Забранети анорексичните манекенки

Законот предвидува дека мажите и жените нема да може да се вработат како модели доколку претходно не добијат потврда од лекар да не се премногу слаби…

 |   | 
skini
skini

modelИзраелскиот Парламент забрани настапи на премногу слаби манекенки на модните писти и реклами, со цел да помогне во намалувањето на нарушувањата во исхраната кај населението.

Законот предвидува дека мажите и жените нема да може да се вработат како модели доколку претходно не добијат потврда од лекар да не се премногу слаби, односно индексот на телесна маса, кој се иразува со односот меѓу висината и телесната тежина, и не смее да биде помал од 18,5.

Огласувачите, според законот, ќе мораат јасно да истакнат доколку моделот на некоја фотографија е прикажан „послабо“ со помош на некоја графичка технологија.

Рејчел Адато, која го поддржа донесувањето на законот, пред гласањето во Парламентот изрази надеж дека законот ќе ги штити младите од тоа да се стремат кон неостварливи идеали за убавина.

– Убавото не е прегладнето, убавото не смее да биде анорексично, изјави Адато.

Израелскиот моден фотограф и агент Ади Баркан, изјави дека е невозможно да се прифатат стандардите за витка линија, поставени од модната индустрија бидејќи се многу опасни.

manekeni

– Ако погледнам 15 до 20 години наназад, тогаш работевме со модели кои носеа конфекциски број 38, а денеска тој број 24, изјави Баркан нагласувајќи дека тоа е разликата меѓу слабо и премногу слабо, разликата меѓу живот и смрт.

По смртта на две анорексични јужноамерикански манекенки во 2006 година, некои земји како Италија и Индија забранија настапи на премногу слаби манекенки на ревиите.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top