Ознака: започна

zima

Почна зимата

Post Views: 1 Зимата на северната Земјина полутопка официјално започна во 6,30 часот. Зимата ќе трае се’ до 20 март 2012 година, кога почнува пролетта. За првите денови на зимата метеоролозите најавија студено време со врнежи од снег. Вистинското снежно изненадување УХМР го најавија за денеска кога се очекуваат интензивни врнежи од снег и засилен северен ветер. На јужната хемисфера денеска започнува летото. {loadposition content9}

Continue reading

Со нова библиотека започна учебната година во с. Лескоец

Post Views: 12 Библиотека и нова реконструирана училница, денес, на првиот училишен ден добија учениците од ОУ „Ванчо Николески“, од село Лескоец. Нив во употреба ги пушти првиот човек на градот Никола Бакрачески. Бакрачески истакна дека училиштата во руралните средини на општина Охрид имаат потреба од помош и поддршка од Локалната самоуправа, но и од Министерството за образование, во поглед на обезбедување подобри услови, како што е енергетската ефикасност, замена на подови, санитарни јазли, прозори и врати, обезбедување на учебни помагала и реквизити, но и во делот на финансиското...

Continue reading

Започна револуција во фудбалот, за прв пат употребен VAR на средбата Италија-Франција

Post Views: 8 Пријателската средба помеѓу Италија и Франција, одиграна во четвртокот во Бари, резултатски не беше важна, но ќе биде запишан како многу важен меч во историјата на фудбалот. Имено, во средбата во која Франција славеше со 3-1, за прв пат е користена видео технологија за да помогне на судијата при носењето на одлуки и исправање на пропустите. Видео технологијата официјално се нарекува Video Assistant Referees (VAR) и функционира на начин така што двајца судии ја прегледуваат снимката кои имаат директна врска со главниот судија и го советуваат како да постапи. Своите импресии...

Continue reading

Започна ловната сезона на прелетен дивеч

Post Views: 3 Започна ловната сезона на прелетен дивеч. Охридските ловџии од 1ви август до 31ви октомври ќе можат да ловат прлица потполошка и гулаб. Здружението на ловци- Охрид од Охрид располага со три ловишта и тоа ловиште Белчишта, Мешеишта и Косел. Состојбата со птици во ловиштата е задоволителен. Најмногу има потполошка и прлица. Ловот се врши поединечно и групно, а пред тоа мора да се обезбедат специјални дозволи за лов. Во Охрид се регистрирани 350 ловци. Со Законот за ловство секој ловец мора да има положено ловечки испит за да може да добие дневна дозвола. Голем интерес...

Continue reading

Започна отстранувањето на платформите од објектите на плажите кај Даљан

Post Views: 2 Утрово на својот фејсбук профил, Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиевски напиша дека деновиве се отстрануваат платформите од езерото кај Далјан. Потоа следи расчистување на теренот. ?️Туристите и на овој потег наскоро ќе добијат чисти плажи и повеќе простор во езерските води, додава Георгиевски. Општина Охрид продолжува со ослободување на плажите од бесправните платформи.

Continue reading

Започна првата организирана планинарска тура, од село Лактиње до славната Славеј Планина

Post Views: 17 Група вљубеници во природата и планината ја започнаа првата организирана планинарска тура, по новообележаната планинска патека од село Лактиње до славната Славеј Планина, во должина од околу 7 км. Учесниците се надеваат дека ова ќе биде почеток на уште една убава традиција, која ќе биде помогната и од општина Дебрца. Дебрца е природно предодредена за рекреативен планинарски туризам и нашата заложба е тоа максимално да го промовираме и искористиме.

