Голем задник здравјето го чува

Чудно, но вистинито. Истражувањето кое било спроведено на Универзитетот Оксфорд, покажало дека жените кои имаат поголем задник се поздрави и поотпорни на голем број болести.

 |   | 
jeans
jeans

Чудно, но вистинито. Истражувањето кое било спроведено на Универзитетот Оксфорд, покажало дека жените кои имаат поголем задник се поздрави и поотпорни на голем број болести.

jeans

Научниците велат дека собирањето на маснотиите во колковите на место на стомакот, го намалува нивото на лош, а го зголемува нивото на добар холестерол во организамот. Со ова се намалува ризикот од појава на многу кардио-васкуларни болести како атеросклерозата и се штити срцето – изјавуваат научниците од Оксфорд. Но, освен ова, научниците тврдат дека жените кои се склони маснотиите да ги таложат во колковите наместо на стомакот, имаат помал ризик и за развој на дијабет.

Маснотиите обично доаѓаат во облик на добри и лоши масти. Доколку согоруваат добрите, а не лошите или лошите согоруваат повеќе од добрите е многу проблематично за здравјето – ова го потенцира професорот д-р Џими Бел од болницата Хамерсмит.

Затоа маснотиите кои се таложат на колковите се така наречени блокирани масти кои би правеле проблем ако се таложат на други делови од телото – додава професорот.

Професорот нагласува дека сепак не е добра претераната дебелина на било кој дел од телото, но исто така и доколку нагло започнете да слабеете во пределот на колковите може да укажува на патолошка состојба која треба да се провери на лекар.

Затоа мажи, еве едно здравствено оправдување за тоа зошто повеќе ги сакате жените со поголем задник, освен што се попривлечни очигледно е дека се и поздрави.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top