Зимава ќе се реновира струшкиот пазар

На краток период ќе биде затворен објектот и ќе се извршат  интервенции, информира директорот. Ќе се воведе и поинаков начин на работа.

 |  Колоска Билјана  | 
cevka
цевка

На краток период ќе биде затворен објектот и ќе се извршат  интервенции, информира директорот. Ќе се воведе и поинаков начин на работа.

pazarИ оваа зима, пазарџиите на иста мака. Уште од сега се загрижија  како ќе го поминат зимскиот период. Имаат покрив над глава но над тезгите тече вода. Од сите страни пазарот е отворен. Пазарџиите  едногласни:-неопходна е реконструкција.
Минатата година имаше најави дека градскиот пазар ќе се реконструира но досега никакви активности не се превземени. Тезгаџиите се надеваат дека новиот директор ќе направи нешто во пазарот.
Ќе се реконструира градскиот пазар, планот е тоа да се направи за кратко време, вели директорот Петко Кутаноски. Бидејќи на тезгаџиите им истекува 3 годишниот договор планираме краткотрајно затварање на пазарот за да започнеме со градежни  зафати за уредување на истиот. Навистина мора итно да го направиме тоа, додаде директорот.
„Треба да се провери електричната инсалација, водоводните цевки од горниот кат, и да го преваросуваме пазарот“-вели директорот Кутаноски.
Мора итно да најдеме решение да ги заштитиме граѓаните од провевот, бидејќи најголема штета има претпријатието, истакна тој.
„90% од пазарџиите се диво приклучени на електричната мрежа од ЕВН но сметка на  Претпријатието. Сега ние ќе превземеме мерки заедно со општина Струга да го решиме тој проблем“-истакна директорот.
Пазарот нема да се затвори целосно, ќе има тезгите во еден дел од пазарот додека останатиот ќе се реконструира. Работите би се изведувале во периодот кога најмалку би имало промет а тоа би било некаде после православните празници. Очекуваме градскиот пазар да биде уреден до почетокот на февруари, вели Кутаноски.
Покрај рекострукцијата на објектот, ќе поводиме по голема сметка зеленчук и овошје да не се продава 24 часа, туку граѓаните да купуваат свежа и заштитена храна, вели Кутаноски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top