Ознака: здравствени

karticki

Охридските фирми „заборавиле“ да си ги подигнат електронските здравствени картички

Post Views: 4 Фирмите во Охрид доцнат со подигнувањето на електронските здравствени картички за своите вработени. Вака велат анализите кои ги направил Фондот за здравствено осигурување. Советникот на директорот на Фондот, Бранко Аџигогов, вели дека за разлика од фирмите, во подрачната единица во Охрид, далеку поажурни биле невработените и пензионерите иако според Аџигогов тоа е нелогично со оглед на фактот дека фирмите можат да подигнуваат поголем број на електронски здравствени картички одеднаш. „Во подрачната служба Охрид, 25000 охриѓани веќе ги имаат подигнато своите електронски...

Continue reading

fzom

Охриѓани користат потврди за здравствени услуги при летување и патување во странство

Post Views: 8 Се повеќе охриѓани, за летување во странство или пак  патување, користат потврди за право на користење на здравствени услуги. Граѓаните се повеќе ги знаат своите права и ги бараат двојазичните потврди, информираат од подрачната единица на охридскиот Фонд за здравствено осигурување. Потврдите ги издава Комисија од фондот,  на која претходно лицата кои  патуваат во странствово  зависност од полот,  доставуваат  потврди од матичниот лекар и гинеколог. Овие потврди  се бесплатни, напоменуваат од Фондот. Во ФЗО велат дека двојазичните потврди важат  само доколку корисниците...

Continue reading

paskali

Вработените од Проаква бараат да им се платат придонесите за здравствено осигурување

Post Views: 1 Здравственото осигурување горлив проблем во МЈП „Проаква“, Охрид. Вработените се револтирани и реагираат бидејќи од април месец годинава доколку се разболат треба приватно да си ја платат сметката за лекување. Тие сметаат дека раководството треба да изнајде начин, нивното право на бесплатно лекување како осигуреици во фирмата каде што работат да им биде овозможено. Директорот на МЈП „Проаква“ Томе Паскалоски вели дека се соочуваат со сериозен проблем околу исплатата на придонесите,  кој проблем го наследиле од претходното раководство. Додаде дека и покрај тешката состојба...

Continue reading

elektronski upati

Класичните пишувани упати заминуваат во историјата

Post Views: 1 „Мој термин“ е името на новиот модел на упатување на пациентите од примарната кон секундарната и терцијарната медицина. Примената на оваа новина ќе започне од месец Април, а се состои во тоа што наместо со класичните пишувани упати, сега матичните лекари по електронски пат ќе ја прават целата постапка околу упатувањето на пациентите на специјалистички прегледи. „Секој матичен доктор е должен на својот пациент да му закаже преглед кај специјалст во секундарното и терцијарното здравство и пациентот е должен на закажаниот термин кој што ќе биде по електронски пат и повратно...

Continue reading

elektronska karticka

ФЗОМ-Охрид-сите здравствени картички треба да бидат издадени до Јуни 2013

Post Views: 0 Процесот на замена на старите здравствени книшки со новите електронски картички е во тек. Според плановите на Фондот за здравствено осигурување, Јуни 2013 година би требало да биде крајниот рок за завршување на овој процес. Од таму велат дека во моментов работат на прибирање на барањата од фирмите во градов. Како за сите останати категории, и кај фирмите работата оди бавно. За да се забрза процесот, од Фондот овозможиле, поголемите фирми електронски да ги достават своите барања. Досега Фондот стапил во контакт со околу 25 поголеми фирми со над 50 вработени или вкупно...

Continue reading

elektronska zdravstvena karticka

Започнува примената на здравствените картички

Post Views: 1 Осигурениците кои веќе ги имаат добиено новите електронски картички при користење здравствена услуга во установи кои работат со Фондот за здравствено осигурување нема да има потреба да носат сини картони. Во првава фаза од примената картичките ќе се користат  само како сини картони, а подоцна и како здравствени книшки. „Ние имаме дистрибуирано околу 6000 електронски здравствени картички и уште 3000 имаме за дистринуција. Некои од ЈП или школи суште немаат уплатено, па затоа сеуште не ги имаат земено. Тоа се сите здравствени установи и нивни членови и државна администрација...

