Огревното дрво најефтина варијанта за затоплување

Граѓаните интензивно се подготвуваат за престојната зима набавувајќи огревно дрво. Дрва има доволно, велат од Македонски шуми,а цената е иста како и минатата година.

 |  Јаковлева Лионела  | 
drva
дрва

Од денес официјално започнува грејната сезона. Граѓаните интензивно се подготвуваат за престојната зима набавувајќи огревно дрво. Во складовите привршуваат нарачките за потрошувачите. Дрва има доволно, велат од Македонски шуми. Цената на дрвата е иста веќе неколку години. Сеченица на даб или бука од втора класа со дебелина од 3 до 7 см се продава по цена од 1859ден. Даб од прва класа со дебелина од 7 до 16 см чини 2453ден., а бука од 7 до 16 см е 2371ден. Досега преку македонски шумистовариштето на Македонски шуми во Охрид продадени се  преку 22 000 просторни метри. Дрвата можат да се купат само од лиценцирани складишта во спротивно казните се големи, дури до 5,000 евра и за физички лица . Од охридската подружница на Македонски шуми велат дека дрвата континуирано се доставуваат до потрошувачите .

Имаме склучено договори со пензионерите и со синдикатите и околу 90% од нарачките веќе се реализирани. Сe надеваме дека до крајов на месецов обврските према пензионерите и синдикатите  ќе ги завршиме.  И останатиот дел од граѓаните навреме ќе добие огревно дрво  бидејќи и во стовариштата и во шумите има доволно, вели Зоран Нeданоски, директорот на подружницата на Македонски шуми во Охрид.

Директорот објаснува дека оваа година потрошувачката на огревно дрво е зголемена. Тоа се должи на се поголемиот број граѓани кои се одлучуваат да се грејат на ваков начин, но и на акциите на МВР и drvaинспекциските служби со кои беа фатени голем број дрвокрадци кои ги снабдуваа граѓаните на нелегален начин. Неданоски вели дека за едно домаќинство за шест месеци  потребни се 14 просторни метри дрво што граѓаните ќе ги чини околу 30 000ден. Тој додава дека огревното дрво е најевтината варијанта за затоплување.

Даваме и на рати преку синдикати преку пензионери и склучуваме договори со физички лица за плаќање на рати до крајот на годината што е една олеснителна околност, објаснува директорот.

За социјалните случаи има попуст на цената на дрвата од 15%.
Инаку, Охрид во текот на грејната сезона троши околу 30 000 просторни метри огревно дрво , додека цела Македонија и во најладната зима околу 500 000.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top