Ознака: живот

Научници: Реинкарнација е возможна

Post Views: 6 Robert Lanza, професор на Медицинскиот факултет во Северна Каролина тврди дека спрема теоријата на биоцентризмот смртта е само илузија која ја создава нашата свест. Теоријата се базира на сфаќањето дека смртта не е конечна како што мислиме, а главна премиса и е дека животот е почетна точка која ја создава вселената, а не дека вселената го создава животот. Спрема тоа, нашата свест го одредува обликот и големината на се што е во вселената, а времето и просторот не се движат со оваа брзина туку онака како што сами сме си ги одредиле во главата. Кога личноста ќе прифати...

Continue reading

Средношколците и основците од градов симулираа давање прва помош

Post Views: 6 Денес се одржа 42от општински натпревар по прва помош.  Натпреварот се одвиваше на 7 пункта поставени на различни локации низ градот. Од година во година интересот за учество на овој натпревар е се поголем. Минатата година учествувале 230 ученици а годинава 280. Овој настан беше интересен и за случајните минувачи и намерници бидејќи симулациите беа реалистични. Сашо Точков- претседателот на Црвен крст- Охрид рече дека за симулациите биле подготвени специјални сценарија, а се употребувала и артистичка шминка за настанот да биде што пореален Координаторот на секторот за...

Continue reading

vasil r

Васил Ристески ветува општински совет за урбан развој

Post Views: 5 Независниот кандидат Васил  Ристески подржан од  СДУ изминатиов викенд ги  посетил сограѓаните од крајезерските села. Ристески на средбите со жителите од Љубаништа, Трпејца, Пештани, Коњско, Елшани и Рача ги слушнал нивните креативни идеи. Тие се во прилог на мојата програма за подобар Охрид и поубав живот, рече Ристески. Тој вети дека според неговата изборна програма по добивање на градоначалничкиот мандат веднаш ќе конституирал посебен развоен совет.„Како градоначлник веднаш ќе конситуирам совет за урбан  развој. Од секоја месна заедница ќе има делигирани преставници...

Continue reading

srce

Срцевите заболувања се почести и кај младата генерација

Post Views: 5 Некогаш познати како старечки болести, кардиоваскуларните заболувања за жал се почесто ги напаѓаат и младите. Како и кај секое друго заболување, и кардиоваскуларните болести може да се превенираат или да се оддолжат нивните штетни последици. Според експертите од ова поле, денес населението живее во постојан страв од кардиоваскуларните болести затоа што за нив се почесто се слуша и по медиумите, но и технологијата која сега се користи е толку напредна што може да ги забележи и најмалите промени.  Како фактор број еден за се позачестеното појавување на кардиоваскуларните...

Continue reading

благодарница за Илинден

Благодарници за докторките кои спасуваа животи во бродската несреќа

Post Views: 0 Еден ден пред поменот за жртвите, градоначалникот на Охрид Александар Петрески денеска се сретна со двете докторки од Србија кои нештедејќи се први пристапија пружајќи им помош на повредените во бродската несреќа на 5 септември 2009 год.  Првиот човек на Охрид им врачи благодарници на д-р. Гордана Димитриќ и д-р. Жаклина Спасиќ, од Србија кои учествуваа во спасување и жртвите од бродот „Илинден“. Д-р Димитриќ и д-р Спасиќ, се присетија на кобниот 5 ти септември кога сосема случајно во Охрид дошле на одмор. Раскажуваат дека кога се случил немилиот настанан тие  биле на...

Continue reading

svetilki

Опасни по живот оштетени електрични столбови

Post Views: 5 Опасни по живот оштетените електрични столбови на  магистралниот патен правец од Охрид што води кон Република Албанија. Најголем број од оштетени столбови се на коловозната лента која води кон Охрид, пред населбата Рача. Впечатокот е дека за електричните столбови  поставени во октомври 2008 година, за време на одржувањето на Нато самитото чиј домаќин беше Охрид, не се грижи никој. Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ задолжени за одржувањето на овој патен правец информираат дека досега не добиле нити еден налог од Агенцијата за државни патишта за замена на оштетните...

