Ознака: земјотрес

Земјотрес со епицентар во близина на Косел

Post Views: 0 Утрово во 02:00 силен земјотрес го погоди југозападниот дел од Македонија. Магнитудата е на 12 километри северозападно од Ресен со јачина од 4.1 по Рихтер, проследено со силно тресење. Земјотресот е почувствуван во цела Југозападна Македонија. Епицентарот на земјотресот е 12 километри од Ресен, односно 8 километри од селото Косел.

Continue reading

karta

7,2 по Рихтер го стресе Чиле

Post Views: 1 Неколку лица се полесно повредени, во силниот земјотрес, кој со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Чиле. Владата на оваа земја, веднаш по земјотресот, најпрвин наредила евакуација на дел од населението кое живее најблиску до брегот, поради можност од цунами, но набргу го повлекла предупредувањето. Епицентарот на потресот, со магнитуда од 7,2 степени според Рихтер, бил на 100 километри од градот Талца, кој се наоѓа во средишниот дел на Чиле, на длабочина од 10 километри. Пред две години истиот регион беше погоден од земјотрес со магнитуда од...

Continue reading

meksiko

Земјотрес во Мексико

Post Views: 6 Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Мексико, а потресот се почувствува и во главниот град на државата, Мексико сити. Претседателот на државата Фелипе Калдерон изјави дека се оштетени голем број домови, но жртви нема. Жителите во паника ги напуштале домовите, телефонските линии биле во прекин, а во Мексико сити завладеал хаос во транспортот. Од зградата на парламентот биле евакуирани сите присутни. Епицентарот на земјотресот беше на околу 200 километри од Акапулко и според Американската геолошка служба на околу 18 километри...

Continue reading

Силен земјотрес ги вознемири Скопјани

Post Views: 4 Земјотрес со магнитуда од 4,2 степена според Рихтеровата скала е почувствуван изутрината во 04 часот и 08 минути во Скопје и околината. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 13 километри источно од Скопје на длабочина од два километра. Поточно епицентарот на земјотресот бил на 4 километри североисточно од Арачиново и 6 километри северно од Марино. Земјотресот предизвика вознемиреност кај Скопјани, и се почувствува и во повисоките згради како и во пониските објекти во главниот град. Овој земојтрес е еден од посилните после...

Continue reading

Земјотрес од 5,6 степени во Романија

Post Views: 7 Земјотрес од 5,6 степени по Рихтер ја потресе Романија, објави Европскиот сеизмолошки центар (EMSC-CSEM). Потресот се случил во 00:20 часот по македонско време во близина на градот Фокшани, област Вранча. Епицентарот е на 142 километри северно од Букурешт и се наоѓа западно од регионот на Вранча во сеизмичката зона на романските Карпати. Длабочината на ударот е околу 100 километри и тоа е причината сеизмичките бранови да се шират на релативно големи растојанија. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, потресот е почувствуван во Романија, Бугарија, Молдавија...

Continue reading

Силен земјотрес и цунами во Јапонија

Post Views: 1 Најмалку шест лица се повредени, а илјадници се евакуирани во повисоките делови на островот откако јапонските власти издадоа предупредување за цунами по земјотресот со јачина од 7,4 степени и серијата повратни потреси во префектурата Фукушима. Епицентарот на земјотресот бил во морето, на 67 километри североисточно од градот Иваки, кој се наоѓа во крајбрежниот регион Хамадори. Како што јавува Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), земјотресот се случил на длабочина од 25 километри, а по него следувале уште седум повратни потреси. Од силните потреси во морскиот предел...

Continue reading

usa quake

Земјотрес во САД – евакуирана Белата куќа

Post Views: 0 Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД .Епицентарот на земјотресот бил во Вирџинија но се почувствувал и во Торонто – Канада. Белата куќа, Пентагон и Капитол хил веднаш беа евакуирани.Нема информации за евентуални жртви,но неколку илјади луѓе се здобиле со полесни повреди. Земјотресот предизвика паника меѓу жителите на Њујорк и Вашингтон кои трчаа по улиците . Семафорите не работеа, улиците се блокираа застана и авионскиот сообраќај за да се провери безбедноста на пистите. Автоматски беа исклучени и двете нуклеарни централи...

Continue reading

Земјотрес со магнитуда од 7,4 степени го погоди Нов Зеланд

Post Views: 8 Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд. Според податоците на европската геолошка служба потресот е со јачина од 7,4 степени по Рихтер со епицентар на длабочина од 10 километри. Потресот се случил нешто по полноќ по локално време. Епицентарот е на 99 километри од Кристчрч, кој пред неколку години беше разурнат во земјотрес. Тогаш погинаа најмалку 185 луѓе, а потресот беше со магнитута од 6,3 степени по Рихтер. Потресот бил почувствуван и во градовите Велингтон и Чевиот. Се уште нема официјални информации за повредени и материјални штети. Жителите на Нов Зеланд на социјалните...

Continue reading

Нов земјотрес во централна Италија

Post Views: 0 Ноќеска во 1.З5 часот земјотрес со магнитуда од 5,0 степени повторно ја погоди централна Италија, а епицентарот бил на околу 51,5 километри југоисточно од Перуѓа. Потресот бил на длабочина од само 10 километри што допринесол на зголемено тресење на површината. Потрес со магнитуда од 5,0 степени се смета за умерен, но може да предизвика значителни оштетувања, особено на градбите со полош квалитет. Земјотреси со магнитуда од 5,5 и 6,1 го погодија истото подрачје на 26 октомври, а во неделата беше измерено тресење од 6,6 степени. Засега не се познати размерите на штета...

Continue reading

Силен земјотрес во централна Италија, рушевини насекаде

Post Views: 4 Земјотресот бил со магнитуда од 6,5 степени по Рихтер според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар EMSC, а Американскиот геофизички институт USGS ја ревидираше првичната магнитуда од 7,1 на 6,6 степени. Епицентарот е регистриран на длабочина од 10 километри, на 68 километри југоисточно од Перуџа, односно меѓу Перуџа и Мачерата во местото Норча. Епицентарот на овој земјотрес е во истото место како и неодамнешните потреси до 26-ти октомври, меѓу градовите Норча, Пречи и Кастелсантанџело сул Нера., Потресот во 7,41 часот се осети и на северот и на југот од Италија,...

Continue reading

Фукушима денес

Post Views: 1 За прв пат од почетокот на нуклеарната катастрофа во атомската електрана “Фукушима“, повеќе работници го проверувале вториот реактор од постројката кој бил оштетен во разорниот земјотрес и цунами. Облечени во специјална заштитна облека, четири работници денес влегле во дел од реакторот кој на 15 март го погодила силна експлозија, соопштил операторот “ТЕПКО“. Работниците направиле мерење на радиоактивноста и го проверувале степенот на оштетување на реакторот. Во зградата биле задржани 14 минути. “ТЕПКО“навел дека оваа акција е дел од напорите до крајот на идната година...

Continue reading

Показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес во СОУ „Св. Кирил и Методиј“

Post Views: 0 Во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид, Територијалната противпожарна единица и Планинарско–спасителската единица при Црвен Крст Охрид, утре (03.11.2021 -среда) во 11 часот во Средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј” во Охрид ќе биде спроведена показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес. Вежбата ќе се реализира по претходно утврдено и разработено сценарио за дејствување и евакуација по случен земјотрес и пожар со кое се запознаени учениците, наставниците, Регионалниот центар за управување со кризи, претставниците од Општинскиот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top