УШТЕ ЕДЕН СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА СТРЕСЕ БИТОЛА

Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени попладнево во 16,14 часот повторно ја стресе Битола. Епицентарот е на 7 километри северозападно од Лерин, на грчка територија, но се почувствува во Битолскиот Регион.

 |   | 

Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени попладнево во 16,14 часот повторно ја стресе Битола. Епицентарот е на 7 километри северозападно од Лерин, на грчка територија, но се почувствува во Битолскиот Регион.

Земјотресот повторно ги извади граѓаните на Битола по улиците. Тие веќе два дена живеат во страв поради серијата земјотреси што се случуваат. Овој земјотрес траеше подолго од претходните.

Тлото се тресеше и во текот на ноќта, а од серијата земјотреси посилен беше оној во два часот кој ги разбуди битолчани од сон. Дел од нив кажуваат дека веќе не ни ставаат пижами, туку спијат во тренерки, во случај преку ноќ да треба да излезат на улица.

Првата серија земјотреси во неделата ноќта во Битола предизвикаа оштетувања и во објекти од училишта, градинки и други институции. Оштетувања има и во индивидуални куќи, како и во згради.

Општина Битола формираше Комисија за проценка на штети составена од експерти која ќе излезе на терен и ќе направи увид врз оштетувањата кои ќе бидат исплатени со средства најверојатно од ребаланс на буџетот.

 

 

 

 

Извор/Сдк.мк

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top