Ознака: живот

Mitrevi

Сиромаштија до гола кожа

Post Views: 3 Нема крај за бедата и тешкиот живот на семејството Митреви од Охрид. Нивните подадени раце кон институциите им останаа празни. Тешката сиромаштија, 5 членото семејство го донесе на работ на егзистенција. Тие живеат крпен живот и едвај врзуваат крај со крај. Но во нив сеуште тлее трошка надеж, дека сепак општината ќе им излезе во пресрет. Александар Митрев вели оти и тој е дел од општествениот живот на градот и дека можеби за себе не успеал, но, сака нешто да направи за неговите деца. Затоа, преку нашиот медиум праќа порака до градоначалникот, да му дадат шанса за да...

Continue reading

Ilija Piperkoski

„Јас и мојот живот без некои работи“, пред охриѓани

Post Views: 0 Документарниот филм „Јас и мојот живот без некои работи“, на охридскиот режисер и сценарист Илија Пиперкоски и во Охрид. Охриѓани за десеттина дена конечно ќе ја видат приказната за која толку многу се зборуваше изминатив период – за 22 годишното момче кое го бара својот биолошки татко низ 23 милионската земја Романија. Пиперкоски за ТВ М открива детали и за својот прв игран филм кој е снимен и чека за монтажа. Тој додава  дека многумина ќе се пронајдат во филмот и дека се радува што успешно ги обработува чувствата и на двете страни, и на момчињата и на девојчињата. „Сакам...

Continue reading

petre bista

Голготата на еден револуционер

Post Views: 5 Луѓето најчесто не се случајни минувачи низ животот. Некој белег оставаат сега, а некој тоа го направиле во минатото. Еден од нив е охридскиот адвокат, македонскиот револицинер со напредни идеи Петре Пирузе Мајски. Во семејството на Сотир и Хрисанта Пирузе, во 1907 година, е роден македонскиот револуционер Петре Пирузе Мајски. Во родниот град ги поминува детските и младешките години, завршувајќи основно училиште и гимназија. Во 1926 година умира татко му и во семејството настапуваат тешки денови на економски план. Неговиот стрико само со една плата го издржувал...

Continue reading

protest

Египќаните протестираа…

Post Views: 1 „И ние сме дел од Р Македонија“, „Вклучете не во јавниот живот“, „Попис ДА, дискриминација НЕ“, се дел од пораките преку кои египќаните го искажаа својот револт против политичкиот и правниот систем во државава. Денеска за прв пат во независна Македонија египќаните јавно го кренаа својот глас против, како што велат дискриминација која се врши врз нив во државава. Учесниците во протесниот марш најпрво во канцелариите на Охридските народните пратеници доставија барање за да превземат марки за заштита на заедниците. „Сметаме дека трба да има промена во политичкиот и правниот...

Continue reading

Ohridsko leto

Охридско лето премина во Национална установа

Post Views: 3 Фестивалот Охридски лето премина во национална  установа. Со најновите измени на стутот на оваа институција охриѓани, конечно  ќе добијат побогат културен живот. Фестивалските манифестации ќе се одржуваат  во текот на 365, а не  како досега само во 40 дена фестивалско живеење. Се предвидуваат низа можности, покрај организирање на фестивалот, се предвидени копродукции на филмски и театарски престави, печатење и издавање книги и весници, репродукции, угостителси услуги, арт кафе, продажба на сувенири, организирање на меѓународни саеми, конгреси и семинари посебно на фестивалските...

Continue reading

abr metod

ABR може да го промени животот

Post Views: 2 Подобар живот за сите пациенти без разлика на возраста и состојбата. Криста Биненс од Белгија е мајка на 12-годишно дете, Питер, која во потрага по помош за сопственото дете се сретнала со Леонид Блум, креаторот на АБР техниката. Денес таа е во Охрид и е дел од тимот кој ќе ги запознае родителите од Македонија со оваа револуционерна рехабилитациона техника.За прв пат на полето на рехабилитацијата и во македонија АБР терапија, со која сите деца добиваат трајни подобрувања, терапија која нуди напредок без граници. АБР или Advanced Biomechanical Rehabilitation има уникатен...

