Ознака: земјотрес

Силен земјотрес во Медитеранот

Post Views: 0 Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го потресе Медитеранот. Според геодинамичкиот институт на националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот е 127 километри југоисточно од Карпатос. Земјотресот бил почувствуван и во Турција, Кипар и Египет. Според европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил на длабочина од 60 километри. Засега нема информации за повредени лица или евентуална штета. Погледнете го видеото на следниот линк

Continue reading

Земјотрес од 6,2 степени на Хаваи

Post Views: 1 Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран јужно од островот Хаваи, соопшти американскиот геолошки институт, но нема предупредување за цунами или извештаи за можна штета. Според Институтот, земјотресот бил на длабочина од 35 километри, а неговиот епицентар бил јужно од градот Наалеху. Институтот прво соопшти за земјотрес со јачина од 6,1 степени, но подоцна го зголеми на 6,2. Земјотреси од оваа јачина може да предизвикаат сериозни штети. Американскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека нема предупредување за цунами.

Continue reading

Најмалку 20 загинати во земјотрес во Пакистан

Post Views: 3 Најмалку 20 луѓе загинаа, а стотици се повредени во земјотресот што изутринава го погоди југозападен Пакистан, изјави Насир Насар, шеф на провинциската управа за управување со катастрофи во Балучистан, додавајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми.  Најпогодено подрачје е оддалечениот планински град Харнаи во Балучистан. Спасувачи од воената и цивилната агенција се испратени во Харнаи, рече Насар. Но, немањето асфалтирани патишта и врска преку мобилни телефони ги отежнуваат напорите за спасување. Земјотресот предизвика и прекин на електричната енергија во регионот. Многу...

Continue reading

Силен земјотрес го погоди Мелбурн

Post Views: 3 Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска југоисточниот дел на Австралија во близина на Мелбурн, објави Геолошкиот завод на САД, а на социјалните медиуми се емитуваат сцени на жители во паника кои излегуваат од своите домови. Земјотресот, кој бил на длабочина од само десет километри, ги потресе зградите во Мелбурн, вториот по големина австралиски град. Австралискиот премиер Скот Морисон во реакција од Њујорк рече дека нема жртви или поголема штета во земјотресот. Сепак, премиерот ја посочи „многу вознемирувачката“ страна на земјотресот...

Continue reading

Земјотрес од 6 по Рихтер ја погоди Кина

Post Views: 2 Најмалку две лица загинаа денеска, во земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала во провинцијата Сечуан во југозападна Кина, јавија државните медиуми. Според Синхуа, земјотресот се случил во округот Лусијан на длабочина од 10 километри. Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Лужоу (со население од над 4,25 милиони луѓе). Беа пријавени речиси 7.000 евакуирани лица. Според државната телевизија CCTV, повредени се 60 лица. Земјотресот уништи 737 куќи и оштети повеќе од 7.000 згради, јави ДПА, повикувајќи се на „Пиплс дејли”. Сечуан...

Continue reading

Силен земјотрес во Албанија

Post Views: 7 Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер ја погоди денеска Албанија. Земјотресот е почувствуван и во Црна Гора. Епицентарот на силниот земјотрес кој се случи во 4 часот и 19 минути по локално време бил во близина на границата на Албанија со Црна Гора, 11 километри источно од Подхум, пренесуваат црногорските медиуми. Секторот за сеизмологија при Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора соопштил дека во епицентралното подрачје земјотресот бил од Петти степен на Меркалиевата скала. Инаку, жариштето на земјотресот е лоцирано на длабочина од 16 километри. Засега...

Continue reading

Земјотрес од 7 степени по Рихтер го погоди Мексико

Post Views: 5 Најмалку едно лице загина во земјотресот со јачина од 7,1 степени кој го погоди Мексико. Епицентарот бил во близина на пристанишниот град Акапулко, а потресот бил почувствуван и во Мексико Сити, кој е оддалечен 370 километри од брегот. На Твитер беа објавени снимки од граѓани на Акапулко кои во паника трчаат по улиците. На социјалните мрежи се споделуваат и фотографии на кои се гледаат оштетувања на објектите. Делови од Мексико Сити и Акапулко останаа без електрична енергија, пренесува „Њујорк тајмс“. Системот за предупредување од цунами од САД издаде предупредување...

Continue reading

Нов земјотрес во Хрватска

Post Views: 5 Умерен земјотрес утрово по 9 часот ја потресе пошироката област Шибеник во Хрватска. EMSC (Европски сеизмолошки центар) известува дека јачината на земјотресот била 3,2 степени, а епицентарот бил на 12 километри западно од Шибеник во Јадранското Море, на длабочина од околу два километри, пренесува Индекс. Земјотресот се случил во 21:05 часот, а бил почувствуван во Шибеник, Водице, Биоград, Пашман, Задар.  

Continue reading

Земјотрес од 6,2 степени во Тајван

Post Views: 3 Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтерова скала го погоди денеска Тајван, потресувајќи згради во главниот град Тајпеј и северниот дел на островот. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 27,7 километри под океанот источно од градот Хуалиен на источниот брег од островот. Во Тајпеј се тресеа деловните згради, се нишаа светилките, а од ѕидовите паѓале слики. Американскиот институт соопшти дека економските загуби од земјотресот се...

Continue reading

Петмина загинати во земјотрес во Таџикистан

Post Views: 4 Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 40 километри, околу 165 километри североисточно од главниот град Душанбе, каде живеат речиси 679.000 жители, потврди Европскиот медитерански сеизмолошки центар. – Десетици куќи се уништени. Електричните проводници исто така биле делумно оштетени во три села во областа Таџикабад, каде што живееле сите жртви, соопшти Комитетот за вонредни ситуации на Таџикистан. Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон наложи формирање истражна комисија предводена од премиерот, пренесоа руските медиуми. Туркменистан, кој се граничи со...

Continue reading

Страшен земјотрес во Калифорнија

Post Views: 3 Земјотресот, првично регистриран од ЕМСЦ и УСГС како земјотрес со јачина од 6,2 степени, беше на длабочина од 10 километри, а неговиот епицентар беше на околу 240 километри источно од калифорниската престолнина Сакраменто, објави американскиот геолошки институт на својата веб-страница. Земјотресот беше проследен со 50-тина послаби земјотреси во истото источно подрачје на синџирот Сиера Невада. Земјотреси со јачина од 5,5 до 6,0 степени можат да предизвикаат значителна штета на зградите, но овој земјотрес погоди релативно слабо населена област и беа евидентирани само...

Continue reading

Земјотрес со јачина од 4,7 степени кај Шибеник

Post Views: 2 Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Хрватска го забележале силниот земјотрес со епицентар на околу 13 километри југоисточно од Шибеник. Јачината на земјотресот била 4,7 по Рихтер, а интензитетот во епицентарот е од 6-ти степен по ЕМС скалата, пренесува ХРТ. Епицентарот бил на длабочина од два километри. Засега има само една дојава за материјална штета – оштетен автомобил во местото Врпоље кај Шибеник, врз кој паднало парче карпа. Никој не е повреден. Жителите на Шибеник по потресот излегле од своите куќи на улиците, но повеќето брзо се вратиле во домови...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top