Денес ќе биде објавен конкурсот за упис на студенти на државните факултети

Конкурсот за запишување во прва година – прв циклус студии на јавните високообразовни установи во земјата, во академската 2014/2015 година ќе биде објавен денес во печатените медиуми и на интернет страницата на Министерството за образование и наука.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
Лого

brucoshiКонкурсот за запишување во прва година – прв циклус студии на јавните високообразовни установи во земјата, во академската 2014/2015 година ќе биде објавен денес во печатените медиуми и на интернет страницата на Министерството за образование и наука.

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски вчера на прес-конференција информира дека на петте државни универзитети во Република Македонија, предвидени се вкупно 24.196 слободни места, од кои 13.795 за редовните студенти во државна квота, 7.531 за квотата редовни студенти со кофинансирање и 2.870 за вонредни студенти.

Тој потврди дека останува одлуката на Владата донесена пред четири години, со која студентите кои ќе се запишат како редовни и ќе влезат во државната квота ќе плаќаат 200 евра годишно, редовните во квотата со кофинансирање и вонредните студенти ќе плаќаат 400 евра годишно, а оние што ќе се запишат на една од дисперзираните студиски програми ќе плаќаат 100 евра годишно.

brucoshiНа Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, според него, има 10.048 слободни места, од кои 5.771 за редовните студенти во државна квота, 3.267 редовни со кофинансирање и 1.010 слободни места за вонредни студенти.

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид има 440 слободни места, од кои 220 за редовните студенти во државна квота, 110 со кофинансирање и 110 за вонредни студенти.

На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип има вкупно 4.728 слободни места. За редовни студенти во државна квота има 2.839 места, 1.059 за со кофинансирање и 830 за вонредни студенти.

На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола има вкупно 3.595 слободни места од кои 2.145 за редовните студенти во државна квота, 940 со кофинансирање и 510 слободни места за вонредни студенти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top