Ознака: започна

Чествување на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 5 Со полагање свежо цвеќе пред спомен обележјето на Христо Узунов во дворот на училиштето денес започнаа активностите за одбележување на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“. Оваа година се одбележуваат 112 години од смртта на Узунов а училиштето одбележува и 40 годишен јубилеј. Покрај делегација на училиштето, предводена од директорот на училиштето, Тони Симоновски, свежо цвеќе на бистата на Узунов положија заменик градоначалникот на Општина Охрид, Ангел Јанев, советниците при Советот на Општина Охрид, Јованка Точко и Дејан Пановски, здружението „Mетодија Патче“– Охрид,...

Continue reading

Започна новиот циклус од програмата ЦКА-ПХВ

Post Views: 1 Започна новиот циклус од програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности) која веќе 12 години се реализира во Црвен крст Охрид како дел од националната програма на Црвен крст на Р.Македонија. Целта на оваа програма е да се мобилизираат младите на возраст од 14-18 години да стекнат соодветни знаења и вештини кои понатаке ќе ги применат во изработка на проекти преку кои се гради взаемно разбирање, толеранција и култура на дијалог како основен предуслов за создавање на интеркултурно општество и воедно се помага на ранливите категории на граќани во...

Continue reading

Започна изградбата на современиот автобуски терминал

Post Views: 0   Денес беше означен почетокот на градежните активности за изградба на новата автобуска станица во Охрид. Со тоа ќе се реши долгогодишниот проблем на жителите на градот и бројните туристи, кои автобускиот превоз досега го чекаа на обична асфалтирана површина во несоодветни услови, истакна градоначалникот Никола Бакрачески. Тој додаде дека компаниите кои придонесуваат за развој на локалната економија во градот и создаваат услови за креирање на нови работни места се добредојдени, бидејќи ја исполнуваат стратешката определба на општина Охрид. „Од овде ја започнуваме ерата...

Continue reading

logo

Петнаесет години МИА

Post Views: 0 На 30 септември 1998 година, Македонската информативна агенција (МИА), започна со редовна продукција. „Едно лице почина, 17 се повредени во земјотресот во Србија“ е насловот на првата вест што МИА ја емитуваше. МИА е јавен информативен сервис, основан од Собранието на Република Македонија во февруари 1992 година. Ангажира педесеттина новинари за вести и новинари-репортери во редакцијата и триесетина новинари-дописници од Македонија и од странство.Агенцијата дневно продуцира од 300 до 350 вести на македонски, англиски и албански јазик, но освен вестите продуцира и специјални...

Continue reading

Започна вакцинирањето против сезонски грип

Post Views: 1 Започна вакцинирањето против сезонски грип. Редица од граѓани чекаа пред амбулантата на епидемиологија да се вакцинираат. Најголемиот дел од нив беа повозрасни лица кои кажуваа дека редовно се вакцинираат секоја сезона. Имаше и такви кои за прв пат годинава ќе примат вакцина против сезонски грип. Од Центарот за јавно здравје велат дека вакцините кои се примаат штитат од 3 типа на вируси на грип. Според СЗО овие видови ќе  бидат најзастапени во оваа и наредната година. Вакцините се набавени од холански производител. Најчесто, се вакцинираат повозрасните лица, но и помладите...

Continue reading

apsenje

Голема акција на МВР – цел, наркобизнисот во Македонија

Post Views: 2 Акцијата се извршува во повеќе градови низ Македонија и е во координација со германската полиција. Полицијата утрово започна голема акција во повеќе градови низ Македонија, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи. Полицијата апси лица осомничени за шверц на дрога и за перење пари. Акцијата била долго време договарана и се извршува во координација со германската полиција. {loadposition content9}

Continue reading

Pаsko Kuzman

Започна судењето на Паско Кузман

Post Views: 6 Денеска во скопскиот Кривичен суд започна судскиот процес против сега поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Тој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување бидејќи нелегално издал согласност на две лица да вршат ископувања во околината на Катланово и кај Делчево. Според обвинителниот акт, Кузман спротивно на своите надлежности ги издал согласностите за ископувања, а едното го добило лице кое било обвинето за нелегално ископување во рамките на акцијата “Фаланга”. Првиот локалитет бил кај местото Драмски Рид...

Continue reading

Започна реконструкцијата на водоводната мрежа во Струга

Post Views: 2 Вчера стартуваше реконструкцијата на доводен цевковод за водоснабдување на градот Струга. Со оваа инвестиција започнува првата фаза за реконструкција на главната водоводна мрежа на град Струга и воедно претставува најава за следната фаза која што ќе опфаќа реконструкција на секундарната водоводна мрежа за град Струга, информираат од општината. Новиот мандат го започнуваме со одличен проект во најчувствителното подрачје на општина Струга, поделба на водоводот со современи цевки во селата и влезот на Струга, проект кој ќе претходи на постепена замена на азбестните цевки,...

Continue reading

ЈП „ Нискоградба“ започна со чистење на атмосферскиот и фекалниот градски систем

Post Views: 0 Екипи на ЈП „Нискоградба“ на целата територија на општина Охрид започнаа со чистење на атмосферската и канализационата мрежа. Започнаа од централното градско подрачје за кое велат дека има мошне критични точки, а ќе продолжат и кон периферните делови од градот. „За да функционира подобро целиот систем и цевководот за одведување на отпадните води годинава ќе се прави поопсежно чистење. Бидејќи во изминатиот период се направи скенирање и се утврдија  некој точки  кои се покритични со цел да нема проблеми во иднина се прави ова чистење. На дел од критичните точки ќе се...

Continue reading

Започна проектот за стерилизација на бездомните кучиња

Post Views: 9   Започна проектот за стерилизација на бездомните кучиња. Овој проект го спроведува општина Охрид, во соработка со здружението за заштита на животни „Анималиа“ и ветеринарната амбуланта „Маја Тамара вет“. Целта секако е намалување на бројката на бездомни кучиња во општината. Проектот се реализира со буџетски средства на општината во висина од 80 000 ден. и опфаќа стерилизација на бездомните кучиња, нивно привремено сместување во простор за таа намена со секојдневна грижа од волонтерите на „Анималиа“, активности за нивно вдомување, а доколку не бидат вдомени враќање на...

Continue reading

Започна проектот за изградба на детски игралишта во градов

Post Views: 5 Започна проектот за изградба на детски игралишта на територијата на општина Охрид. Во тек е изградбата на детско игралиште во ОУ „Св. Климент Охридски“. Просторот за таа намена е со површина од 140 метри квадратни и веќе е бетониран, а монтирани се дел и од детските реквизити. Во наредна фаза од изградбата ќе се поставува гумената подлога.Вредноста на проектот е 517.819 денари и се реализира со средства од буџетот на општина Охрид. Идејата за изградба на вакви повеќенаменски игралишта е на градоначалникот Никола Бакрачески и неговите средби со жителите на Урбаните заедници...

Continue reading

Започна изградбата на пешачката и велосипедска патека кај каналот Студенчишта

Post Views: 7 Започна изградбата на современа пешачка и велосипедска патека, на потегот од бараките на АД „Трудбеник“ до „Билјанини извори“. Според планот патеката треба да биде направена од природни материјали како што се камени плочи и дрво, а ќе има и атрактивни содржини како што се мали мостови од дрвена конструкција кои ќе се протегаат од пешачката патека до малиот канал и ќе се поврзуваат со спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“. Ќе се исчисти и малиот канал , ќе се постават платформи кои ќе се дрвени и ќе служат за пристапување на пловните објекти и неколку видиковци....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top