Ознака: државата

trpejca protesti

Трпејчани излегоа на мирни протести

Post Views: 3 Со протестите на патот Охрид – Св. наум, Трпечани го искажаа незадоволството за како што велат, игнорантскиот однос на институциите на локално и централно ниво во спорот што го имаат со сопствениците на приватно- сместувачкиот капацитет изграден на крајбрежјето во ова село. Тие се едногласни – бараат од општината и од Државата да му наложат на градежниот инспекторат да ги спроведе решението и заклучокот за рушење на дивите градби на ИВИРЕ во село Трпејца, донесени во јули 2011 год. од страна на општина Охрид. Од државата пак бараат да овозможи почитување...

Continue reading

zemjodelie

Младите не сакаат мотика

Post Views: 0 Младиот човек не може да се мотивира да ја засака природата и родината. Иако во многу рурални средини е сменет амбиентот на живеење сепак младите не се доволно мотивирани за да егзистираат од интензивно сточарство или земјоделство, велат повозрасните земјоделци. Излезот од таквата ситуација го гледаат во ангажирање на државата за подобрување на законските нормативи, образованието на младите и во субвенционирање на прозиводителите, вели познатиот калемар од Завој, Крсте Трајчески. Активните пак земјоделци, ги мачат бројни проблеми. Бараат државата преку ресорните министерства...

Continue reading

угостителско

Во училиштата недостасуваат педагози и психолози

Post Views: 0  Во општинското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“, во кое учат 450 ученици, нема психолошка служба. Во ова училиште никогаш не бил вработен педагог, а тоа не е решено ни со воведувањето на задолжителните педагошки служби, кои треба да се составени од стручни тимови, во сите основни и средни училишта. Засега улогата на педагог ја извршува професор по психологија, вели директорот на училиштето Секула Баткоски. „Засега е одржан еден совет со родители чии деца имале проблематично однесување или имале слаби оценки по повеќе од три предмети, а закажан е и состанок...

Continue reading

pastrmka

Државата сеуште без тендер за концесија на Охридското езеро

Post Views: 4 Владата сеуште нема објавено тендер за концесија, иако донесе ваква одлука пред еден месец. По седум години мораториум на Охридското езеро, ова е решението за да се зачува  рибниот фонд од понатамошно нелегално  ловење. Со одлуката е предвидено електронското лицитирање за концесијата да го организираат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за информатичко општество. Почетната цена на лицитацијата за првата година ќе биде 10 посто од вредноста на дозволената количина за риболов или околу 1 милион денари. Според  Законските прописи,...

Continue reading

np Galicica

Реалност или пуста желба, ски центар на Галичица

Post Views: 11 За изградба на ски жичара, Петрески, покрај апелот до домашните фактори за реализација на оваа идеја, се повикува и на пријателите на градот, пред се на збратимените градови. Тој потсетува дека поминале повеќе години од зачетокот на оваа идеа ама се останало само на празни зборови. „Можеби ќе поминат  и 10 до 15 години, толку долго во јавноста се споменува изградба на ски центар на Галичица, но без ефект. Дојде и Бојан Крижај и други скијачки имиња ама се остана без реализација. Сето тоа може да го направиме со помош на збратимените градови Марибор од Словенија  и...

Continue reading

EMO

Државата ги презема долговите на охридски ЕМО

Post Views: 1 Најреално можно решение за судбината на охридски ЕМО. Македонските пратеници, вчера го усвоија Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во АД ЕМО Охрид. Станува збор за дел од еден поголем пакет кој значи комплетно решавање на состојбата во ЕМО кој чини 7 милиони евра, објаснува пратеникот Александар Николоски. „Во текот на вчерашниот ден Собранието на република Македонија го усвои Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во АД ЕМО Охрид. Ист ваков...

