Ознака: државата

avion

Македонија е зрела за национален авиопревозник

Post Views: 0 Политиката на државни субвенции за развој на авиосообраќајот дава резултати, но за да биде уште подобро треба да се формира национална авиокомпанија која ќе лета под национални ознаки , пишува „Дојче Веле“. Македонија е зрела за национален авиопревозник, но има ли капацитети за конечна реализација на овој “вечен проект“. Пет години откако беше приземјен и последниот авион кој леташе под македонско знаме, македонските аеродроми стануваат важна регионална крстосница преку која директно се лета кон повеќе метрополи. Визер, Туркиш ерлајнс, Кроација, Адрија, Ал Италија, Аустриа,...

Continue reading

pari

ДЗС: зголемување на просечната плата за 0,1%

Post Views: 2 Вработените во државата во февруари во просек заработувале по 20.941 денар, односно 340 евра. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), за една година просечната плата по вработен се зголемила за 0,1%. Растот, пред се, е резултат на зголемените примања на вработените во три сектори. Најголем пораст на платите во изминатиот едногодишен период имало во рударството и вадењето камен, и тоа за 16,5%. Следуваат градежниците, чии сметки станале подебели за 8,7%, па административните и помошните услужни дејности, каде што е регистриран раст на просечната нето-плата...

Continue reading

glasanje

„Дупли“ избори во недела

Post Views: 1 Граѓаните во недела ќе одлучуваат на кого ќе му дадат мандат да раководи со државата во следните неколку години на петтите по ред претседателски и третите предвремени парламентарни избори. Коалициите и политичките партии во петок точно до полноќ треба да ги одржат своите завршни митинзи по што во сабота започнува изборниот молк во пресрет на најавените двојни избори кои треба да се одржат на 27 – ми април, а со тоа да заврши и кампањата за избор на претседател и нов пратенички состав. Народните избраници добиваат мандат во Собранието на Република Македонија според...

Continue reading

Околу 100 правни и физички лица бараат оштета од државата

Post Views: 1 До Општинаската Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди до петокот се доставени 82 барања од правни и физички лица кои претрпеа штета од невремето кое го зафати Охрид минатиот викенд. Комисијата од понеделникот е на терен и врши проценка на пријавените оштетувања и досега има извршено увид кај 25 оштетени. Према барањата како што се поднесени од правните и физичките лица истото е констатирано и на лице место од страна на Комисијата. Значи се она што е наведено во барањата и навистина е оштетено, вели Раде Велјаноски, претседател на Комисијата за проценка...

Continue reading

tabela

Зголемен е бројот на починати доенчиња во државата

Post Views: 11 Во Македонија минатата година починале 229 доенчиња, со што е надминат бројот на умрени доенчиња во однос на претходната година кога државата се најде на врвот на ТОП листата на Еуростат со 212 починати бебиња. Според најновиот извештај на Државниот завод за статистика стапката на умрени новороденчиња се искачи на 9,9 на 1000 жители, а просекот во Европа изнесува шест починати на 1000 жители. Со ова Македонија може повторно да биде рекордер по бројот на умрени доенчиња во Европа. Само во последното тромесечје од минатата година починале 72 доенчиња. Во третото тромесечје...

Continue reading

trgovija so luge

Трговците со луѓе делуваат на нов начин

Post Views: 8 НВО „Езерка“- Струга активни во борбата против трговија со луѓе. Трговијата со луѓе е присутен проблем кој што не може да се искорени но мора да се ублажи, потенцира Драгица Павлеска Попеска од оваа организација. Таа додава дека загрижува фактот што Македонија од земја на транзит, стана земја на потекло, посебно, со млади личности од источниот во западниот дел на државата. „Претежно жртвите на трговија со луѓе се до 14 години, бележани случаи од околината на Велес и Кочани во западните делови на Македонија. Но има уште една појава против која Езерка се бори со превенција...

