Започна судењето на Паско Кузман

Денеска во скопскиот Кривичен суд започна судскиот процес против сега поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Тој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување бидејќи нелегално издал согласност на две лица да вршат ископувања во околината на Катланово и кај Делчево.

Pаsko Kuzman
Паско Кузман

Денеска во скопскиот Кривичен суд започна судскиот процес против сега поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Тој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување бидејќи нелегално издал согласност на две лица да вршат ископувања во околината на Катланово и кај Делчево.

Според обвинителниот акт, Кузман спротивно на своите надлежности ги издал согласностите за ископувања, а едното го добило лице кое било обвинето за нелегално ископување во рамките на акцијата “Фаланга”. Првиот локалитет бил кај местото Драмски Рид во околината на Делчево каде се претпоставува дека во еден напуштен и затрупан тунел било оставено големо количество оружје од германската војска во Втората светска војна, а во јавноста се шпекулираше дека всушност тоа е потрага по оставаени камиони со злато, а вториот локалитет бил кај Катланово каде се трагало по закопано злато вредно неколку милиони евра.Во издадените согласности не биле наведени точните локации каде требало да се изведуваат ископувањата,  не постои ниту еден записник од извршена контрола, ниту пак задолжителна фотодокументација од вршени ископувања, па не е познато дали нешто е пронајдено на двата локалитети и што се случило со предметите. Јавното обвинителство го приклучи актот против Кузман во веќе постоечкиот случај „Фаланга 2“ каде им се суди на петнаесетина обвинети, а неговата вмешаност пак во овој случај е препродажба на артефакти и археолошки предмети од културното наследство. Инаку Кузман беше уапсен во јули заедно со уште три лица, исто така вработени во Управата  за заштита на културното наследство.

{loadposition contact9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top