Continue reading

sileks

Од утре помал ДДВ за хотелиерите

Post Views: 6 Стапува на сила даночното олеснување за хотелиерите. Тие од сега наместо 18 ќе плаќаат 5 % данок на додадена вредност. Оваа владина мерка со која ќе стимулира развојот на туризмот, е огромно олеснување за нас“, вели менаџерот на хотелот Силекс Тодор Чочороски. „ Од голема помош ќе биде за нас бидејќи ќе овозможи едноставно ние како креатори на ценовната политика, малку од малку да имаме поголема слобода во креирањето на цените, бидејќи сметам дека 18% предизвикуваше само едно партнерство со државата. Ние хотелите работевме, но рамноправно со државата. Сега ќе има поголема...

Continue reading

lokacija

Спорно ли е земјиштето на кое ќе се гради елитниот хотел?

Post Views: 6 Бран контроверзии излегоа по вчерашната прес конференција на туристичката агенција Фибула Травел околу изградбата на елитниот хотелски комплекс. Нејаснотиите се појавија околу спорното градежно земјиште кое агенцијата го купила на јавен повик на државата, преку лицитација на која Фибула Травел била единствен понудувач. Имено за потсетување, сопственикот на градежното претпријатие „Трудбеник“ тврди дека тој има корисничко право на дел од парцелата која била предмет на државниот тендер. Веднаш се наметнува прашањето како може Министерството за транспорт и врски да распише...

Continue reading

proakva

МЈП „Проаква“, тоне

Post Views: 7 Дали МЈП „Проаква“, ќе крене глава од бројните проблеми кои години наназад се таложат, а никако да се надминат. Градоначалниците на Охрид и Струга по се изгледа немоќни да се справат со проблемите си ја префрлаат топката еден на друг, но ја посочуваат и државата како главен виновник за незавидната состојба во претпријатието. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, рече дека мора што побрзо да се преземат соодветни мерки, за да се спаси претпријатието кое не оди во позитивна насока. Петрески и овој пат не испушти да потенцира дека штетата од проблемите на МЈП...

Continue reading

fibula

Елитниот хотел ќе носи име на светски хотелски бренд

Post Views: 25 Елитниот хотелски комплекс со 5 ѕвездички-стимул за хотелиерите, но стимул и за нови вработувања во оваа област. ТА “Фибула Аир Травел“ денес излезе со подетални информации околу условите за добивање на тендерот за изградба на хотелскиот комплекс. Покрај банкарските гаранции, државата од понудувачот барала во рок од една година да достави проект, да ги плати потребните комуналии и да достави барање за градба. Покрај ова, во рок од 3 месеци од завршувањето со градбата, инвеститорот е должен да го брендира изградениот хотел, а изградбата на хотелот не смее да трае повеќе...

Continue reading

zemjishte

„Непопуларни мерки“

Post Views: 5 „Непопуларна мерка на државата е да се продава атрактивно земјиште само едно евро по метар квадратен“, вели Александар Петрески, Градоначалникот на Охрид. Станува збор за  јавно наддавање за отуѓување на градежно неизградено државно земјиште, односно двете локации на стотина метри од езерото, наменети за изградба на хотелски комплекси на компанијата “Фибула аир Травел“. Охридскиот Градоначалник утре на средба во Министерството за транспорт и врски. „Убава е желбата на Владата да се привлечат колку е можно повеќе инвеститори, но мора да се внимава кое земјиште ќе се...

Continue reading

promocija

Драстично опаѓа творештвото за деца

Post Views: 7 Детското творештво кај нас е во криза. Се помалку авторите пшишуваат книги за деца, а се помалку има рецензенти кои пишуваат критика за детската литература. Мал е бројот на авторите кои сакаат да го стимулираат творештвото за деца, истакнува  Цвета Спасикова од Штип, која денес во охридскиот Центар за култура промовираше две нејзини дела, „Химена“ за возрасни и „Миленичиња“ за деца. Покрај „Миленичиња“, автор е  и на  „Сонот на розата“. Спасикува укажува и на тоа дека во Македонија има и само две списанија за деца, „Чекорче„ и „Росица“.  „Одговорна и тешка задача е...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top