Бандера обвиена со повит ги загрижува жителите од Кузман Капидан

Бандера обвиена со повит ги загрижува жителите од Кузман Капидан.

 |  Валентина Неловска  | 
povit
povit

На улицата Кузман Капидан бандера за електрична енергија обвиена со повит и бадемови гранки.  Тоа им предизвикува сериозна загриженост на жителите кои стравуваат дека во престојните зимски денови  може да дојде до спој и да придизвика пожар. Трајан  Ѓоршески жител на оваа улица кажува дека пред три месеци пријавил до ЕВН и сите институции за ваквата состојба, но до денес нема никакво решение.
бадемови гранки
„ Морав да одам да пријавам отидов во електрична, пријавив напишав молба. Нигде. По неколку месеци отидов пак ништо. Во комунално уредување ми рекоа на одмор се, корпата не работи, кај инспекторатот и тие ништо не направија. Пред еден месец бев кај нив и таму ништо не сторија.“
 
Ѓоршески се жали на спората интервенција на  институциите. Неговата намера била навреме да укаже на  проблемот за да се исечат гранките и повитот за да не дојде до катастрофални последици.

„ Никој не ме сослуша, никој да дојде како жив да нема таму. Кога ќе пријавиш треба да дојдат да кажат можиме не можиме да сториме, нешто да кажат“.  

ТВМ стапи во контакт со портпаролот  на Евн Атанас Ковачески и побара одговор зошто нивните служби не постапиле по барањето на Ѓоршески. Ковачески негира  дека нивните служби не се агилни и дека манипулираат со  граѓаните и побара писмен документ, а не усно пијавување на проблемот.
повит
„ Нашите служби никогаш нема да го изманипулираат корисникот. Тие се да им излезе во пресрет  на барањата. Отвореноста на ЕВН е на највисоко ниво. Гледаме да излеземе во пресрет на сите барања, но мора да бидат верифицирани за да може приемот да биде процесуиран до службите. Гарантирам дека секој корисник кој има пријавено со барање и ги има сите податоци веднаш е постапено и му е даден соодветен одговор.“  

Ковачески апелира до граѓаните кои имаат некаков проблем да пријавуваат на телефонскиот број 0 850 12345 и да остават податоци за понатака  да бидат процесуирани. И во корисничкиот енергетски центар важи правилото  да пополнат барање и да го остават во архива за да влезе во евиденција на ЕВН. Усно кажаниот проблем на шалтер без верификација нема да биде реализиран бидејќи нема да  влезе во програма, советува Ковачески.  Тој вети дека на ул.Кузман Капидан ќе биде упатена екипа од ЕВН и ќе интервенираат за отстранување на проблемот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top