Ознака: државниот

Ohridsko ezero

Во водите на Охридското Eзеро забележана маслена дамка

Post Views: 1 Во водите на Охридското Езеро, во близина  на кејот,   викендов е забележана маслена дамка. Дамката била со мала густина, во радиус од 100 метра и се протегала на потегот од хотел Палас до споменикот на Св. Кирил и Методиј. На терен веднаш излегла екипа од Центарот за јавно здравје на повик од државниот инспектор за животна средина. Екипата ја измерила концентрацијата на кислород и било констирано дека е на долна граница, но во границите на нормалата. Специјaлистот броматолог Сашо Точко  вели дека зеле по 2 примероци од нафтената дамка за хемиско и микробиолошко испитување....

Continue reading

Opshtina

Државниот ревизор си го кажа своето

Post Views: 16 Ревизорскиот извештај за Охрид, не доби позитивно мислење. Деновиве Државниот завод за ревизија го објави извештајот на државниот ревизор за финансиските извештаи и буџетот на општина Охрид за 2010 год. Негативното мислење на државниот ревизор е во однос на неусогласеноста на финансиските трансакции со законската регулатива. Во извештајот стои дека општината за надминување на финансиската нестабилност во која се наоѓа, не ги следела препораките за преземање мерки согласно законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Портпаролот Симон Илиевски во кратки...

Continue reading

delikvencija

Формиран локалниот Совет за превенција од малолетничко престапништво

Post Views: 6 Формирано тело за превенција од малолетничко престапништво. Неодамна Советот на општината, даде зелено светло за формирање на Совет за превенција од малолетничко престапништво. Во него се вклучени претставници од МНР, МТСП, од училиштата, судовите и обвинителствата. Секретарот на Општината, Димитрија Вревезоски истакна дека улогата на ова тело во суштина е превентивна. „Охрид е една од првите општини која формира ваков совет,  тој совет ќе носи своја програма годишна, еднаш годишно има обврска да достави извештај до Советот на Општина Охрид за својата работа, како и...

Continue reading

ohrid noke

Пазарниот инспекторат затвори три угостителски објекти поради пречекорување на работно време

Post Views: 0 Во акција на Државниот пазарен инспекторат спроведена на 18-ти овој месец, неколку познати угостителски објекти во Охрид добија забрана за работа одреден временски период и парична казна. Контактиравме со сопственикот на објектот „Џез и блуз“ Павел Каралиев, кој потврди  дека добил 10 дневна забрана за работа, поради 10 минутното пречекорување на работното време. Покрај затворањето на објектот следува и парична казна од 2500 евра, согласно Законот за угостителска дејност. Паричната казна е иста и доколку се пречекори работното време и повеќе од 1 час од пропишаното,...

Continue reading

Ohridsko leto

Државниот ревизор ги откри тајните на минатогодишното Охридско лето

Post Views: 2 Прашањето за позицијата директор на Националната установа „Охридско лето“ повторно станува актуелно. По објавениот извештај на Државниот ревизор за работењето на „Охридско лето“, најголема прашина се крена токму околу поставувањето на В.Д директор на оваа Установа. Според Државниот ревизор, Министерството  за култура немало право по втор пат да назначи вршител на должност, со што раководењето на „Охридско лето“ било препуштено на лице кое нема статус на директор. На оваа точка од извештајот со забелешка се јавило и Министерството за култура во кое покрај другото се...

Continue reading

Gimnazija

Охридските гимназијалци и економисти со висок успех на матурскиот испит

Post Views: 1 Охридските гимназијалци  и економисти покажаа високо ниво на знаење и  успех на матурскиот испит. Според првичните неофицијални податоци, од 364 пријавени ученици нема нити еден ученик  кој паднал и не ја положил државната матура, вели директорот на Општинското средно училиште Св.Климент Охридски, Наум Рилкоски. „Презадоволен сум од првичните неофицијални резултати кои се добиени од моите колеги и учениците по елетронски пат. За разлика од претходните 2-3 години оваа генерација ќе биде многу подобра од претходните во однос на постигнатите резулатати“, појаснува директорот. Со...

