Ознака: жителите

povit

Бандера обвиена со повит ги загрижува жителите од Кузман Капидан

Post Views: 7 На улицата Кузман Капидан бандера за електрична енергија обвиена со повит и бадемови гранки.  Тоа им предизвикува сериозна загриженост на жителите кои стравуваат дека во престојните зимски денови  може да дојде до спој и да придизвика пожар. Трајан  Ѓоршески жител на оваа улица кажува дека пред три месеци пријавил до ЕВН и сите институции за ваквата состојба, но до денес нема никакво решение.„ Морав да одам да пријавам отидов во електрична, пријавив напишав молба. Нигде. По неколку месеци отидов пак ништо. Во комунално уредување ми рекоа на одмор се, корпата не работи,...

Continue reading

sirma vojvoda

„Сирма Војвода“ се дави во кал

Post Views: 4 Со гумени чизми, најлонски кеси на нозете, испокршени коли, зимно време кал и вирови, летно време прашина, вака години наназад  живеат жителите на дел од улицата Сирма Војвада. Тие велат  дека по ваква улица цела со дупки минуваат секојдневно одејќи на работа, училиште и до болница. Бараат општината да се нафати и да ја асфалтира улицата и потесните улички кои водат до нивните домови. Цветан Андоновски крајно е револтиран од според него неодговорниот однос на надлежните институции за асфалтирање на патиштата. Тој е повратник од Германија и нагласи дека за 40 години колку...

Continue reading

Recica

Жителите на Речица бараат санирање на ископувањата на патот кој води до селото

Post Views: 1 Трикилометарскиот пат кој води до селото Речица ископан на неколку места и оставен несаниран. Жителите на ова охридско село информираат дека прекопите на патот биле направени од страна на службите на А.Д ЕМО од Охрид при поправка на службениот водовод на охридската фабрика кој во најголемиот дел минува точно под патот кој води до селото. Речани бараат што поскоро санирање на асфалтниот пат, за кој велат дека жестоко се бореле да го добијат пред повеќе од 15 години. „Да го санираат патот, да го донесат во првобитна состојба со крпење на дупките со асфалт, нормално тоа...

Continue reading

petrino

Петрино се доасфалтира

Post Views: 81 Долгогодишната желба на жителите Петрино да добијат улица по сите стандарди, конечно се оствари. Тие навистина се соочуваа со голем проблем бидејќи нивната улица беше речиси неупотреблива за моторните возила, а пешаците со тешкотии се движеа по неа. Денес конечно Петрино беше доасфалтирана. Градоначалникот Никола Бакрачески признава дека рокот за асфалтирање на оваа улица е пробиен поради веќе познатите проблеми кои ги затекнале при раконструкцијата на оваа улица. Но потенцира дека цврсто ќе се држи до принципот, се што ќе се гради, доградува, реконструира и обновува,...

Continue reading

kaptazi

Германската амбасадорка и градоначалникот Бакрачески ја посетија каптажата во Куратица

Post Views: 0 После цели 30 години, каптажаниот систем преку кој жителите на Куратица се снабдуваа со вода доби реконструкција, а беа изградени и нови каптажи. Дополнително, како дел од самиот проект беше реконструиран и пробиен патот кој води до самите каптажи. Средствата за овој проект се обезбедени преку германската амбасада во Република Македонија во најголем дел, додека еден помал дел се обезбедени и од страна на локалната самоуправа од Охрид. Со вкупна вредност од 590.000 денари, проектот спаѓа во групата на мали проекти, но според неговото значење за жителите на Куратица, веројатно...

Continue reading

bb

Бетонска база еколошки проблем за жителите од ул. Кленоец

Post Views: 8 Жителите од месната зедница 15-ти Корпус, од улиците Кленоец, Српница и Веле Марко реагираат на сериозен еколошки проблем кој го загрозува нивното здравје.  Огромни облаци прашина секојдневно се дигаат пред нивните домови. Прашината се таложи на крововите, автомобилите, растенијата. Се жалат дека не можат да отворат прозор нити да исушат алишта.  Но, најмногу од се стравуваат за здравјето, раскажува Блаже Настоски еден од жителите кој се соочува со овој проблем. „Имаме еколошки проблем. Имаме база која е голем загадувач и бараме нејзина дислокација или некое решение....