Continue reading

Започна судското рочиште против Apple

Post Views: 5 Во сојузниот суд во калифорнискиот Оукленд започна рочиштето кое Apple би можело да го чини и до една милијарда долари ако ја изгуби. Најголемата светска компанија по пазарна капитализација ја тужат група на приватни лица и компании поради монополско однесување на сервисот за симнување на музика iTunes. Имено, оваа група, како што пишува Reuters, помеѓу 2006 и 2009 година купиле iPod, а кога посакале да ги симнат омилените песни од iTunes добиле порака дека музиката е можно да се репродуцира само на iPod. Нивните адвокати во тоа гледаат монополско однесување на Apple...

Continue reading

асвалтирање

Започна изградбата на кружен тек помеѓу булеварот„Туристичка“ и ул. “Бистрица“

Post Views: 1 Започнаа подготвителните работи за изградба на кружен тек на пресекот помеѓу булеварот„Туристичка“ и ул. “Бистрица“. Со тоа Охрид ќе добие современо сообраќајно кое ќе го намали сообраќајниот метежот во овој дел од градот и ќе придонесе за зголемување на безбедноста и на пешаците и на возачите, рече градоначалникот Никола Бакрачески. На овој начин сакаме да го решиме долгогодишниот проблем на жителите од овој дел на градот, пред се безбедноста на пешаците и велосипедистите. Како што знаете во минатото на ова место се случија голем број незгоди, меѓутоа во исто време...

Continue reading

asfaltiranje Elshani

Започна реконструкцијата на патот Елшани-Елешец вредна 7.610.000 денари

Post Views: 1 Тешката машинерија на градежната компанија АД Илинден од Струга, денес ја започна реконструкцијата на локалниот пат кој води од селото Елшани до автокампот Елешец. Оваа делница е со должина од 2258 метри, а во просек ќе биде широка четири метри. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека овој пат ќе биде асфалтиран со висококвалитетен асфалт со дебелина од 7 сантиметри, а во рамките на овој зафат, ќе бидат реконструирани и банкините. Бакрачески потсети дека овој локален пат не бил реконструиран четириесетина години. „Последна реконструкција на овој пат е некаде во седумдесетите...

Continue reading

pitu guli

Започна реконструкцијата на улицата „Питу Гули“

Post Views: 5 Започна реконструкцијата на улицата „Питу Гули“. Со два милиони евра, средства од Светска банка ќе се обновува оваа многу значајна сообраќајница во градов. Ова е почеток на реализацијата на долго најавуваните проекти со средства од Светска банка, а потпомогмнати од Владата на РМ и Министерството за финансии, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Во наредниот период покрај реконструкција на Питу Гули  ќе бидат реализирани уште два кружни тека  и тоа на пресекот на булевар Туристичка и улицата Македонски просветители и на Туристичка со улица Бистрица, а ќе се реконструираат...

Continue reading

Започна меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“ 2021 година

Post Views: 2 Меѓународниот натпревар „Охридски бисери“ се одржува во Охрид од 15-19ти јуни. Станува збор за јубилејно 20-то издание. Со оглед на фактот дека јубилејот се случува во време на пандемија претседателот на натпреварот Ѓорге Улишев вели дека е пријатно изненаден што натпреварот предизвикал внимание да се пријават учесници од 15 земји. „Имаме некаде околу 90 пријавени учесници, од кои селекцијата ја поминаа 74 учесници и кандидати од 15 држави. Бројка која за сега изненадува во услови на пандемија. Имаме кандидати од Германија, Русија, Полска, од бившите југословенски...

Continue reading

sobranie

Денеска конститутивна седница на Собранието на Македонија

Post Views: 4 Конститутивната седница на седмиот собраниски состав започна денес на пладне, на истекот на законски предвидениот рок. Ова е договорот од координативна средба на спикерот Трајко Вељаноски со претставници на политичките партии што влегоа во Парламентот и со најстариот пратеник Љубисав Иванов-Ѕинго, кој ќе ја води првата седница.На конститутивната седница треба да се верификуваат мандатите на новоизбраните 123 пратеници и да биде избран новиот претседател на Собранието.По верификувањето на мандатите, претседателот Иванов има рок од 10 дена да му го даде мандатот за составување...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top