВО Котески, за ТВМ  ја потврди оваа информација. Органите на прогонот го теретат  Кузман  за злоупотреба на службената положба.  Главна вест на првите страни на сите медуими  е денешното апсење  на првиот човек на Управата. Покрај него се уапсени уште тројца вработени во истата управа.

paskoВо соопштението на МВР стои дека „ пријавените со пречекорување на овластувањата и постапувајќи надвор од нивната законска надлежност преку издавање на противзаконска документација преку која барале дополнително и полициска асистенција, со издавање на платни налози и преку други патни трошоци го оштетиле и Буџетот на РМ, односно по основ на дадена асистенција го оштетиле МВР за износ од 1.223.763.50 денари, а по основ на издадени платни налози и други патни трошоци висината на штетата дополнително ќе биде утврдена. По издадена Судска наредба од Основен Суд Скопје 1 извршен е увид на одземена документација од Управата за заштита на културното наследство, при што е утврдено дека  Директорот во Управата за заштита на културното наследство во текот на 2011 година,  противправно потпишал и издал согласност за изведување на земјени работи со цел проверка на наводи за постоење на културно – историско наследство,  на две локации во Република Македонија и тоа на патниот правец Велешко Езеро – Катланово и Делчево м.в. „Драмски Рид“. Од Управата за заштита на културното наследство до МВР било доставено барање за полициска асистенција – преземање на превентивни мерки во насока на обезбедување на споменатите локалитетите, а поради сознание дека може да биде пронајдено поголемо количество оружје, како и поради предизвиканиот интерес на повеќе групи т.н. “трагачи на богатства„, која од страна на МВР согласно барањето е извршена. Од страна на МВР до  Управата за заштита  на културно наследство  доставена е фактурата со вкупно направените трошоци за полициската асистенција за локалитетот Велешко Езеро – Катланово која требало да ја подмират носителите на незаконски издадената Согласност, но истите одбиле со образложение дека асистенцијата била побарана од Управата, без притоа истите да бидат консултирани, односно не сметале дека има подреба од полициска асистенција“.

Инаку, на елетронските медиуми цел ден се шпекулира со причината за апсењето на Паско Кузман. Се споменува неговата инволвираност во акцијата Фаланга 2, па се до тоа дека планирал прес конференција во среда, во Св. Наум, зошто не смее земјиштето во Љубаништа да му  се даде на Субрата Рој.
Различни коментари се објавени и на социјалните мрежи, од одобрување до осуда за апсењето.

Паско Кузман  во 2007 година  од Владата на РМ беше назначен за прв човек на Управата за заштита на  културното наследство.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top