Ознака: започна

Започна тестирањето на социјалната мрежа на Трамп

Post Views: 14 Откако Доналд Трамп беше исфрлен од Фејсбук, Твитер и Јутјуб, поранешниот американски претседател реши да создаде своја социјална мрежа каде нема да има цензура и забрани. Минатата година објави платформа наречена Truth Social, а нејзиното тестирање започна оваа недела. Според достапните информации, оваа платформа моментално е отворена за околу 500 корисници и нејзиното официјално лансирање можеме да го очекуваме следниот месец. Една од првите објави (или „вистина“) на оваа мрежа ја направи, се разбира, Доналд Трамп, кој напиша Подгответе се! Вашиот омилен претседател...

Continue reading

Манастир Калишта

Во Калишта вечерва започна одбележувањето на празникот Мала Богородица

Post Views: 5 Во манастирот „Света Богородица“ кој се наоѓа во струшкото село Калишта, вечерва и утре се одбележува големиот христијански празник „Рождество на Пресвета Богородица“. Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. Манастирскиот комплекс Св. Богородица кај струшкото село Калиште е...

Continue reading

СВР Охрид започна со превентивната кампања „Не користи петарди и пиротехнички средства“

Post Views: 2 СВР Охрид, преку Отсекот за превенција, отпочна со превентивната кампања „Не користи петарди и пиротехнички средства”. Вчера на плоштадот „Крушевска Република”, полициски службеници и активисти на Црвениот Крст од Охрид, делеа едукативни флаери за штетноста од нелегалната употреба на пиротехника и реализираа вежба со мерки кон лица повредени од петарди. Целта на превентивната кампања е на граѓаните, пред се на најмладите, да им се укаже за можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време...

Continue reading

Започна вториот циклус обуки за раководители на училиштата, во Охрид и Штип, како дел од програмата „Училишта на 21-от век“

Post Views: 7 Оваа програма ја спроведува Британскиот совет, а е финансирана од Владата на Велика Британија. На 21ви август следува обуката за наставници. „Училишта на 21-от век“ е програма вредна 10 милиони фунти и ќе опфати 380 наставници во 63 училишта од во наредните неколку месеци. 2.000 микро бит уреди кои се користат за кодирање, ќе бидат донирани во основните училиштата во Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Штип, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Кочани и Скопје. Овие микро бит уреди ќе им помогнат на младите луѓе да научат нови дигитални и програмерски вештини на забавен и интерактивен...

Continue reading

Започна уривањето на платформите во Струга

Post Views: 0 Започна уривањето на платформите во Струга. На атрактивните плажи долж брегот денес започна отстранување на платформите од езерото. Концесионерите сами ги демонтираат објектите по налог на општината. Градоначалникот, кој денес заедно со вицепремиерот Артан Груби изврши увид на крaјбрежjето, најави дека ќе се отстранат шест платформи за зачувување на статусот на регионот под Унеско. За разлика од Охрид каде се уриваат и објектите на плажите, во Струга угостителските објекти ќе продолжат да работат.  „Сите тие плаќаат такса како што е наложено во одобренијата од 2010...

Continue reading

По 58-ми пат во Струга започна да се слави поезијата

Post Views: 9 Во Струга по 58-ми пат започна да се слави поезијата. Министерот за култура Хусни Исмаили ја прогласи за отворена поетската манифестација „Струшки вечери на поезијата“, која ќе се одржува до 26 август. Министерот Исмаили во своето обраќање им посака на присутните срдечно добредојде во родниот град на убавиот поетски збор. „Да се зборува за поезијата е навистина тешка задача затоа што претставува обид преку пишаниот збор да го величиш зборот“, истакна при тоа министерот за култура Исмаили. Со цитат од Ролан де Пеневил се обиде да ја дефинира поезијата. „ Поезијата се...

Continue reading

Започна со работа модуларната болница во Струга

Post Views: 6 Во модуларната болница во Струга моментално се сместени  11 ковид пациенти и има централен довод на кислород.  Дополнително 13  болни од корона се лекуваат на Интерното одделение во струшката болница,   кое функционира како ковид  1 центар. Половината од пациентите се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка.  „Повеќето од пациетите се на 60 годишна возраст во двата ковид центри кои што хоспитализирани.  Со потешка клиничка слика имаме двајца пациенти за кои што веќе се преземени и други мерки за справување“, Арменд Арслани директор на Општа болница Струга. Во...

Continue reading

Започна реконструкцијата на кровот на Центарот за култура Браќа Миладиновци

Post Views: 23 Денес, започна замената на оштетената кровна конструкција на струшкиот Центар за култура Браќа Миладиновци. За реконструкцијата на ова национала установа се обезбедени 820.000 денари средства од ресорното министерство за култура кое издвои средства во висина од 750.000 денари и учество со сопствени средства на центарот во износ од 70.000 денари. Завршена е постапката за избор на изведувач според законот за јавни набавки, а целиот зафат треба да се реализира за 40 дена, вели директорката Николина Велковска Глигоровска. „Потребата беше голема бидејќи имаше големо прокиснување...

Continue reading

Започна реконструкцијата на затворениот пливачки базен во Струга

Post Views: 1 Денеска започнаа градежните активности за реконструкција на затворениот пливачки базен во Струга. Реконструкцијата на базенот кој со години беше оставен на забот на времето, риуниран и запуштен, е еден од најголемите проекти кои што ќе ги има Агенцијата за млади и спорт во наредниот период, кажа директорот на Агенцијата Дарко Каевски . Целта е повторно да се врати сјајот на Струга со овој базен каде што сите љубители на спортот, на пливањето ќе може да се рекреираат и спортуваат, рече Каевски. „Во разговор со многу луѓе инволвирани во спортот , во разговор со многу...

Continue reading

Започна постапката за прогласување на Шар Планина за Национален парк и за Осоговски Планини за заштитено подрачје

Post Views: 0 Владата на Република Северна Македонија на 49-та седница, ги разгледа и усвои Информациите за потребата, како и одлуките за прифатливост за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II – Национален парк и за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, тргнувајќи од јасна политичка волја и определба да се стават под заштита природните убавини и реткости. За реализација на оваа одлука Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе јавна...

Continue reading

zname

Струшкиот огранок на СДСМ ги започна подготовките за претстојните избори

Post Views: 2 Опозиционата СДСМ од Струга потајно се подготвува за претстојните локлни избори. Во јавноста веќе се шпекулира кои имиња ќе се најдат на листата за потенцијални кандидати за прв човек на градот. Моментално во јавноста се спомнуваат имињата на четири партиски членови на СДСМ. Очекувано е името на првиот човек на струшкиот огранок на партијата Александар Попоски, покрај него се шпекулира дека можен кандидат ќе бидат двајцата советници  од оваа партија, Илија Мацески и слободан Маркоски,  како и Даме Ложанскоски, секретар на струшкиот огранок. На идеата на ВМРО ДПМНЕ со...

Continue reading

Планинската спасителна служба од Охрид започна со тренинзите за совладување на возачките вештини

Post Views: 5 Планинската спасителна служба од Охрид започна со тренинзите за совладување на возачките вештини. „Се надеваме дека снежните услови ќе потраат. Редовните тренинзи и вежби се единствен начин кој гарантира ефикасност на спасителните операции. Од друга страна, редовните тренинзи, за волонтерите претставуваат силен мотивирачки фактор и гаранција дека системот во кој безрезервно се вложуваат, постојано се грижи за нивната безбедност и подготвеност“, велат од ПСС. Планинската спасителна служба, неодамна доби нови возила и специјализирана опрема за спасување во зимски услови,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top