Ознака: жените

eggs

Јајцата се најдобар појадок – докажано!

Post Views: 4 Јајцата позитивно влијаат на метаболизмот, ХДЛ (добриот) холестерол, и кај мажите и кај жените. Експертите наведуваат дека протеински појадок кој содржи 35 грама протеини од јајца или говедско месо ја продолжува ситоста и ја намалува веројатноста подоцна во текот на денот да грицкате нездрави оброци. Истражувањата направени во последните 40 години покажуваат дека здравите возрасни луѓе можат да јадат јајца без страв дека со тоа ќе го зголемат ризикот од болести на срцето. Анализите покажуваат дека  јајцата имаат 14% помалку холестерол (185 мг) отколку што е претходно...

Continue reading

gin

Бесплатни ПАП тестови

Post Views: 11 Матичните гинеколози од 1 април со покани ќе ги повикуваат жените да направат бесплатен ПАП-тест. Според плановите на Министерството за здравство, најнапред ќе бидат повикувани жените на возраст од 24 до 35 години кои до сега воопшто не направиле вакво тестирање, а во следните две години ќе бидат опфатени и жените од 36 до 60 години. – Преку Програмата за рано откривање на малигни заболувања, со активности за организиран скрининг, секоја жена од оваа целна група има право на еден бесплатен ПАП-тест на секои три години, што впрочем е препорака и практика во европските...

Continue reading

maz

Чистите мажи се најсекси

Post Views: 9 Секоја нормална современа жена цени кога еден маж го негува својот изглед, особено кога има хигиенски навики и сам се грижи за себе. Кога жените ќе се запознаат со некој маж, својот поглед прво го насочуваат кон забите и рацете. Свесно или несвесно – никој не може да биде сигурен, но овие се работи кои жената најпрво ќе ги забележи кај вас. Според забите и рацете може да се заклучат многу работи во врска со спротивниот пол.Ако некој маж излезе со валкани нокти, жените ќе мислат дека станува збор за несериозно и неодговорно лице кое негува неред во својот живот. Второто...

Continue reading

ubava

Стареат и се разубавуваат

Post Views: 8 Една од три жени одговориле дека станале задоволни од својот изглед како старееле. Новите истражувања докажаа дека најдобрите години за жените започнуваат после триесетите. Истражувањата докажаа дека жените со години истражуваат со својот стил се додека не го пронајдат она во што се чуствуваат најдобро, а нивната самодоверба и задоволство доаѓа до израз во 35-тата година од животот. Една од три жени одговориле дека станале задоволни од својот изглед како старееле, а три од четири одговориле дека фризурата им станувала се подобра со годините. Освен што самодовербата може...

Continue reading

dvojka

Утрински секс, о да!

Post Views: 3 Сексот наутрина ќе ве раздвижи, разбуди и ќе предизвика насмевка на вашето лице во текот на целиот ден, велат научниците. Мажите секогаш се расположени за утрински секс бидејќи нивните тестостерони се будат пред нив, а ако жените се разбудат пред партнерот, секако би требало да го разбудат и него со утринското изненадување, бидејќи тие се воодушевуваат од ваквите авантури, тврди списанието “Cosmopolitan”. Иако истражувањето покажало дека жените помалку уживаат во овој вид на утринска активност бидејќи се оптеретени со својот изглед, секоја жена треба да знае...

Continue reading

nasilstvo

Жените жртви најчесто на психичкото семејно насилство

Post Views: 2 Многу жени без разлика на општествениот статус  трпат семејно насилство.  Жените трпат физичко, психичко, економско и сексуално насилство напоменуваат од  ЖЦ Бисера. Нада Мартиноска претседател на центарот напоменува дека семејното насилство постои иако на  негово спречување работат од 1998 година. Соработувале со многу институции и се направени многу промени но сепак во Охрид нема шелтер центар за прифаќање на жртвите па жените се препраќаат во други градови, подвлекува Мартиноска.  СОС линијата во нивниот центар по 15 години функционирање е згасната веќе една година. „...

