Колинда Грабар Китаровиќ, прва жена претседател на Хрватска

Претседателската кандидатка на Хрватската демократска заедница (HDZ), Колинда Грабар Китаровиќ е победничка на претседателските избори во вториот круг и на таа должност ќе го наследи досегашниот шеф на државата и претседателски кандидат на владејачката Социјалдемократска партија (SPD), Иво Јосиповиќ.

Kolinda Kitarovic
Колинда Киратовиќ

Kolinda KitarovicПретседателската кандидатка на Хрватската демократска заедница (HDZ), Колинда Грабар Китаровиќ е победничка на претседателските избори во вториот круг и на таа должност ќе го наследи досегашниот шеф на државата и претседателски кандидат на владејачката Социјалдемократска партија (SPD), Иво Јосиповиќ.

Претседателот на Државната изборна комисија, Бранко Хрватин доцна ноќта кон понеделникот потврди дека кандидатката на HDZ, Колинда Грабар Китаровиќ води во трката за претседател на Хрватска, пред кандидатот на SPD, Иво Јосиповиќ, но не можеше да прогласи и официјално победа бидејќи не се обработени материјалите од сите избирачки места.

Kolinda KitarovicСепак, според обработените 99,51 отсто од избирачките материјали, Грабар Китаровиќ освоила 50,43 отсто од гласовите, додека Јосиповиќ 49,57 проценти, со тесна разлика од 0,86 отсто или 18.942 гласови. Притоа се истакнува дека одѕивот на гласачите бил доста висок за претседателски избори -, дури 58,91 отсто.

Јосиповиќ претходно во неделата навечер ѝ ја честиташе победата на противкандидатката оценувајќи дека Грабар Китаровиќ победила „на избори кои се одржаа во демократска атмосфера“. Коментирајќи ја малата разлика, тој потврди дека „разликата е многу мала“, но го повтори својот став дека во демократијата победуваат оние кои ќе добијат повеќе гласови.

Со победата на Колинда Грабар Китаровиќ конзервативната HDZ првпат дава шеф на државата од своите редови, таа е прва жена претседател на Хрватска, а Иво Јосиповиќ стана првиот претседател од прогласувањето на независноста кон не успеа да го освои вториот мандат.

Поради тесната победа во првиот круг што ја извојува Јосиповиќ, овие избори беа прогласени за најнеизвесните досега. Тоа го потврди и вториот круг кога по почетното водство на Јосиповиќ, Грабар Китаровиќ сепак победи, а се покажа дека во кампањата бил пресуден секој глас.

Новоизбраната претседателка на Хрватска порача по прогласувањето на прелиминарните резултати дека „нема место за триумфализам“, а гласачите на својот противкандидат ги повика на „заедништво во изградбата на подобра Хрватска“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top