Ознака: зима

пат

Патниот правец кон Корита на Галичица оваа зима ќе се чисти од снег

Post Views: 5 Институциите во Охрид подготвени за одржување на градските и приградските улици, како и  магистралните и регионалните патишта да се безбедни во претстојната зима. Ова беше  истакнато на денешниот координативен  состанок за поголема безбедност на сообраќајот во зимски услови. Локалната самоуправа, јавното претпријатие Комуналец, сообраќајната полиција, јавното претпријатие Македонија пат се подготвени  координирано да делуваат во зимски услови на охридските улици и магистрални патни правци. Охриѓани може да се задоволни,  „Македонија пат“ секција Охрид, ќе го одржува...

Continue reading

drva

Огревното дрво најефтина варијанта за затоплување

Post Views: 2 Од денес официјално започнува грејната сезона. Граѓаните интензивно се подготвуваат за престојната зима набавувајќи огревно дрво. Во складовите привршуваат нарачките за потрошувачите. Дрва има доволно, велат од Македонски шуми. Цената на дрвата е иста веќе неколку години. Сеченица на даб или бука од втора класа со дебелина од 3 до 7 см се продава по цена од 1859ден. Даб од прва класа со дебелина од 7 до 16 см чини 2453ден., а бука од 7 до 16 см е 2371ден. Досега преку стовариштето на Македонски шуми во Охрид продадени се  преку 22 000 просторни метри. Дрвата можат да...

Continue reading

zima

Македонците се подготвуваат за поларна зима

Post Views: 5 Најавите за најладната зима во последните 1.000 години и температури од минус 30 степени ги исплашија македонските граѓани. Оние кои не се греат на парно или на струја купија повеќе дрва од вообичаеното.Македонските експерти сепак не се согласуваат со руските и полските колеги, бидејќи во нивните предвидувања немало доволно силни докази за екстремно ладна зима.„Месеците – ноември, декември и јануари ќе бидат во рамките на просечните вредности, додека врнежите ќе бидат, исто така, помеѓу 50 и 100 милиметри, што се вообичаени за нашиот регион, додека месец февруари...

Continue reading

cevka

Зимава ќе се реновира струшкиот пазар

Post Views: 71 На краток период ќе биде затворен објектот и ќе се извршат  интервенции, информира директорот. Ќе се воведе и поинаков начин на работа. И оваа зима, пазарџиите на иста мака. Уште од сега се загрижија  како ќе го поминат зимскиот период. Имаат покрив над глава но над тезгите тече вода. Од сите страни пазарот е отворен. Пазарџиите  едногласни:-неопходна е реконструкција.Минатата година имаше најави дека градскиот пазар ќе се реконструира но досега никакви активности не се превземени. Тезгаџиите се надеваат дека новиот директор ќе направи нешто во пазарот.Ќе се реконструира...

Continue reading

Зграда со ротирачки станови и соби

Post Views: 0 Зграда во Иран е изнимно необична дотолку што нејзините станари можат сами да го менуваат изгледот. Освен менувањето на изгледот на зградата Sharifi-ha во Техеран, нејзините жители можат да ги менуваат и функциите на просториите во неа, пишува Brava Casa. Зградата е направена на тесна парцела, со доволно простор во длабочина, и има единствена можност од дводимензионална фасада да се претвори во три димензии, со што зградата може да биде отворена или затворена. Во Иран куќите често имаат летни и зимски дневни соби. Тоа во куќата Sharifi-ha не е потребно бидејќи тоа се...

Continue reading

Оваа зима Европа ќе се смрзнува?

Post Views: 6 Украинскиот премиер, Арсениј Јацењук изјавил дека Киев знае дека Русија планира да го запре доставувањето на гас кон Европа за време на престојната зима, а оваа изјава дополнително ќе го зајакне конфликтот помеѓу Москва и Западот. Русија го запре доставувањето на гас кон Украина во јуни поради несогласувањето околу цената, но продолжи да доставува кон својот најголем пазар – Европа. “Состојбата во украинскиот енергетски сектор е тешка. Знаеме за руските планови за блокирање на транзитот на гас дури и кон земјите на Европската унија за време на престоечката зима”, рекол...