Continue reading

maturanti 1952

Охридската чаршија-културна институција на генерациите

Post Views: 4 „Само оној кој работи на долгата патека, полека и трпеливо може да постигне успех.“ Нема поголем доказ за оваа убава мисла од генерацијата гимназијалци од 52та. 60 години матура за дел од охриѓани кои дадоа исклучителен придонес за Охрид на сите полиња на општественото живеење. За нив ни говори човекот кој и самиот е дел од неа, човекот кој врз себе го понел товарот да биде хроничар на културолошкото издигнување на Охрид, Томислав Стефоски. „Мојата генерација беше природно надарена, генерација која зрачеше во секој поглед. Беа луѓе кои носеа со себе една добрина, една...

Continue reading

kosnicka

Трошоци за живот или трошоци за преживување?

Post Views: 1 Цените растат, буџетот на обичниот граѓанин закован за дното. За жал се поплитки стануваат џебовите на македонецот, па се повеќе основните потреби стануваат луксуз. Ако некогаш се знаеше кои се основни, а кои луксузни потреби, сега и таа граница како полека да се брише. Од месец во месец трошоците на живот се зголемуваат, а платите не мрдаат од место. Овој период не зафатија и матури, а токму цените на облеката и обувките најмногу скокнале во споредба со претходниот месец и тоа за 2,3 проценти. Ех да беше само тоа, ама не е. И храната и пијалоците скокнале за 1,6 насто,...

Continue reading

mitrevi

Кој да ја слушне маката на Митреви?

Post Views: 6 Импровизирана колиба во месноста Велгошти на патот кој води кон селото Рамне е новиот дом на семејството Митреви. ТВМ две години во континуитет ја следи нивната животна приказна, каде се јавија многу јунаци за помош, но од тоа останаа само празните ветувања. Она што сеуште го држи ова семејство, кое живее во голема беда и сиромаштија, без елементарни услови за живот, е надежта. Аце Митрев вели дека подготвен е да оди дури до претседателот на РМ Горѓе Иванов и да му каже за неговата мака, бидејќи надлежните од Охрид досега не мрднале со малиот прст.„Градоначалникот ми...

Continue reading

Ефимија Шахова

Охридското семејство Шахови

Post Views: 3 Кон крајот на осумнаесеттиот и почетокот на деветнаесеттиот век, Охрид е богат, развиен град. Во него твори интеленгенцијата, творат првенците кои го водат градот, но ова е и периодот кој го обележале миграциите на нашиот народ, претежно во Бугарија. Илинка Јанева раководител на Историскиот архив раскажува дека едно од семејствата, кои во овој период емигрирале, а со кое Охрид може да се гордее, е семејството Шахови. Охриѓанецот Коста Шахов, активно се занимавал со издавачка дејност и се борел за подобар живот на македонците во Бугарија.Коста Шахов е едниствениот Mакедонец...

Continue reading

penzionerki

Пензионерките денес славеа

Post Views: 1 Со оро, песна, каранфил за сите жени, како и збор два за значението на празникот на жената, во Хотел „Силекс“, Охрид се одржа традиционалната прослава по повот празникот. Одбележувањето на денот на жената е во организација на Активот на пензионерки при Здружението на пензионери на општините Охрид и Дебрца со Активите на пензионерки од Југозпадниот регион. Претседателката на пензионерките Ружа Балеска вели дека овој ден има посебно значење за нив и дека за достојно одбележување во многу принесува Здружението на пензионерите од Охрид. Празникот на сите жени им го честита...

Continue reading

deca

Македонските деца се поблиску до прекумерна дебелина

Post Views: 4 Лошата исхрана и слабата физичка активност како епидемија ги зафаќа и македонските деца. Иако до неодамна Македонија важеше за земја на здрави деца кои здраво се хранат, во последниве години за жал и ние ги следиме западните трендови. Децата се повеќе висат пред компјутер или телевизор, а ги забораваат друштвените игри во природа. Еден од клучните фактори за одржување на детското здравје е се разбира и правилната исхрана. Јадењето на брза храна станува навика не само на малите деца туку за жал и на нивните родители. „Би рекол тука дека голема одговорност имаме сите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top