До државни субвенции за стан преку „лотарија“

Предлог-законот за субвенционирање на станбените кредити помина на владина седница, а наскоро треба да ги помине собраниските филтри.

 |  Маја Савиќ  | 
stan
stan

stanПредлог-законот за субвенционирање на станбените кредити помина на владина седница, а наскоро треба да ги помине собраниските филтри. Во него е предвидено избирањето на граѓани кои ќе добијат кредит за стан или куќа со државна субвенција да оди по електронски пат. Секако, предност во „барабанот“ ќе имаат оние граѓани што бараат помал износ за кредит и кои располагаат со помал домашен буџет. Министерството за финансии ќе ги избира банките преку кои ќе оди субвенционирањето, откако ќе објави јавен повик за учество до граѓаните заинтересирани да аплицираат за субвенционирање на станбен кредит. Новина е што право на државна субвенција ќе имаат не само оние граѓани кои првпат купуваат стан или куќа, туку и тие кои продале стан или куќа за сега да купат поголем.
– Времетраењето на јавниот повик и бројот на јавните повици во текот на една година го утврдува Владата со одлука. По завршување на јавниот повик, Министерството за финансии одлучува за поднесените барања за субвенционирани кредити, при што се користи електронски систем за избор на корисници на кредити – стои во Предлог-законот (веб-страница на Министерството за финансии.)
Банкарите во основа ја поддржуваат владината мерка, но засега не планираат намалување на каматните стапки за станбени кредити.
Предвидено е Законот да почне да се применува од почетокот на идната година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top