Continue reading

skrebatno

Во Скребатно добро се живее

Post Views: 5 На десеттина километри од Охрид, по стрмна планинска патека се наоѓа селото Скребатно. Денеска во него постојано живеат 4-5 семејства. Од куќите останати се петнаесеттина а има и неколку викендички. Мештаните веќе почнаа со засадување на земјоделските култури. Тие велат дека Господ има ставено рака на овој дел. Многумина од нив се сеќаваат како било некогаш.Скребатно овој период оживува. Секој што има градина ја обработува бидејќи има добри услови за тоа, вели Ѓорги Гогачески. Тој додава дека Скребатно е најпосетено за време на викендите најмногу поради црквата Св. „Богородица“.Селото...

Continue reading

logo

„Крпен живот“ во „Заливот на коските“

Post Views: 1 „Заливот на коските“ кај кампот „Градиште“ – метафорично ја надополнува приказната за Мариово и  тамошниот живот, велат оние кои го  направија ова дело. Фестивалот „ Охридско лето“ се претставува на нова сцена. Наколната населба кај „Заливот на коските“ е местото каде ќе се одигра претставата „ Крпен живот“ во режија на Владо Цветановски, а во продукција на младата екипа на прилепскиот театар. „Претставата е работена како лабораториски проект, проект на истражување во дамарите на македонската историја, освојувајки нови простори“, вели Ѓорѓи Јолевски, селектор на фестивалот. „Со...

Continue reading

logo

Mладите во Охрид и нивниот општествен живот

Post Views: 2 ВМРО НП, прес конференцијата ја посвети на младите во Охрид и нивната реализација во општествениот живот. Според нив потребно е повеќе да се обрнува внимание на проблемите со кои се соочуваат младите. Во својата програма ВМРО НП, посебен акцент им дава на младите и на нивното фклучување во општествениот живот. Според Јоне Станковски носител на листата на советници, потребно е подобрување на квалитетот на живот кај младите, зголемување на нивниот стандард и намалување на девијантното однесување. Младите треба да се моторот во едно општество и затоа е потребно нивната...

Continue reading

Mile Stojkoski

Лицата со посебни потреби треба да се соочат со животот

Post Views: 3 Според Миле Стојаноски еден од главните проблеми со кои лицата со посeбни потреби се соочуваат се нивните психолошки бариери и молчењето за проблемите со кои се соочуваат. Со цел да се искористи периодот пред изборите маратонецот Миле Стојаноски деновиве активно ја води кампањата на запознавање на актуелните и идните градоначалници со проблемите на лицата со посебни потреби. Според Стојаноски, еден од главните проблеми кај оваа група на граѓани е нивното повлекување од општествениот живот. Од страна на градоначалникот Петрески беше истакнато, дека градоначалникот  како...

Continue reading

Evelina i Cveta Arnaudovi

Живот долг еден век

Post Views: 3 100 свеќи на роденденска торта. Најстарата наша сограѓанка  Цвета Сандре Арнаудова го одбележа 100-от роденден. Најстарата наша сограѓанка  Цвета Сандре Арнаудова, го одбележа 100-от роденден. Арнаудова е родена во 1909-тата година во Охрид. Матурирала во охридската гимназија заедно со уште 5-мина свои сограѓани,  во далечната 1929-та година. Студии запишла на Правниот факултет во Белград, и дипломирала во 1936-тата година. Во охридскиот суд работела се до почетокот на втората светска војна. Арнаудова, дел од својот професионален животен век го поминала на служба и...

Continue reading

kuka

Руинирана куќа во старата чаршија опасна по живот

Post Views: 6 Куќа на улицата Гоце Делчев, сопственост на верската исламска зедница,  секој момент може да се сруши. Објектот од ден на ден станува се поопасен, а на тоа укажуваат и околните дуќанџии.Од куќата  во фаза на распаѓање стравуваат и минувачите по старата охридска чаршија која е мошне фрекфентна. Одговор кога објектот ќе биде срушен и нема да биде закана по безбедноста на граѓаните побаравме од локалната самоупрва. Портпаролот, Никола Манески за посочениот објект во старата чаршија  изјави дека општинскиот инспекторат добил  уверување од ИВЗ дека куќата сами  ќе ја срушат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top