Ознака: државата

Нема помош од државата за ангажирање педијатри на детското одделение во Охрид

Post Views: 1 Охридската Општа болница не доби педијатри за да продолжи со работа детското одделение иако помош за надминување на проблемот беше најавена од ресорното министерство. Потребно е засилување на лекарскиот тим со најмалку двајца педијатри за да функционира болничкиот оддел, а охриѓанчињата да не се препраќаат на одделот во струшката Општа болница, вели директорот Горан Балески. Нема промени на детското одделение. Има само амбулантска служба, а во вечерните часови пациентите одат на детското одделение во струшката Општа болница. Немаме добиено помош нас ни треба педијатар...

Continue reading

Во Данска полесно до работа

Post Views: 6 Невработеноста во февруари во Данска е намалена на месечно ниво од 5,4 на 5,3% и е најниско ниво од август 2009 година. Февруарскиот годишен пад на наевработеноста во Данска изнесувал 0,6%, пренесува весникот Mond. Тоа е трето последователно намалување на невработеноста на месечно ниво во оваа членка на ЕУ. Со 5,6 милиони жители, моментално без работа се само 140.600 лица, што е за 2700 помалку отколку во јануари. Данската економија е една од најуспешните во ЕУ. Почнала да влегува во криза есента 2008 поради намалување на работна сила. Моменталната состојба на данската...

Continue reading

Пензии за проститутките

Post Views: 6 Од 1 април сите проститутки мораат да бидат пријавени во сојузното министерство за финансии. Ова е уредба која министерството за финансии на Австрија ја донело на почетокот од годинава, барајќи од сопствениците на јавните куќи во државата да ги пријават работничките и напоменуваат дека оданочувањето мора да биде во склад со “реалниот промет”. Во Австрија работат илјадници проститутки, само во Виена ги има повеќе од 3400 пријавени кои имаат право да ја работат таа работа. За бројката на илегални можело само да се претпостави. Конечната цел на државата е да...

Continue reading

УНЕСКО: Државата, Југозападниот плански регион и Охрид имаат рок од три години да го решат проблемот со дивите депонии

Post Views: 6 Во последниот Нацрт извештај на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион стои дека во временски период од три години, државата и Југозападниот плански регион мора да ги затворат нелегалните депонии како Буково, Мауцкер, депониите кај Струга, но и помалите, многу побројни во регионов, а просторот соодветно да го исчистат и опплеменат. Според претходниот извештај депонијата во Буково требаше да биде затворена до крајот на 2020 година и повеќе на та таа локација да не се одлага отпад, но во најновиот, оваа препорака треба да се исполни...

Continue reading

Поранешниот текстилeн гигант „Отекс“ најголем должник кон државата

Post Views: 4 Над 4.400 фирми и граѓани се на последната листа на должници кон државата на Управата за јавни приходи.Тие на државата ѝ должат 230 милиони евра за неплатен ДДВ ,данок на добивка, персонален данок на доход. На најновата листа најголем должник е охридски „Отекс“ со долг од 696 мил денари или 11,3 милиони евра. Втор на листата е ЈП„Македонија пат“ со долг од 7 милиони евра.Меѓу должниците се уште е и МРТ со долг од 1,5 милиони евра и повеќе други јавни претпријатија, фирми во сопственост на државата кои се загубари како и фирми во стечај. Исто така на листата должници...

Continue reading

Рајанер за принудно слетаниот авион: Тоа е киднапирање во организација на државата

Post Views: 27 – Станува збор за киднапирање во организација на државата, пиратство спонзорирано од државата… Најверојатно властите сакаа да го уапсат новинарот и лицето кое беше со него, посочи О’Лири. Тој наведе дека патниците и членовите на екипажот биле уплашени, а тврди и дека биле држени под вооружена стража и дека им е пребаран багажот. Белоруските власти го уапсија опозиционерот Роман Проташевич откако авионот со кој патуваше од Атина за Вилнус принудно слета во Минск, по лажна најава за поставена бомба. Тоа наиде на осуда на меѓународната заедница, која бара итно ослободување...