Continue reading

bol

Лекувањето во Општа болница трае просечно седум дена

Post Views: 5 Со изградбата на новиот хируршки блок во општата болница Охрид и неговото опремување се очекува траењето на болничкото лекување да се намали и стави во оптималнистандарди. Намалувањето на болничкиот ден не подразбира кратење на лекарските услуги туку нивно стандардизирање во реални рамки, нагласува директорот на Општа болница, д-р Љубен Арнаудов. Болничкото лекување во охридската болница минатата година, во просек траело седум дена. По барање на Министерството за здравство и Фондот, општа болница води грижа и за времетраењето на болничкото лекување, информира директорот...

Continue reading

elektronski karticki

Охрид доцни со апликациите за електронски здравствени картички

Post Views: 2 Аплицирањето за добивање на електронски здравствени картички во Охрид тешко се спроведува. Ниту на охридските пензионери, ниту на матичните лекари не им се брза со поднесувањето на формуларите. Пензионерите како најголема група на здравствени осигуреници, во останатите подрачја со далеку поголем одзив од оној во нашиот град. Фондот за здравствено осигурување токму од оваа категорија не очекуваше ваков проблем, бидејќи оттаму претпоставуваа дека поради честите посети на матичните лекари, пензионерите ќе бидат оние кои најбрзо ќе ги поднесат своите формулари. Сепак реалноста...

Continue reading

el. karticki

Пензионери, време е за електронски здравствени картички!

Post Views: 3 Пензионерите следни на листата на чекање за електронски здравствени картички. Се најавува рок од три месеци во кои картичките треба да стигнат до оваа категорија на граѓани. Аплицирањето за здравствените картички може да се направи или лично или преку матичниот лекар. Првоиздадената картичка ќе биде бесплатна за сите кои ќе аплицираат. И на пензионерите им дојде редот. По државната администрација и поголемите јавни претпријатија, сега пензинерите се следни за добивање на електронските здравствени картички. До крајот на 2012 година треба сите здравствени осигуреници...

Continue reading

VMRO-DPMNE, Shokaroski

Здравство по терк на модерниот свет

Post Views: 6 Бесплатно болничко лекување за над 100. 000 пензионери, лекување во странство за само 200 евра, аптеки на тркала во руралните средини, се само дел од мега проектите за наредните 4 години, во здравството. „Работиме за да создадеме здравствен систем, од кој благодет ќе имаат сите здравствени корисници“. Харалампие Шокароски, кандидатот за пратеник на ВМРО – ДПМНЕ, на долго и широко ги кажа сите предности, приоритети и идни вложувања на Владата на Груевски, во делот на здравството. Тој рече дека никако не смее да се заборават големите инвестиции во здравството кои ги овозможи...

Continue reading

crveni cadori

Медиумите ги жигосуваат маргинилизираните заедници

Post Views: 3 Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ најостро реагира против сензационалистичкото и стигматизирачко пренесување на информациите поврзани со последните податоци за состојбата со ХИВ/СИДА во Македонија објавени во дел од медиумски простор. Сензационалистичкиот пристап во пренесувањето на информациите беше евидентен во фактот што голем дел од медиумите ширењето на ХИВ вирусот и СИДА го доведоа во непосредна врска со хомосексуалноста, односно лицата со поинаква сексуална ориентација и идентитет  вели Славчо Димитров од Коалицијата за...

Continue reading

JZU Zavod za kardiovaskularni zaboluvanja

Дали има лек за охридското здравство

Post Views: 2 На крајот на  2008год. Фондот за здравство, со Владина одлука, на сите Јавни здравствени установи во РМ им ги отпиша долговите, така што 2009 ја започнаа со салдо нула. Јавната здравствена установа „Медицински центар“ од Охрид не ја искористи оваа поволност и минатата година повторно ја заврши со долг, овојпат во висина од 57 и пол милиони денари. Директорот на оваа установа, Д-р Љубен Арнаудов, вели дека овој долг е наследен по основ задоцнети фактури и судски пресуди доспеани во овој период, а не е новонастанат. Портпаролот на центарот, Д-р Сашо Василевски тврди дека...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top