Ознака: живее

simona

Хуман гест на Настоски

Post Views: 0 Пред божиќните празници, советникот Настоски, во домот на Симона Јовеска. Тој, следејќи ја состојбата на малата Мона која 5 години живее во светот на темнината, одлучи финансиски да помогне, за да може нејзината мајка да и обезбеди терапија. Независниот советник Љупчо Настоски, за Новогодишните и  Божиќните празници во домот на Симона Јовеска. Малечката Мона која од своето раѓање веќе 5 години живее во светот на темнината, ширум му ги отвори вратите на Настоски и го дочека со песна за Дедо Мраз. „Домот и семејството на малата Мона го чуствувам како свој“, вели Настоски...

Continue reading

Живот без пари

Post Views: 9 Во една полураспадната трошна куќарка во с.Издеглавје, охридско, живее Мара Димоска. Таа секое утро се буди со мисла дали ќе се снајде за храна за да го помине денот. Баба Мара деновите ги минува во малечко собче со земјен под, каде има само еден кревет, искршена витрина и едно позајмено ќумбе каде понекогаш се вари компир. Животот е тежок, 8 години сама се борам а соселаните ме избегнуваат, низ солзи раскажува Димоска. „Не земам ништо веќе година дена и така се снаоѓам, живеам. Ми помага само еден човек бидејќи добро живеев со женаму, но и тој си има деца“-вели Димоска. Димоска...

Continue reading

simona

Мона продолжува со лекување

Post Views: 1 Охридската Општа болница помага во лекувањето на Симона Јовеска. Таа живее во темница и досега ја нема видено светлината на денот. „Надежта последна умира и се што треба ќе направам моето дете да прогледа и до година да ја пратам на  училиште“, вели мајката на Симона, Гордана Силјаноска.Мајката на малечката Мона живее со надеж дека еден ден и нејзината ќерка ќе слезе пред зградата во која живее да игра со своите другарчиња  и да им се радува на боите на денот. Токму таа надеж и дава сила да истрае и покрај својот инвалидитет неуморно да се грижи со голема  љубов за своето...

Continue reading

socijala_Nikolco_Krstamoski

Маките на Николчо Крстаноски и неговото семејство

Post Views: 6 Кои се приоритетите и потребите на луѓето? Доколку на некого сон му е да купи автомобил или да оди на одмор, други сонуваат да купат леб и да имаат сопствен кров над глава. 48 годишниот Николчо Крстеноски живее од денеска за утре и мака мачи да обезбеди корка леб за своите две деца. Веќе пет години откако неговата сопруга го оставила поради друг со децата и нговата мајка живее во трошна куќа во Велгошти. Не е способен да работи, а преживува благодарение на хуманите луѓе и Црвениот Крст, кои одвреме навреме му донираат основни прехрамбени намирници и гардероба. „Работа...

Continue reading

konjsko

Мештаните од Долно Коњско заробени во своите домови

Post Views: 3 Жителите на дваесет и пет куќи кои постојано живеат во Долно Коњско се заробени во своите домови, вели Нада Ламбеска, мештанка која овде постојано живее 3 децении.  Патот, кој мештаните го користеле 40 години до пред една година, бил претходно компромисно решение со хотелот на поранешниот комбинат на Свилара. Но, работите во меѓувреме се изменија вели Ламбеска. Свилара доби  сопственик кој забрани движење по некогашниот пат и сега  мака мачиме додека дојдема дома, вели Ламбеска. Патот кој во моментов го користат мештаните од Долно Коњско е тешко пристапен, додека пак,...

Continue reading

svilar

Нема благодарам за мојот хуманизам

Post Views: 4 Интересна живота сторија на Дмитар Свилар. 178 кратниот крводарител кој цели 36 години живее и работи во Охрид, нема државјанство. Трнливиот пат до потребните документи започнува од распадот на Југославија, вели Свилар. И покрај регуларниот 12 годишен брак со македонка, кој завршил со развод и од кој има син, тој досега не успеал да се стекне со право на државјанство. Сите негови обиди да поднесе документи биле неуспешни и задоцнети. Барем така му кажувале претпоставените во надлежните служби. „Па јас ги поднесував документите, па ме одбиваа. Прв пат кога ги поднесов...

Continue reading

Simona

Надеж за Мона

Post Views: 14 Се отворија портите за спас на Симона Јовеска од Охрид. Малата Мона, која има само четири години и која живее со надеж дека еден ден ќе ја види светлината на денот и рака за рака со своите врснички ќе заигра и прошета низ охридските улици, ќе тргне на пат за спас.  Мајката на Симона лично ни кажа дека благодарение на прилогот емитуван на нашата телевизија многу хумани организации се понудиле да помогнат. И не само тоа, вчера телефонски повик добила и од Министерството за труд и социјална политика од каде ветиле покривање на сите трошоци во Европската клиника во Скопје,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top