Ознака: енергија

Претставена е батеријата која ќе го менува светот

Post Views: 4 Основачот на Tesla, Elon Musk го претстави Tesla Energy, новиот амбициозен проект кој ќе направи голем чекор во напојувањето со електрична енергија во целиот свет. Како што се нагаѓаше од порано, токму тоа и се случи, се работи за батерија наменета за домаќинствата која има за цел да ги растерети потрошувачите од зависност од остатокот од мрежата. Производот доаѓа со едноставно име Powerwall, а на пазарот ќе се појави за неколку месеци. Цената ќе му биде околу 3.500 долари што кажува дека ќе има долг век на траење и феноменални карактеристики, а тука е и поголемата верзија...

Continue reading

logo

Цената на електричната енергија ќе се намaли за 5,2%

Post Views: 1 Цената на електричната енергија од 1 јули ќе се намали за 5,2 отсто, пишува весникот „Дневник“ повикувајќи се на сигурни извори. Според информациите на „Дневник“ ваков предлог бил даден на подготвителната седница на Регулаторната комисија за енергетика, а конечната одлука би требало да биде донесена утре. Намалувањето на цената, според претпоставките, се должи на намалената потрошувачка на електрична енергија во текот на изминативе 12 месеци, како и на падот на цената на струјата на светските пазари. Македонците во изминатиов период, според податоците од енергетските...

Continue reading

Доаѓа време на нова енергија во економската политика во Македонија, тврдат од СДСМ

Post Views: 5   Претседателот на комисијата за економија, Драган Тевдовски денес во посета на Охрид. Тој рече дека со неговиот тим разговарале со сопствениците на мали бизниси и со граѓаните во врска со економската состојба во државава и во градов и речиси сите кажале дека многу тешко врзуваат крај со крај. За да порасне животниот стандард  на мнозинството граѓани кои секојдневно работат и живеат од своите плати, а не од приходи од капитал потребно е да растат платите во Македонија, рече Тевдовски. Тие имаат пакет мерки со кои ќе ја подобрат економијата во државава. Освен што ќе обезбедиме...

Continue reading

catamaran

Соларен брод во Преспанско Езеро

Post Views: 3 Од ова лето, туристите кои ќе престојуваат во Мала Преспа, ќе имаат можност по Преспанско Езеро да се шетаат со брод на соларна енергија. Туристичкиот брод на сончева енергија ќе биде ставен во функција до крајот на јули, најави градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко. – Станува збор за заеднички проект на општина Пустец и општина Преспа, Грција, поддржан од фондовите на ЕУ за меѓугранична соработка. Од Германија ќе пристигнат три бродови, два за грчката страна на Преспа и еден за нас. Сега сме во фаза на подготовка на документација и очекуваме на крајот од јули...

Continue reading

девојка

Зошто ги забораваме имињата на новите познаници?

Post Views: 6 Стручњаци од Универзитетот во Сасекс сметаат дека не би требало да се лутиме кога некој, по само неколку минути откако сме се запознале, и понатаму не ни го знае името. Научниците откриле дека, иако можеме да  ѝ пристапиме на меморијата неколку часа откако ќе научиме нешто, таа не ни е достапна некое време. Иако не е целосно јасно зошто се случува тоа, истражувачите веруваат дека тоа е клучен процес во работата на мозокот за да се избегне преоптоварување со информации. Научниците од Универзитетот во Сасекс изјавиле дека секое попречување во текот на овие мемориски паузи...

Continue reading

свадба

Црвата Св Јован Канео со силна духовна енергија се попривлечна за венчавки

Post Views: 6 Скопјанката Ирена и нејзиниот сопруг Стивен Пауерс од САД одлучија црковниот брак да го склучат во една од најубавите охридски цркви Св Јован Канео. Младоженците одлучиле венчавката да биде во ова црква веднаш  штом Стивен  од Вашингтон за прв пат дошол на ова место. На нивните лица денес блескаше среќа што влегувањето во заеднички животот и заветот за верност го дадоа пред Бога токму во СВ Јован  Канео. Ни откриа како одлучиле да се венчаат тука. „Охрид одсекогаш ми бил најубаво место во Македонија .Лани го донесов Стивен за прв пат во Македонија се заљуби и реши  мора...

