Научници: Реинкарнација е возможна

Живот по смртта навистина постои?

 |  инфодеск  | 

Robert Lanza, професор на Медицинскиот факултет во Северна Каролина тврди дека спрема теоријата на биоцентризмот смртта е само илузија која ја создава нашата свест.

Теоријата се базира на сфаќањето дека смртта не е конечна како што мислиме, а главна премиса и е дека животот е почетна точка која ја создава вселената, а не дека вселената го создава животот. Спрема тоа, нашата свест го одредува обликот и големината на се што е во вселената, а времето и просторот не се движат со оваа брзина туку онака како што сами сме си ги одредиле во главата.

Кога личноста ќе прифати дека просторот и времето се само конструкции во нашиот мозок, следува заклучок дека идејата за бесмртност постои во светот во кој нема граници во простор и време. Значи, физичката смрт не е конечна, барем што се однесува по мислењето на професорот Lanza и неговата теорија за биоцентризмот, пишува Beforelt’sNews.

Неговата теорија и онаа на Ian Stivenson, со примрот на детето Сем, каде се докажало дека реинкарнацијата постои. Имено, детето било родено една година по смртта на неговиот дедо, а кога имал 18 месеци татко му му менувал пелена, во тој момент детето Сем го погледнал и му рекол: “Кога бев на твои години јас ти ги менував пелените”.

Stivenson има околу 2.500 случаеви во кои постојат докази дека детето е реинкарнација на некого од минатиот живот. Доказите за тоа лежат во сеќавањата на децата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top