Атак врз трската, некој ја поткаструва или сака да ја исече?

На брегот покрај пешачката патека од мостот кој води кон  Горица забележан е атак врз трската. Граѓаните кои пешачат на овој  дел реагираат дека некој има намера да ја уништи.

 |  Валентина Нелоска  | 
trska
трска

На брегот покрај пешачката патека од мостот кој води кон  Горица забележан е атак врз трската. Граѓаните кои пешачат на овој  дел реагираат дека некој има намера да ја уништи. И објективот на нашата камера на терен  забележа дека трската на самиот брег некој ја поткастрил. Останува нејасно кој го сторил тоа и дали некој се обидува постепно да ја откорне. Секоја девастација на трската повлекува кривична одговорност за сторителот, бидејќи таа е со закон заштитена. Но, случувањата на овој потег  покажуваат дека таа не се штити доволно.

Државниот инспектор молчи. Не одговара на нашите телефонски повици за да каже што точно се случува на овој потег. За, жал ова не е прв пат државниот инспектор да ги избегнува новинарските обиди за контакт. Потрагата по одговор ја насочивме и кон општинскиот инспекторат. Главниот општински инспектор Танас Танасоски се огради од одговорност. За надлежен  го посочи колегата од државниот инспекторат. Истакна, дека овој дел  е во сопственост на државата и тие немаат никаква одговорност. Танасоски се пожали дека со колегата државен инспектор Игор Трајкоски немаат никаква соработка и покрај обидите од нивна страна да се воспостават комуникација. И додека опстанокот на трската е загрозен и институциите не реагираат, сеуште ќе важи онаа народната „кучињата лаат караванот минува“.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top