Continue reading

radijator

Од денес парното со нови, поефтини цени

Post Views: 2 Парното од денеска поевтинува за 14,24 проценти за граѓаните во Скопје што се снабдуваат од Балкан енерџи груп од топлана „Исток“ и за 13,45 за граѓаните што се греат на топланата „Север“. Регулаторната комисија за енергетика одлуката за намалување на цената ја донесе на последната седница по намалувањето на цената на природниот гас кој учествува со 70 отсто во производството на топлинска енергија. Според новиот правилник, цената на топлинската енергија може да се менува на месечно ниво во интервал од плус-минус 5 отсто. Досега тоа можеше да се прави само двапати годишно,...

Continue reading

Подароци и позитивна енергија за дечињата во болницата „Св. Еразмо“

Post Views: 8   Во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо” во рамки на одделението за детска ортопедија функционира оддел , единствен од таков вид во Македонија, за рехабилитација на деца со рани пречки во развојот. За празникот Св Никола, посветен на светецот кој во христијанството важи за заштитник на морепловците но и на децата, женскиот Лајонс клуб „Деница“ ги посети дечињата во овој болнички оддел. Со дружење и новогодишни пакетчиња дениците се обидоа барем на кратко да им го разубават секојдневието на децата кои престојуваат таму. Во тоа...

Continue reading

Apple стана прва компанија во светот по пазарна вредност

Post Views: 0 Apple вчера стана првата компанија во светот со пазарна вредност поголема од 700 милијарди долари, бидејќи цената на акцијата на овој технолошки џин скокна за околу 2%, по соопштението дека ќе ги намалат трошоците за работа. Пазарната вредност на Apple достигна 710 милијарди долари, откако цената на акцијата порасна за 1,9%, на 122 долари, па така компанијата се зацврсти на чело на листата најголеми светски компании по пазарна капитализација. Цената на акцијата на овој технолошки џин непрестано расте откако неодамна соопштија дека во последното ланско тромесечие отстварил...

Continue reading

pojadok

Појадокот, стратегија за добар изглед

Post Views: 10 Сведоци сме на современиот проблем со дебелината, а појадокот се препорачува како стратегија за добивање на саканата телесна тежина. Едно истражување направено на здрави мажи дало интересни резултати. Испитаниците кои редовно појадувале, за време на ручекот консумирале помалку калории (за околу 17 %), во споредба со оние кои не појадуваат. Луѓето кои го прескокнуваат појадокот пред ручекот чувствуваат поголема глад, а после ручекот им се забележани зголемени вредности на глукоза и инсулин во крвта. Исто така кај нив е присутен и одренден степен на инсулинска резистенција.Заклучокот...

Continue reading

logo

Можни прекини во снабдувањето со електрична енергија

Post Views: 2 Поради планирана интервенција на екипите на АД МЕПСО за замена на проводници на 110 кВ далекуводи на преносната мрежа на потегот Ресен-Охрид –Струга, на 19.11.2015 во периодот од 12:00 до 15:00, можно е да има повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија. „Во тој период снабдувањето со електрична енергија на корисниците од населените места на територијата на Општина Охрид и Општина Дебарца ќе се изведува преку алтернативните врски на оваа траса. Ако има промени во оптоварувањата и зголемена потрошувачка, можни се кратки прекини на испораката на електрична...

Continue reading

logo

Прекини во снабдувањето со електрична енергија денес во Охрид

Post Views: 50 Поради планирана интервенција на екипите на АД МЕПСО за замена на проводници на 110 кВ далеководи на преносната мрежа на потегот Ресен- Охрид– Струга, денес, 12- ти ноември, во периодот од 11:00 до 14:00, можни се  повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија. Во тој период снабдувањето со електрична енергија на корисниците од  населените места на територијата на Општина Охрид и Општина Дебарца ќе се изведува преку алтернативните врски на оваа траса. Ако има промени во оптоварувањата и зголемена потрошувачка, можни се кратки прекини на испораката на електрична...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top