Хуман гест на Настоски

Советникот Настоски, во домот на Симона Јовеска. Тој, следејќи ја состојбата на малата Мона која 5 години живее во светот на темнината, одлучи финансиски да помогне, за да може нејзината мајка да и обезбеди терапија.

 |  Николоска Биљана  | 
simona
симона

Пред божиќните празници, советникот Настоски, во домот на Симона Јовеска. Тој, следејќи ја состојбата на малата Мона која 5 години живее во светот на темнината, одлучи финансиски да помогне, за да може нејзината мајка да и обезбеди терапија.

Независниот советник Љупчо Настоски, за Новогодишните и  Божиќните празници во домот на Симона Јовеска. Малечката Мона која од своето раѓање веќе 5 години живее во светот на темнината, ширум му ги отвори вратите на Настоски и го дочека со песна за Дедо Мраз. „Домот и семејството на малата Мона го чуствувам како свој“, вели Настоски на чии што очи можеше да се забележат солзи.

nastoski„Јас станав дел од ова семејство и ова семејство никогаш нема да го заборавам, посебно малата Симона, посебно лани кога посакав да прогледа.“ – вели Настоски.

Мајката на Симона, Гордана Силјаноска, изрази благодарност кон хуманоста на Настоски. Таа рече дека годинава за празниците единствено само советникот Настоски го посетил нивниот дом.

 „Му благодарам на хуманиот гест и на сите ги честитам празниците. Жал ми е што годинава двајцата имавме желба Симона да прогледа, ама се надевам дека годинава ќе го види се тоа“.

Независниот советник на охридскиот Совет Љупчо Настоски, својата хуманост кон малечката Мона овој пат ја изрази со финансиска помош, потребна за терапија. Покрај тоа тој донесе и три новогодишни пакетчиња за сите деца на Силјаноска. Најголема желба за 2013 кај сите, е малечката Мона набрзо да прогледа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top