Започна судското рочиште против Apple

Тужба со вредност од една милијарда долари поради монопол

 |  инфодеск  | 

Во сојузниот суд во калифорнискиот Оукленд започна рочиштето кое Apple би можело да го чини и до една милијарда долари ако ја изгуби. Најголемата светска компанија по пазарна капитализација ја тужат група на приватни лица и компании поради монополско однесување на сервисот за симнување на музика iTunes. Имено, оваа група, како што пишува Reuters, помеѓу 2006 и 2009 година купиле iPod, а кога посакале да ги симнат омилените песни од iTunes добиле порака дека музиката е можно да се репродуцира само на iPod.

Нивните адвокати во тоа гледаат монополско однесување на Apple бидејќи спречувале репродукција на музиката на други уреди. Треба да се потсетиме дека на iPod не можеше да се слуша музика од RealPlayer, а Apple во 2006 година тврдеше дека RealPlayer држи само 3% на музиката од интернет, што го чинело минорен фактор кој би можел да влијае на одлуките на купувачите на iPod.

Тужителите во оваа тужба поставиле барање за отштета од 350 милиони долари, но тој износ може да се утростручи поради одредбите на американските закони за заштита на пазарното натпреварување. Технолошкиот џин изјавил дека подобрувањата на софтверот не содржеле ништо што би го нарушило пазарното натпреварување, но сепак ова ќе мора подетално да го образложи во судницата. Се очекува во доказната постапка на најновата тужба да влезат и електронските пораки од Steve Jobs, а би требало да сведочи и шефот на развој на софтвери во Apple, Eddy Cue.

Но, парницата која ја очекува компанијата нема да претставува проблем бидејќи и оваа тужба е само уште една во низата со која се соочува Apple поради монополско однесување во последните неколку години. Последниот случај датира од минатата година кога Сојузниот суд на Њујорк пресудил дека Apple бил во договор со издавачите за да ја зголеми цената на електронските книги. Компанијата вложила жалба на пресудата, а епилогот сеуште се чека. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top