Continue reading

НАСА со интересна фотографија

Post Views: 2 Сликата која ја објави НАСА покажува колку е навистина “мрачна” Северна Кореја гледана од вселената. На сликата јасно се гледа дел кој е обвиен во мрак и потсеќа на чудно обликуван дел од морето, меѓутоа во прашање е Северна Кореја гледана од вселената од меѓународна вселенска станица. Ова е мрачен потсетник на тоа колку е фигуративно и буквално оваа земја во мрак. Главниот град Пјонгјанг со 3.26 милиони жители изгледа потполно исто како Гунсан, град во Јужна Кореја со 280.000 жители. Остатокот од државата е во потполн мрак и многу лесно може да се каже дека е продолжение...

Continue reading

Boko Haram

Уште еден африкански масакр, овојпат во Нигерија

Post Views: 0 Најмалку 100 луѓе се убиени во вооружен напад на Христијаните на Североистокот во Нигерија, соопштија локалните официјални лица. Спрема последните податоци, убиени се 106 лица во државата Борно каде што е селото Изге, каде што живеат најголем број на Христијани кои се мата на нападот. Постои сомнеж дека напаѓачите припаѓаат на исламистичката група Боко Харам, која е активна во центарот и на северот на Нигерија од 2009 година. Борците на Боко Харам минатата недела убија 43 лица во две села во државата Борно, предизвикувајќи паника меѓу населението кое во голем број ги...

Continue reading

Хидробиолошки завод-Охрид доби финансиски средства од државата за реализација на тригодишни проекти

Post Views: 2 Седум Јавни научни установи и Институти, по цела деценија добија финансиски средства од државата за тригодишни проекти, со кои треба да се збогати нашата научна дејност.ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид е еден од научните институти кој преку ваков национален проект ќе ја испитува еколошката состојба на рибната популација во Белчишко Блато. Државата за оваа намена издвои средства во висина од вкупно 19 милиони денари, кои се директна поддршка на истражувањата. МОН и Владата продолжуваат да вложуваат и да градат систем со кој ќе се обезбеди континуитет во финасирањето...

Continue reading

500 лица од регионов ќе останат без работа ако државата итно не помогне на хотелиерите

Post Views: 1 Голем дел од хотелите на брегот на Охридското езеро и оваа зима ќе ја минат под клуч. Поради недостиг на гости, семинари, конгреси оваа есен поголемиот дел од вработените се пуштени на годишни одмори или со 70% плата, но ако продолжи кризата хотелиерите ќе бидат приморани да ги отпуштаат вработените. На околу 500 лица од регионот им се заканува да останат без работа доколку државата итно не обезбеди финансиска поддршка за да може да ја пребродат кризата предизвикана од пандемијата. Следно што ќе следува, тие што одат на 70% месец, два три ако нема никакви приходи хотелите...

Continue reading

Бочварски: Државата ќе ја презема обврската да ги реши проблемите на Охридското крајбрежје

Post Views: 2 Благој Бочвaрски, министерот за транспорт и врски оствари прва официјална посета на општина Охрид. На работната посета градоначалникот Константин Георгиески го запозна министерот со тековните активности на проекти кои општината ги реализира во патната инфраструктура, но и за  проблемите на општината од сферата на урбанизмот. „Поразговаравме со Министерот околу потребите на нови урбанистички планови каде што има надлежност министерството. Тие планови кои се во надлежност на општината да ги усогласуваме со министервстото и постапките да се побрзи. Поразговаравме и за имплементација...

Continue reading

Шест охридски јавни претпријатија ќе добијат финансиска поддршка од државата

Post Views: 0 Шест охридски јавни претпријатија ќе добијат финансиска поддршка од државата меѓу 89те од земјава. 144 милиони денари ќе им бидат поделени на членките на АДКОМ, Здружението на даватели на комунални услуги на Македонија, според бројот на вработените, информира Љупчо Грданоски, директор на ЈП „Охридски Комуналец“. „Голем финансиски товар ни наметна неколкумесечниот каранти во пролетните месеци. За тие месеци со одлука на општина Охрид , ЈП Охридски комуанелц не беше во можност да фактурира износи за извршени услуги кон правни и физички лица кои не функционираа заради...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top