Претставена е батеријата која ќе го менува светот

Elon Musk ја претстави Tesla Powerwall, батеријата која ќе го смени светот

 |  инфодеск  | 

Основачот на Tesla, Elon Musk го претстави Tesla Energy, новиот амбициозен проект кој ќе направи голем чекор во напојувањето со електрична енергија во целиот свет. Како што се нагаѓаше од порано, токму тоа и се случи, се работи за батерија наменета за домаќинствата која има за цел да ги растерети потрошувачите од зависност од остатокот од мрежата.

Производот доаѓа со едноставно име Powerwall, а на пазарот ќе се појави за неколку месеци. Цената ќе му биде околу 3.500 долари што кажува дека ќе има долг век на траење и феноменални карактеристики, а тука е и поголемата верзија на истата батерија која доаѓа под името Powerpack.

“Можеби звучи лудо, но сакаме да ја смениме целата инфраструктура на дистрибуција на електрична енергија и да ја намалиме зависноста од јаглен”, рекол Musk на прес конференцијата по претставувањето во Tesla Design Center. Исто така, тој изјави дека е потполно сигурен и сѐ што е потребно за да се задоволат светските потреби за електрична енергија се 20 милиони Powerwall батерии. Тој се осврна и на сиромашните земји во кои не постои развиена инфраструктура каде Powerwall ќе биде идеално решение за напојување на такви држави и градови.

Батеријата е во две верзии од 7 kWh и 10 kWh, а максималната снага под која може да биде подолго време на оптеретување е 2kWh. Гаранцијата на батеријата е 10 години а има можност за поврзување со уште една Powerwall батерија со цел зголемување на капацитетот.

Што се однесува до дизајнот, димензиите се 90cm x 120cm x 15cm и би требало да ја собере во секоја трафостаница, но првобитната намена е за домаќинствата, вели Musk.  Powerwall ќе биде потребно да се поврзе на интернет за да се создаде мапа на локални “паметни мрежи” која во секој случај ќе има голема улога во развивањето на помали Powerwall заедници независни од остатокот на мрежата.

Musk има удел во калифорниската компанија за соларна енергија Solar City, а во соработка со партнерските компании Treehouse, Solar Edge и Green Mountain Power е договорено тие да закупат дел од производството за корисниците на почеток не го плаќаат полниот износ на цената.

Powerwall, исто така пристигнува и во Германија кон крајот на годината, изјавил Musk на прес конференцијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top