Continue reading

Ohridsko ezero

Еколошка немоќ пред езерото

Post Views: 4 Алармот за спас на Охридското езеро од човечката негрижа е вклучен пред 11 години. Свеста кај населението за значењето на езерото во изминатава декада  континуирано се подига. Заштитата е вечен процес кој никогаш нема да има крај. Тоа ќе биде континуирана борба со многу интереси и предизвици. Двете држави, на чии територии се наоѓа огромната водена површина, прават обиди да ја зачуваат неговата чистота која е од непроценлива важнот. Потпишан е заеднички македонско-албански Договор за заштита на езерото, изработена е заедничка Студија за состојбата на Охридското езеро...

Continue reading

Gimnazija

Охридската гимназија најпосакувана за идните средношколци

Post Views: 1 Голем интерес за упис во О.С.У. „Св.Климент Охридски“. Од слободните 440 места во оваа образовна установа, само во првиот дел од јунскиот уписен рок, пријавени околу 370 идни гимназијалци. И тоа, за 12- те слободни гимназиски паралелки, 4-те економски, како и медицинската, која веќе четврта година по ред буди голем интерес кај идните средношколци. Директорот на гимназијата Наум Рилкоски задовлен од текот на уписите, најави неколку олеснителни околности за следните уписни рокови. Директорот Рилкоски, задоволен и од текот на државната матура неодамна спроведена во оваа...

Continue reading

pazar

Охриѓани повеќе се плашат од цените отколку од ешерихија коли

Post Views: 0 Европа и натаму се соочува со опасната бактерија ешерихија коли. Откако се појавија информациите дека таа била пронајдена во краставици низ пазарите во Германија, продажбата на зеленчук, а посебно на краставиците нагло падна, дури имаше и забрани за нејзин увоз во некои земји. Во Македонија ваква опасност не постои. Всушност, според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во април 2011 година изнесува 563.364 денари што претставува зголемување за 6,4 отсто во споредба со април 2010 година. И додека...

Continue reading

Sv Klimentovo ucilishte

Истекува времето за иселување

Post Views: 9 За двајцата службеници, едниот од управата за животна средина од секторот води и од државниот инспекторат за природа за територија на Охрид, се бара нова локација каде што ќе биде сместена нивната канцеларија. Како посакувана местоположба за сместување на нивните работни простории е посочена  атрактивна локација на самиот езерски брег со површина  на просторот од  40 метри квадратни.  Како трајно решение се бара долниот дел од Капетанија. Дали ќе им биде удоволено барањето ќе се знае од утрешната одлука на Владата.  На седница треба да се разгледува и да се донесе конечно...

Continue reading

memorandum

„Ние сме слуги на студентите“

Post Views: 14 Меморандум за соработка помеѓу Државниот Универзитет во Тетово и Универзитетот за информатички технологии.Покрај размената на академските и научните кадри, соработката помеѓу двата универзитети ќе се прошири и во сферата на меѓусебно логистичко помагање. „Ние сме слуги на студентите“. Со овие зборови, ректорот на Универзитетот за информатички технологии, „Св.Апостол Павле“, ја објасни улогата на професорите, пред својот колега од Државниот универзитет од Тетово, Агрон Река, со кој денес беше потпишан меморандум за соработка. Ректорот на Универзитетот за информатички...

Continue reading

trska

Атак врз трската, некој ја поткаструва или сака да ја исече?

Post Views: 4 На брегот покрај пешачката патека од мостот кој води кон  Горица забележан е атак врз трската. Граѓаните кои пешачат на овој  дел реагираат дека некој има намера да ја уништи. И објективот на нашата камера на терен  забележа дека трската на самиот брег некој ја поткастрил. Останува нејасно кој го сторил тоа и дали некој се обидува постепно да ја откорне. Секоја девастација на трската повлекува кривична одговорност за сторителот, бидејќи таа е со закон заштитена. Но, случувањата на овој потег  покажуваат дека таа не се штити доволно. Државниот инспектор молчи. Не одговара...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top