Ознака: земјотрес

Силен земјотрес во западниот дел на Македонија

Post Views: 1 Земјотрес со јачина од пет степени според локалната Рихтерова магнитуда е регистриран изутринава во западниот дел на Македонија. Земјотесот, кој се случи во 4.54 часот, е почувствуван на целата територија на земјава. Епицентарот се наоѓал 50 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри. Потресот е најсилно почувствуван во Тетово и Гостивар, но и во Охрид, Скопје, Прилеп и во Битола. Нема информации за материјална штета.

Continue reading

Земјотрес во Тетово и Гостивар

Post Views: 1 Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека синоќа во 21.18 часот и е регистриран земјотрес чии епицентар се наоѓа 41 километар западно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML2.4, а беше почувствуван од населението на Гостивар, Тетово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, се вели во соопштението.

Continue reading

mapa

Земјотрес во Пакистан

Post Views: 5 Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихеровата скала го погоди северозападен Пакистан, соопшти Геофизичкиот институт на САД. Потресот, кој бил на длабочина од десет километри е регистриран изутринава во 6:57 часот според Гринич, на 140 километри од Сиалкот. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета. {loadposition content9}

Continue reading

eksplizoja

Десетици жртви во експлозијата во Тексас

Post Views: 2 Масовна експлозија ја потресла фабриката за ѓубрива во близина на Вако, Тексас. Се стравува дека има десетици мртви, а најмалку 172 повредени во несреќата. Спасувачите се справуваат со отровните гасови, кои се шират во соседството. Експлозијата се случила во средата околу 19.50 по локално време во градот Вест, северно од Вако. Била пријавена огнена топка висока речиси 30 метри и масивен прекин на струјата. Геолошкиот институт на САД регистрирал експлозија голема колку земјотрес од 2,1 степени, додавајќи дека „се мери само движењето на земјата, а не воздушниот бран, така...

Continue reading

karta

Силен земјотрес ја погоди Нова Гвинеја

Post Views: 0 Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер изутринава го погоди северното крајбрежје на Папуа Нова Гвинеја. Засега нема информации за предизвикана материјална штета или повредени и нема прогласена опаснсот за цунами. Епицентарот на земјотресот бил на околу 19 километри од градот Аитапе. Геофизичкиот центар на Папуа Нова Гвинеја во главниот град Порт Морсби објави дека потресот бил почувствуван и во Ванимо, на околу 145 километри од епицентарот. Пацифичкиот центар за рано предупредување од цунами соопшти дека нема поголема опасност од појава на цунами, истакнувајќи...

Continue reading

zemjotresna mapa

Силен земјотрес повторно ја погоди Јапонија

Post Views: 6 Силен земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала, денеска ја стресе Јапонија. Потресот бил почувствуван и во Токио, каде зградите се нишале околу половина минута.Епицентарот на земјотресот бил во префектурата Тошиги, северно од Токио на 10 километри под површината на земјата. Засега нема информации за евентуални жртви и причинети материјални штети, ниту пак е издадено предупредување за цунами. {loadposition content9}

Continue reading

УШТЕ ЕДЕН СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА СТРЕСЕ БИТОЛА

Post Views: 4 Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени попладнево во 16,14 часот повторно ја стресе Битола. Епицентарот е на 7 километри северозападно од Лерин, на грчка територија, но се почувствува во Битолскиот Регион. Земјотресот повторно ги извади граѓаните на Битола по улиците. Тие веќе два дена живеат во страв поради серијата земјотреси што се случуваат. Овој земјотрес траеше подолго од претходните. Тлото се тресеше и во текот на ноќта, а од серијата земјотреси посилен беше оној во два часот кој ги разбуди битолчани од сон. Дел од нив кажуваат дека веќе не ни ставаат пижами,...

Continue reading

zemjotres

Земјотрес и цунами ги погодија Соломонските острови

Post Views: 2 Најмалку пет лица загинаа во цунами предизвикано од земјотресот со интензитет од осум степени според Рихтер кој доцна синоќа ги погоди Соломонските острови. Сите загинати се од островот Санта Круз, кој е најтешко погоден од цунами брановите, високи еден метар. Разурнати се три села, во кои живееле околу 700 лица. Можно е бројот на жртвите да се зголеми. Потресот бил со епицентар на околу 580 километри од Хониара, главниот град на Соломонските острови, и на околу 60 километри од градот Лата, на истоимениот остров, кој е дел од архипелагот Санта Круз. Веднаш по силниот...

Continue reading

karta

Нов земјотрес во Чиле

Post Views: 4 Силниот земјотрес се случил 102 километри од рударскиот град Копијапо, светски познато место по спасување на рударите од 2010 година. Жената, која имала 50-тина години, добила инфаркт во текот на земјотресот и починала. Потресот предизвикал помали материјални штети, а информации за други жртви нема. Потресот траел подолго од една минута и предизвикал паника меѓу населението. Луѓето истрчале на улиците во градот Атакама стравувајќи до цунами. {loadposition content9}

Continue reading

Паника и оштетувања на објекти по силниот земјотрес

Post Views: 2 Земјотрес со јачина од  5,1 степени по Рихтер го потресе Охрид околу 13.09 часот. Епицентарот беше на околу 5 километри од селото Косел, на длабочина од 10 километри. Освен паника меѓу населението, земјотресот предизвика и оштетување на објекти кои се пријавени во ЦУК на бројот 195. Пријавени биле оштетувања на фасади, покриви, оџаци…Од ЦУК упатуваат апел до граѓаните да ја задржат присебноста за да не дојде до несакани последици. Во текот на изминатите две недели земјата не престанува да се тресе во Охридскиот регион во кој имаше над 800 земјотреси. По серијата...

Continue reading

Силен земјотрес и ноќеска во Охрид

Post Views: 7 Земјотрес со магнитуда од 3,7 степени според Рихтер беше почувствуван во Охрид и ноќеска. Земјотресот e регистриран во 3 часот и 45 минути, а епицентарот на земјотресот е на 6 км источно од Охрид на длабочина од 6 километри и потекнува од охридското епицентралното подрачје. Серија земјотреси во охридско беа регистрирани и вчера. Најсилниот се случи во 11.39 ч. со јачина од 4 степени според Рихтер. Земјотресите кои повеќе од десет дена го тресат Охрид предизвикаа вознемиреност кај граѓаните. Тие бараат стручни лица да излезат на терен и да ги испитаат причините за тресењето...

Continue reading

Показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес во СОУ „Св. Климент Охридски“

Post Views: 3 Во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид, Територијалната противпожарна единица и Црвен Крст Охрид, утре (11.11.2021 – четврток) во 10 часот во Средното општинско училиште „Св.Климент Охридски” во Охрид ќе биде спроведена показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес. Вежбата ќе се реализира по претходно утврдено и разработено сценарио за дејствување и евакуација по случен земјотрес и пожар со кое се запознаени учениците, наставниците, Регионалниот центар за управување со кризи, претставниците од Општинскиот инспекторат за образование и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top