Ознака: здравствени

fzom

ФЗОМ со софтвер ќе ги решава проблемите на хонорарците кои уплатиле за здравствено осигурување

Post Views: 2 Фондот за здравство со нов софтвер ќе го решава проблемот на хонорарците во однос на неможноста иако уредно уплатиле придонеси, да го користат правото од здравствено осигурување. Овој административен проблем кој настана поради новодонесениот закон за задолжително плаќање придонеси за хонорарците резултираше со тоа што постоечкиот систем на Фондот не препознаваше дека хонорарците платиле придонеси, па со тоа тие беа приморани при користењето на здравствени услуги, за истите да плаќаат приватно. Иако најпрво се тврдеше дека законот е во корист на хонорарците, потоа следеше...

Continue reading

tiroksin

Во кои приватни здравствени установи охриѓани може да го испитаат тироксинот по цени од Фондот за здравство?

Post Views: 19 Во кои приватни здравствени установи кои прават биохемиски анализи, охриѓани може да ја испитаат функцијата на тироидната жлезда по фондовски цени? Во вчерашниот прилог за недостаток на реагенси за испитување на тироксинот во Општата болница од Охрид, од подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување, изјавија дека покрај Општа болница и Здравствен дом и четирите приватни здравствени установи „Дарон“, „Кардиолаб Маџаров“, „Сонце“ и „Биохем дијагностик“ имаат договор со фондот за испитување на функцијата на тироидната жлезда со упат од матичен лекар. Револтирани...

Continue reading

sovetuvaliste

Само еден здравствен работник од Охрид ги остави цигарите во рамки на Советувалиштето за откажување од пушење

Post Views: 8 62ца здравствени работници и тоа доктори, медицински сестри, фармацевти, акушери, лаборанти се пријавиле за групните советувања во Советувалиштето за откажување од пушење кое летово започна да функционира во рамките на Центарот за јавно здравје од Охрид. Од крајот на јуни, досега, во охридското советувалиштето биле одржани девет обуки со што истото го држи првото место според проценките на Институтот за јавно здравје. На поканата на Советувалиштето за учество во групните советувања се одзвале неколку приватни и скоро сите јавни здравствени установи од градов, со исклучок...

Continue reading

Bujar Osmani

Министерот за здравство ја најави новата шок терапија

Post Views: 18 Без да го презентира основниот пакет здравствени услуги, министерот за здравство Бујар Османи вчера ја најави новата шок-терапија со која здравството ќе се обиде да се оттргне од колапсот – ќе плаќаме или повисока партиципација (и до 50 отсто од цената на услугата) или повисок здравствен придонес (по 8 или 9 отсто од бруто-платата) за да ги добиеме истите здравствени услуги како досега. Можно е да се воведе и партиципација од 30 денари за секој преглед кај матичниот лекар, кои сега се бесплатни, а кај стоматологот да биде бесплатна само превентивата. Граѓаните...

Continue reading

Bujar Osmani

Нов Закон за здравствена заштита

Post Views: 2 Целта, е преку темелно преуредување и прецизирање на делови од органзиацијата на системот на здравстена заштита, да се создадат услови, а со тоа и реални шанси од долгорочен рамномерен развој на здравствениот систем за потребите на граѓаните и да се создадат предуслови преку воведување нови решенија кои ќе го подобрат квалитетот на здравствената дејност и ќе го унапредат здравствениот систем доближувајќи го поблиску до пацинетите. Министерот Османи рече дека при изработката на законот се воделе од показателите за состојбите во здравството и искуствата стекнати од постоечкиот...

Continue reading

patiki

Прекршочни и глоби за продавачите на фалсификувана роба на охридскиот пазар

Post Views: 4 Акција за сузбивање на пиратеријата во градов. Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост при Владата на Република Македонија во текот на вчерашниот ден ги контролираше продавачите на градскиот пазар, кабелските оператори и приватните здравствени установи. Се проверувале евентуалните повреди на интелектуална сопственост и повреди во делот на авторските права. Повеќе случаи на пиратерија биле затекнати на тезгите на градскиот пазар. „Во делот на повреди на индустриска сопственост е исконтролиран пазарот во Охрид кај што има присутност на трговски марки...