Continue reading

Слатинско езеро

Неизвесна судбината на Слатинско Езеро

Post Views: 2 Слатинското езеро сeуште е во незавидна ситуација. По катастрофалното оштетување на браната и  истекување на водите од Слатинско Езеро во месец март, и по шест месеци,  неговата судбина е неизвесна.  Додека жителите од средна Дебрца и концесионерите на реките и вештачките езера  очекуваат негова поправка и полнење со вода, од ресорното министерство молк. Во месец јуни  општина Дебрца до Министерството за земјоделство, шумарство и  водостопансто доставила барање за негова санација, вели градоначалникот  Игор Трајкоски. „Сеуште немаме одговор кога ќе се санира. Заменикот...

Continue reading

poplava

Локалната ќе ја реконструира поплавената „Илија Смически“ во Лескоец

Post Views: 5 Локалната самоуправа ќе го решава горливиот проблем на жителите на улицата „Илија Смически“ во Лескоец. Оваа улица веќе дваесет години целосно се поплавува при пообилни врнежи. За жал токму такви беа временските прилики изминативе неколку денови. Дел од жителите на оваа улица се обратија до нашата телевизија како би алармирале за проблемот. Ситуацијата беше токму онака како што ја опишаа а ја регистрира нашата камера. Одговор за проблемот кој го имаат жителите на „Илија Смически“, побаравме во локалната самоуправа. Од таму ни рекоа дека веќе неколку дена работат на решавање...

Continue reading

cevka

Дотраена водоводна инсталација, голем проблем

Post Views: 2 Пукната цевка прави речно корито на дел од тротоар на ул Ванчо Питошески. Проблемот е стар речиси една деценија, се пожалаа жителите од оваа улица. Велат години наназад екипите на МЈП Проаква, се обидувале да го решат овој проблем но не успеале. Тие бараат градските власти да пристапат кон сериозно решение на проблемот и ги повикаа сите кои се надлежни за тоа. „Треба под итно да се смени целата водоводна цевка дури и канализацијата која е проблем. Значи ова треба да се реши, да не се чека, мора под итно на Совет во општина да се разгледа, се ќе направиме за да се реши...

Continue reading

ruralna sredina

Социјални работници во обиколка на руралните средини во Охрид и Дебрца

Post Views: 1 Грижата на државата ќе ја почувствува и населението од руралните средини во Охрид.Започна проектот „Отворени денови за социјална заштита“. Секоја среда во периодот од септември до ноември годинава стручни тимови од Центарот за социјална работа од Охрид, ќе одат во посета на населените рурални средини на подрачјето на општина Охрид и Дебрца, со цел да ги детектираат, превенираат и да го спречат настанувањето на социјални ризици, како и на граѓаните да им помогнат полесно да ги остварат своите права од областа на социјалната заштита. Првиот човек на Центарот за социјална...

Continue reading

dalekuvod

Жителите на улицата Вардар живеат во мрак

Post Views: 1 Жителите на улицата Вардар во населбата Кошишта кај црквата св Архангел Михаил, живеат во мрак. Освен слабото светло од светилката поставена на една бандера во оваа улица години наназад нема никакво осветлување. Мештаните велат дека навечер не се гледа прст пред око па се плашат да одат на продавница или  да излезат за да си завршат некоја друга обврска. Посебно е проблем во периодот кога децата одат на училиште па не можат да си се вратат дома бидејќи е тотален мрак па нивните родители се приморани да ги пречекуваат. Темнината им одговара само на крадците кои ја искористиле...

Continue reading

ohrid noke

Нова сезона, стари маки за жителите од стариот дел на Охрид

Post Views: 8 Жителите на Стар Град и годинава се жалат дека немаат мирен сон. Од Советот на Урбаната заедница Стар град упатено е писмо до градоначалникот и советот на град Охрид, во кое реагираат дека сопствениците на угостителски објекти не ги почитуваат одлуките и законите.  Граѓаните реагираат на бучавата која доаѓала од таканаречената “Ајван плажа” за која пишуваат дека не знаат дали е плажа , кафе барови или ноќни клубови ,но и од бродовите кои возат гости во вечерни прошетки. Граѓаните укажуваат и на поставувањето на жардињери, маси и прегради кому каде ќе му текне,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top