• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Бојкотот на наставата на гимназијалците се прошири и во дел од охридските средношколски центри

Бојкотот на наставата на гимназијалците се прошири и во дел од охридските средношколски центри

Протестираат учениците од „Св Климент Охридски“, трета и четврта година од втората смена на економското училиште, додека пак во електормашинскиот средношколски центар и угостителско, наставата тече нормално и без прекин.

 |  Голабовски Крсте  | 
emuc
емуц

средношколциПротестираат учениците од „Св Климент Охридски“, трета и четврта година од втората смена на економското училиште, додека пак во електормашинскиот средношколски центар и угостителско, наставата тече нормално и без прекин.

Средношколците од гимназијата „Св Климент Охридски“ веќе втор ден ја бојкотираат наставата, со тоа што не присуствуваат на часовите, туку смената ја поминуваат во училишните ходници. Впечатокот што не дочека во гимназијата беше алтернативна настава, музика и дебати. Клупите и столчиња наместо во училниците беа во ходниците. Освен укинување на математика како задолжителен предмет за полагање при државна матура, средношколците бараат да се врати стариот концепт на полагање државна матура, односно да се отфрли електронското тестирање кое според нив е нефункционално. Таквото барање на писмено го доставиле до директорот на гимназијата. Директорот Звонко Трпески не сакаше да даде изјава пред камерата на ТВМ. Но добивме став во писмена форма. Трпески вели, дека жали што учениците подлегнале на одредени влијанија. Тој смета дека учениците не треба да ја бојкотираат наставата како начин на искажување на одредени незадоволства бидејќи тоа не било добро за нив, за наставниот процес, ниту за рејтингот на гимназијата. Трпески, оди дури до таму што во постапките на охридските гимназијалци препознава политичка заднина.

„ Нема нерешлив проблем и сметам дека учениците треба да ги препознаат перфидните манипулации на поедници кои низ призмата за стекнување одредени, пред се, политички бенефиции за лична кариера, ги насочуваат учениците кон вакви непопуларни и нецелисходни постапки. “ – се вели во писмениот став од директорот.

srednoskolciДали бојкотот на наставата ќе доведе до некакви последици по поведението на учениците или ќе повлече санкции за родителите Трпески информира дека за вечерва биле закажани родителски средби на кои родителите ќе бидат запознати со законот за Средно образование и можните последици.

И дел од средношколците во економското училиште „Св Кирил и Методиј“ја бојкотираат наставата. Како што кажа директорката Славица Костоска вчера учениците од трета и четврта година во втората смена дале поддршка на протестот на другите училишта посебно на гимназијата, но набрзо се вратиле во училишните клупи. Таа категорична дека губењето на настава ќе делува врз нивниот успех но сепак признава дека и правото на протест не може да им го оспорат бидејќи тоа им е загарантирано со Уставот.

„Морам да признам и да ги пофалам учениците дека мирно и достоинствено беа во дворот одредено време, не им се заканувавме не ги спречувавме сепак тоа е нивно право, но на повикот од наставниот кадар и мој за отворена дебата, да го ставиме проблемот во рамка и да се обратиме до надлежни органи кои ќе можат тоа да го решат одговорија во рок од две до три минути со конструктивни дискусии имаа уредно подготвено барања“.

Во Електро машинскиот училишен центар „Св Наум Охридски“нема прекин на наставата и нема најава за протест, категоричен Цане Јанески директорот на училиштето.

„Наставата се реализира редовно според планираното и до овој момент немаме никакви проблеми. Тука би додал дека концептот за државна матура во стручните училишта е истиот како и ланската, новина е само електронското полагање на еден дел од испитите, се останато е исто како и минатата година децата ќе имаат можност да избираат математика или странски јазик во оној втор изборен дел од предметите за државна матура“

Не се протестира ниту има најава за протест и во охридското угостителско училиште „Ванчо Питошески“ како што информира директорката Весела Темјаноска.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top