Continue reading

жена

Жените се попривлечни во зима

Post Views: 6 Најновото истражување фрла ново светло на привлечноста меѓу половите. Откриено е дека на мажите, жените им се попривлечни и повозбудливи во текот на зимата. За време на истражувањето мажите оценувале фотографии од жени, а тоа го правеле во различни годишни времиња. Највисоки оценки им дале на жените во текот на есента и зимата. Научниците сега веруваат дека годишните времиња имаат влијание на машкиот избор на партнерки, како и на степенот на изневерување кој што очигледно е повисок во ладните денови. Не постои лесно објаснување зошто е тоа така, но се смета дека е...

Continue reading

Ohrid

Првиот ден од зимата, со сибирски температури

Post Views: 1 Денеска според астрономскиот календар е 21 декември, првиот ден од зимата, на кој се забележани и најниските температури во Македонија годинава. Вечерва точно во 18.47 минути ќе настапи астрономската зима, денот е познат како зимска краткоденица. Зимата ќе трае до 21 март. Првиот зимски ден е најкраткиот ден во годината со најдолга ноќ. Сонцето денеска изгреа во 7.00, а ќе зајде во 16 часот и 07 минути . Месечината зајде во 9.54, а ќе изгрее во 20.56 часот. Изутрината, на првиот ден од зимата се забележани и најниските температури годинава. Во Скопје живата во термометарот...

Continue reading

Galicica pat

И оваа зима ќе се одржува само дел од патниот правец кој води до Галичица

Post Views: 0 И оваа година зимско одржување само на дел од патот кој води до Галичица. Овој патен правец кој води до една од нашите најголеми туристички природни атракции, во останатиот дел повторно ќе биде недостапна за потенцијалните посетители. Од јавното претпријатие Македонија пат-секција Охрид, велат дека се свесни за проблемите со кои редовно се соочуваат на овој патен правец, но воедно децидни, дека овој патен правец мора да биде безбеден во сите временски услови. „Во оваа сезона повторно е вклучена во програмата, се работи само за Трпејца-Корита, во должина од 9 километри,...

Continue reading

pat galicica

Среде пролет, македонските патишта завеани во снег

Post Views: 0 Регионалниот пат „R 504“ преку планината Галичица, кој според минатогодишните најави на работната единица на „Македонија пат“ после долги години требаше да се одржува и во зима, и во средина на пролетта  сеуште непрооден. Во тоа можеа да се уверат и големиот број домашни и странски туристи, кои за време на овој празничен викенд, водени од желбата да уживаат во убавините на Галичица или на двете Езерата, наидоа само на фрустрација. До нашата редакција пристигнаа фотографии и реакции од еден наш сограѓанин, револтиран од како што вели тој несериозниот пристап кон патиштата...

Continue reading

Alce

За Охрид нема зима

Post Views: 5 Првиот човек на ЈП Сашо Алче, вели дека добро се справуваат со снегот, бидејќи набавката на машините за чистење на снег како и количини абразив што ги предвиделе за сезонава, биле оправдани. Досега на охридските улици се фрлени преку 180 метри кубни песок и околу 50 метри кубни сол. „Не штедевме на средства и на човечки ресурси за граѓаните на Охрид да добијат адекватна услуга“, потенцира Алче. Улиците се третирале дури и кога не врнело снег, поради голомразицата, додава директорот. Само овој период потрошени се милион и двеста илјади денари за нафта, поточно трипати...

Continue reading

banani

Охридски мали зелени банани

Post Views: 44 Три метарско стебло на банана во цветниот двор на охриѓанецот Нијази Махмуд. Покрај украсните цветни билки, лозницата, кивите и  палмата тој одгледува и банана. Годинава, егзотичното дрво родило и мали зелени плодови. Пред шест години Махмуд дрвото го донесол во саксија од соседна Грција и го засадил во својот двор. Објаснува дека за одгледување на дрвото банана претходно немал познавања. Во зима го покривал со сламa а стеблото през  годината го прихранувал со природно ѓубриво. За одгледување на стеблото банана учел од свое искуство, но и споделувал знаења со охриѓани...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top