Continue reading

kandidati

Претседателските кандидати со чисти досиеја

Post Views: 2 Меѓу четворицата кандидати за шеф на државата – Ѓорге Иванов, Стево Пендаровски, Илијаз Халими и Зоран Поповски, нема соработник со тајните служби утврди Комисијата за верификација на факти. Комисијата за лустрација потврдила дека нивните досиеја се чисти и за тоа ја информирала Државната изборна комисија. Законот предвоидува дека кандидатите за сите видови избори мора да ја поминат лустрациската проверка за да се утврди дали некој од нив соработувал со тајните служби или издавал наредби за следење на политички неистомисленици. Уште поголема работа ги чека лустраторите...

Continue reading

Kolinda Kitarovic

Колинда Грабар Китаровиќ, прва жена претседател на Хрватска

Post Views: 4 Претседателската кандидатка на Хрватската демократска заедница (HDZ), Колинда Грабар Китаровиќ е победничка на претседателските избори во вториот круг и на таа должност ќе го наследи досегашниот шеф на државата и претседателски кандидат на владејачката Социјалдемократска партија (SPD), Иво Јосиповиќ. Претседателот на Државната изборна комисија, Бранко Хрватин доцна ноќта кон понеделникот потврди дека кандидатката на HDZ, Колинда Грабар Китаровиќ води во трката за претседател на Хрватска, пред кандидатот на SPD, Иво Јосиповиќ, но не можеше да прогласи и официјално победа...

Continue reading

gruevski i ahmeti

Вечерва ќе се знае дали ќе има предвремени парламентарни избори

Post Views: 1 Вечерва извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи вонредна седница на која единствена точка на дневен ред ќе биде одлуката на ДУИ во понеделник да побара распуштање на парламентот. Ако и ВМРО-ДПМНЕ се согласи со оваа одлука на нивниот коалициски партнер, тогаш владеачката коалиција лесно ќе го обезбеди потребното мнозинство за самораспуштање на парламентот. Тоа ќе значи дека веќе наредната недела претседателот на Собранието Трајко Вељаноски би можел да ги распише предвремените парламентарни избори. Ова би биле осми по ред парламентарни избори. Ваквото сценарио е актуелно...

Continue reading

јоне

Изумира занаетчиството во Струга

Post Views: 6 Во Струга, во минатото имало околу 300 занаетчии. Денес, струшките занаетчии може да се избројат на прстите од една рака. Струшкиот занаетчијата Јоне Кленко со своите 80 години и 6 децении работа е еден од најстарите занаетчии во Струга. Кленко сега од хоби поправа предмети од кожа и изработува ташни и ремени. Побарувачката на производите е многу мала, а работам само од љубов кон занаетот, вели Кленко. Занаетот го наследил од татко му кој бил кондураџија, но остроумниот занаетчија постојано го следел духот на времето и потребите на луѓето и се прилагодувал на современите...

Continue reading

Dime Spasov

Од денес стапува на сила Законот за стечајци

Post Views: 3 Од денеска стапува на сила Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата во период од 2000-тата до 2004-тата година, кој што беше донесен по скратена постапка во Собранието. Со истиот се опфатени лицата кои останале без работа како резултат на приватизација на компанијата која била во државна или доминантна државна сопственост до 31 декември 2013 година. Според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, со ова законско решение се очекува да се реши горлив проблем на околу...

Continue reading

rozi

Македонија, земја на розите

Post Views: 0 Македонија ќе стане земја на розите. Минатогодишната кампања “Скопје градот на белата роза” се проширува на целата територија на државата. Под мотото “Македонија земја на цвеќето, земја на розите” на 21 март во сите региони треба да бидат засадени над 100 000 рози. Освен за визуелниот ефект кој ќе се постине, изборот на розата се темели и врз основа на студија која го потврдува нејзиното значење во заштитата на животна средина. “Ова е една кампања со која ги повикуваме сите граѓани поединечно да се вклучат во своите дворови, на терасите,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top