Continue reading

jeans

Голем задник здравјето го чува

Post Views: 47 Чудно, но вистинито. Истражувањето кое било спроведено на Универзитетот Оксфорд, покажало дека жените кои имаат поголем задник се поздрави и поотпорни на голем број болести. Научниците велат дека собирањето на маснотиите во колковите на место на стомакот, го намалува нивото на лош, а го зголемува нивото на добар холестерол во организамот. Со ова се намалува ризикот од појава на многу кардио-васкуларни болести како атеросклерозата и се штити срцето – изјавуваат научниците од Оксфорд. Но, освен ова, научниците тврдат дека жените кои се склони маснотиите да ги таложат...

Continue reading

cjz

Бесплатни мамографски прегледи на рак на дојка за жените од југозападниот регион

Post Views: 3 Наскоро регионалниот Центар за јавно здравје од Охрид ќе спроведува мамографски прегледи на рак на дојка за жените од регионов.  Бесплатните скрининг прегледи ќе ги опфатат  жените на возраст од 50 до 69 години од општините Охрид, Струга, Дебрца, Вевчани, Дебар и  Ростуше. Скринингот  е во рамките на програмите за рано откривање и детекција на малигните заболувања од  превентивните програми на  Министерството за здравство, информира д-р Слободанка Коцевска од охридскиот  центар за јавно здравје. „Ракот на дојка е често заболување кај жените иако поретко се среќава и...

Continue reading

skini

Забранети анорексичните манекенки

Post Views: 2 Израелскиот Парламент забрани настапи на премногу слаби манекенки на модните писти и реклами, со цел да помогне во намалувањето на нарушувањата во исхраната кај населението. Законот предвидува дека мажите и жените нема да може да се вработат како модели доколку претходно не добијат потврда од лекар да не се премногу слаби, односно индексот на телесна маса, кој се иразува со односот меѓу висината и телесната тежина, и не смее да биде помал од 18,5. Огласувачите, според законот, ќе мораат јасно да истакнат доколку моделот на некоја фотографија е прикажан „послабо“ со помош...

Continue reading

zena

Досадата ќе ве убие?

Post Views: 5 Научниците спровеле истражување кое ја потврдило тезата дека здодевноста навистина убива.Имено, испитаниците кои тврделе дека во животот им било здодевно, имале дури 40% повеќе шанси да починат побрзо од оние чијшто живот бил исполнет. Научниците веруваат дека причина за тоа е фактот што незадоволството од животот се манифестира преку нездрави навики, како што се пушењето и алкохолот, кои знчително го скусуваат животниот век. Резултатите уште покажале дека на жените им е здодевно повеќе од мажите, а склони кон здодевност се и младите луѓе кои извршуваат сервилни работи....

Continue reading

na ginekolog

Жените од 24 до 35 години на бесплатен пап преглед

Post Views: 1 За еден месец почнува скринингот за рано откривање на рак на грлото на матката. Околу 100.000 припаднички на понежниот пол на возраст од 24 до 35 години ќе добијат покана од матичните гинеколози да отидат на бесплатен преглед. „Ова е најкритичната возраст и затоа почнуваме со нив. Понатаму ќе бидат опфатени и другите возрасти“, рече заменик министерот за здравство Јовица Андоновски. Од минатата година со пилот проектот во четири градови се утврдило дека од околу 20.000 поканети жени,а на преглед се јавиле околу 6.000 жени. „Доволно е кај 5-6 да е пронајден карцином...

Continue reading

zena

Во кои земји е најубаво да си жена?

Post Views: 4 Поради денот на жените, медиумите се преплавени со бројни анализи за жените низ светот. Еве шанса да дознаете во кои земји жените имаат најголема полова еднаквост. Светскиот форум, проучувајќи ги условите на 135 земји во светот, заклучил дека жените постигнале најмногу полова еднаквост во Исланд. Потпирајќи се најмногу на степенот за можноста за учевствување во политичките одлуки во земјата и пристапот во образованието и здравствената заштита, како и просечниот животен век, истражувачите заклучиле дека скандинавските земји се рај за жените. Имено, по водечкиот Исланд,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top