Ознака: државна

profesionalni vojnici

Професионалните војници ќе добијат пензија

Post Views: 5 Професионалните војници, кои со години бараа зголемување на старосната граница, односно решение како да обезбедат егзистенција по завршувањето на војничкиот ангажман, конечно можат да чекаат пензија на ново работно место. Откако ќе им завршеа професионалните договори, овие луѓе остануваа на улица. Безброј пати потенцираа дека учествувале во мировни мисии, дека се се уште работоспособни и дека нивното искуство треба да се искористи.  Бараа до пензија да бидат вработени во некоја институција. Конечно, нивните барања се реалност. Независниот синдикат на професионалните...

Continue reading

logo

Шпионажа во Македонија, нејзини облици и санкции

Post Views: 2 Шпионажата како кривично дело против надворешната безбедност на државата во Кривичниот законик на Република Mакедонија е дефинирана во три облици и тоа: Основно дело шпионажа, создавање или раководење на разузнавачка служба и работа за странска разузнавачка служба. Основниот облик на шпионажа преставува соопштување, предавање, или сторување достапна државна тајна на странска држава, организација или лице што им служи. Соопштување се мисли пренесување на информацијата која претставува државна тајна преку било кое средство на комуникација било по телефон, усно, писмено...

Continue reading

evra

Градежен работник добитник на 100 илјади евра на Ново Лото

Post Views: 0 Државна лотарија на Македонија информира дека вчера добитникот на 7-ката од 77-мото коло од играта на среќа НовоЛото 7/34 ги посети просториите на Државна лотарија на Македонија и ја подигна својата добивка.Добитникот, кој сакал да остане анонимен  Добитникот на втората 7-ка на Државна лотарија на Македонија бил 50 годишен градежен работник, кој иако уплатата ја извршил во Битола, сепак не е битолчанец, соопшти Лотаријата.Добитникот уплатил две ливчиња со по 10 комбинации, од кои едното вреди 100.000 евра. {loadposition content9}

Continue reading

ukim

Почнува трката за индекс на државните универзитети

Post Views: 1 Студентите утре почнуваат да се борат за запишување на едно од вкупно 30.011 слободни места на државните универзитети во Македонија. Првиот уписен рок на сите јавни високообразовни установи ќе се одржува утре и задутре, освен на Државниот универзитет во Тетово, каде првиот уписен рок почнува утре и ќе трае три дена. Од вкупната бројка на слободни места, 17.447 студенти ќе се запишат како редовни студенти во државна квота, 8.453 обезбедени места за студенти кои ќе се запишат на редовни студии со кофинансирање и вкупно 4.111 слободни места за вонредни студенти. На скопскиот...

Continue reading

stan

До државни субвенции за стан преку „лотарија“

Post Views: 13 Предлог-законот за субвенционирање на станбените кредити помина на владина седница, а наскоро треба да ги помине собраниските филтри. Во него е предвидено избирањето на граѓани кои ќе добијат кредит за стан или куќа со државна субвенција да оди по електронски пат. Секако, предност во „барабанот“ ќе имаат оние граѓани што бараат помал износ за кредит и кои располагаат со помал домашен буџет. Министерството за финансии ќе ги избира банките преку кои ќе оди субвенционирањето, откако ќе објави јавен повик за учество до граѓаните заинтересирани да аплицираат за субвенционирање...

Continue reading

emuc

Бојкотот на наставата на гимназијалците се прошири и во дел од охридските средношколски центри

Post Views: 1 Протестираат учениците од „Св Климент Охридски“, трета и четврта година од втората смена на економското училиште, додека пак во електормашинскиот средношколски центар и угостителско, наставата тече нормално и без прекин. Средношколците од гимназијата „Св Климент Охридски“ веќе втор ден ја бојкотираат наставата, со тоа што не присуствуваат на часовите, туку смената ја поминуваат во училишните ходници. Впечатокот што не дочека во гимназијата беше алтернативна настава, музика и дебати. Клупите и столчиња наместо во училниците беа во ходниците. Освен укинување на математика...