Continue reading

Osmani

Важно министерот се слика

Post Views: 1 Пациентите од одбраните 12 ординации се уште не добиле електронска здравствена картичка затоа што не е инсталирана компјутерската програма, иако пред три дена, по нејзината јавна промоција, министерот Бујар Османи најави дека со тоа веднаш почнува испраќањето на здравствените книшки во историјата. Засега се издадени само две картички, оние со кои министерот се сликаше на јавното претставување на овој проект.– Бевме на обука и, според најавите, до први јуни во сите ординации треба да почнат да се даваат картички, но засега немаме добиено подетални информации кога...

Continue reading

logo

Работилница на ФЗОМ за охридските пензионери

Post Views: 7 На 22.04.2014 година,(вторник), во клубот на пензионерите во Охрид, директорката на ФЗОМ, Маја Паранарџиева-Змејкова ќе одржи работилница наменета за едукација на пензионерите, во однос на нивните права од здравствено осигурување,како и запознавањето со определени здравствени програми кои ги финансира ФЗОМ. Едукативните работилници, согласно претходно утврдена агенда, Фондот ги организира во соработка со Сојузот на здруженија на пензионери и со Црвениот крст на Македонија. Овие едукативни работилници имаат за цел да го зголемат нивото на информираност на пензионерите...

Continue reading

bolnica

Вмро Дпмне : Реконструкција на охридските здравствени установи

Post Views: 0  Проекти со кои ќе се реконструираат охридските здравствени установи најавија  кандидатите за пратеници од Вмро Дпмне. Никола Бакрачески член на Извршниот комитет на Вмро Дпмне се осврна и на можноста за едукација на медицинскиот кадар во европските  земји и Америка.  65 милиони евра ќе бидат иневстирани во обнова на специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охридски со рок на реализација  до 2017 година. Проектот ќе биде спроведуван во неколку фази.„ Прва фаза е реновирање на централната, стара болничка зграда за ортопедија и трауматологија. Реорганизација...

Continue reading

Coca-Cola ја призна својата најголема тајна

Post Views: 4 Претседателот на Coca-Cola за Северна Америка, Sandy Douglas признал дека сам себеси си забранува пиење на премногу Coca-Cola поради здравствени причини. Во една лименка има дури шест коцки шеќер. Откако тутунската индустрија ја изгуби битката со јавноста и призна дека пушењето е штетно, сега и прехранбената индустрија признава дека е виновна за епидемијата на дебелеење во развиените земји на светот. Така претседателот на Coca-Cola за Северна Америка, Sandy Douglas, признал дека секој ден пие само една Coca-Cola, а попладне евентуално една без шеќер. Иронично е дека...

Continue reading

pregled

Здравствени пунктови во селата на Охрид и Дебрца

Post Views: 0 Раководството на Здравствен дом бара од градоначалниците на Охрид и Дебрца простории каде би функционирале здравствени пунктови во селата. Во изминатиов период, односно од почетокот на Јануари 2014, ЈЗУ Здравствен Дом Охрид го спроведува проектот на Владата на РМ „Рурален доктор“ на подрачјето на општините Охрид и Дебрца. Здравствениот дом  организира вршење на примарна  здравствена дејност, согласно утврдена Програма, при што лекарски тимови ги посетуваат сите села во двете Општини. Медицинскиот тим врши лекарски прегледи, советувања и други видови здравствени услуги...

Continue reading

todorov

Тодоров отворено проговори за дел од проблемите во здравството

Post Views: 8 Доктор не се создава преку ноќ. Кажете ми каде да најдам рентгенолог , анестезиолог уште  утре ќе го вработиме.  Ваков е коментарот  на министерот за здравство Никола Тодоров  за проблемот со дефицитот на кадар на доктори во општата болница Охрид. Според него проблемот е наследен бидејќи во минатото воопшто не се водело сметка за човечките капацитети. „Велите нема ренгенолози, нема анестезиолози, нема ни да се вработат, значи јас често кога ми го поставуааат ова прашање велам, да најдеме ренгенолог, анестезиолог кажете ми го кој е, ние ќе му се јавиме утре да го вработиме....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top