Continue reading

ucenici

Државната матура, математички проблем за средношколците

Post Views: 1 Одлуката на МОН за воведувањето на математиката како задолжителен предмет за полагање на државна матура, ги вознемири средношколците во државава. За нив оваа одлука е непотребна и избрзана. Покрај математиката, матурантите ќе полагаат и англиски и мајчин јазик, како и еден интерен. Тестовите ќе бидат поделени во два дела, во писмена и во електронска форма. Дел од средношколците веќе три дена протестираат барајќи одлуката да се повлече. Што мислат средношколците од Гимназијата Св. Климент Охридски за овие новини во образованието. -Па не би требало математика да биде задолжителен...

Continue reading

dvojazicni tabli

Двојазични табли во Охрид

Post Views: 34 Охриѓани збунети и затечени од новите двојазнични табли кои деновиве осамнаа пред вратите од ПЕ на ПИОМ во Охрид. На таблите на македонски и на албански јазик стои називот на канцеларијата и имињата на вработените во неа. Граѓните поради лични причини сакаа да останат анонимни, а до нашата редакција пратија слики и прашуваат како може во општина Охрид да  бидат поставени такви табли кога во Законот за употреба на јазици кажано е дека овој закон се применува онаму каде што најмалку 20% од граѓаните во РМ и во Единиците на Локалната Самоуправа го зборуваат овој јазик....

Continue reading

Еве сега кои се сопственици на социјалистичкиот гигант Горење

Post Views: 8 И Горење, последниот словенечки социјалистички гигант, не е повеќе словенечки.  По три извршени докапитализации, искажани низ вкупната вредност од 36,6 милиони евра и реализирани во последните 18 месеци, сега 51,9% на сопственичкиот удел во Горење го држат странци. Во фабриката во Велење, која подолго од половина век произведува апарати за домаќинство, поединечно најголем удел зад кој стои странски капитал имаат Меѓународната финансиска корпорација IFC со 11,8% и јапонската групација Panasonic со 9,5% која при крајот на 2012 година инвестираше во Горење 10 милиони евра....

Continue reading

logo

Денес ќе биде објавен конкурсот за упис на студенти на државните факултети

Post Views: 7 Конкурсот за запишување во прва година – прв циклус студии на јавните високообразовни установи во земјата, во академската 2014/2015 година ќе биде објавен денес во печатените медиуми и на интернет страницата на Министерството за образование и наука. Министерот за образование и наука Спиро Ристовски вчера на прес-конференција информира дека на петте државни универзитети во Република Македонија, предвидени се вкупно 24.196 слободни места, од кои 13.795 за редовните студенти во државна квота, 7.531 за квотата редовни студенти со кофинансирање и 2.870 за вонредни студенти. Тој...

Continue reading

logo

ВМРО Народна: Југозападниот регион целосно да стане технолошко-индустриска развојна зона

Post Views: 3 ВМРО Народна партија како дел од својата изборна програма најави економски раст и развој на југозападниот регион на Република Македонија. Според кандидатот за пратеник од Народна, Владо Цветкоски, токму регионот во кој спаѓа и нашиот град е еден од најсиромашните региони во земјава. Цветкоски смета дека овој регион има најголема невработеност, најлоша патна инфраструктура и најмалку инвестиции во последните 8 години. Тој потенцираше дека пратениците од ВМРО Народна партија ќе се залагаат за развој на индистријата, земјоделието со сточарството и туризмот. Според Народна,...

Continue reading

srednoskolci

Започнуваат бесплатните курсеви за матурантите

Post Views: 0   Од денеска во  Отворен граѓански универзитет, “Кузман Шапкарев“ започнуваат бесплатните курсеви  за подготовка за државна матура кои Општина Охрид врз претходно донесен правилник ги додели на ученици од социјално ранливите семејства. Иако вакви бесплатни курсеви општината обезбеди за 30 ученици, на претходно распишаниот конкурс се пријавени 23 деца. Согласно наставната програма за полагање државна матура, приоритет во курсевите имаат предметите по македонски јазик, математика и англиски јазик.     Ранг листата можете да ја видите тука.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top