Ознака: дрвјата

Дрвјата на дел од охридското крајбрежје, пансион за неколку семејства

Post Views: 4   На крајбрежјето во близина на хотелот Магнус во Охрид, неколку ромски семејства ноќеваат во У.З, Даљан, реагираат мештаните од оваа задница. Тие велат дека ваквата појава посебно е изразена во летниот период. Кажуват дека една од ретките недопрени природни плажи каде до пред некоја година можеле спокојно фамилијарно да уживаат во летното сонце, последниве години мирот им го нарушуваат т.н. дојденци кои ги окупирале сенките од дрвјата користејќи ги за преспивање. И не само тоа, тие воопшто не внимавале на зачувување на животната средина, на плажата фрлале отпад, а и...

Continue reading

maz

Мажите се како мечки на пролет

Post Views: 12 Жени, внимавајте! Мислевте дека само мечките се будат на пролет? Цвеќињата цветаат, дрвјата се разлистуваат, мечките се будат, и мажите исто така. На пролет се буди мажот во мажот! Поточно нивниот тестостерон, кој им е на највисоко ниво. Телесно, ментално и интелектуално сега се најаки. Не е лесно да си маж, ама и жена! Мажите без срам се вртат на улица по понежниот пол. Адреналинот им расте додека шетаат и се возат по улици. Лесно се возбудуваат од секси облека.Жените мудро молчат. Во пролетната гардероба се чувствуваат попожелни, ама не покажуваат. Доста им е од бунди,...

Continue reading

iseceni drva

За сечење дрва, потребна е дозвола од градот

Post Views: 1 Пред станбен комплекс на ул. „Галичица“, деновиве, несовесни граѓани самоволно и непрофесионално искастриле и исекле дрва во дворното место на зградата. Граѓаните кои ги анкетиравме сметаат дека односот на охриѓани кон природата и дрвјата треба да е поодговорен . Тие предложија наместо уништување на дрвјата, доколку на некој му сметаат, да ги повикаат стручните служби и дрвјата да бидат соодветно третирани. „Мое мислење е дека треба малку да се средат. Може малку да се средат да се дотераат, да не се сечат бидејќи еколошки поздраво е знаеме каква е нивната функција...

Continue reading

topoli

Тополи „паѓаат“ ноќе

Post Views: 5 Во атарот на селото Љубаништа досега не биле забележани вакви слични појави. Како некогаш биле засадени  тополите раскажува и Живко Наумоски оснивач на некогашниот фудбалски клуб Граничар од Љубаништа. „Тополите се засадени ударнички од тогашната управа на клубот и фудбалерите. Засадиле 4 реда дрвја, меѓу кои и  сега исечените тополи. Дрвјата што ги гаеле се на самата плажа која во лето  е полна со капачи. Сега тие треба да носат лежалки и  чадори за на сонце, вели Наумоски. Од Локалната самоуправа за ТВМ изјавија дека нивната Комисија за сечење на дрвја не  издала ...

Continue reading

lipi

Супер радио во акција – Стави потпис – спаси дрво

Post Views: 8 Во организација на охридското Супер радио, денеска пред општина Охрид  поставен e пункт за собирање на потписи во рамките на акцијата „Спас на дрвјата во центарот на градот“. Акцијата која започна на социјалната мрежа Фејсбук во саботата досега ја поддржаа многу граѓани и за неа жолчно се дебатира. Некои ја поддржуваат акцијата за отстранување на старите и менување со нови дрвја, но сепак најголемиот број граѓани се остро против овој, според нив, „масакр“ на зеленилото во центарот на градот. – Она што е основното барање на оваа граѓанска иницијатива, односно пред...

Continue reading

skastreni granki

Се кастрат дрва без дозвола

Post Views: 8 Продолжува атакот на човекот врз природата. Немилосрдно, нестручно и без одобрение се сечат ретките и со закон заштитени дрвја во градов. Тоа се прави бидејќи дрвјата на некои им сметаат на видикот, на други пак им попречуваат во градежните зафати и сл. Сума сумарум личниот интерес на поединци се става во прв план, елиминирајќи го фактот дека уништувањето на градското зеленило остава трајни последици. Деновиве настрадаа неколку борови во стариод дел на градот, кое подрачје важи за строго заштитена зона. Не само што тоа е направено без потребното одобрение кое треба...

Continue reading

cistenje drvja od brslen

Дрвјата се чистеа од паразитот бршлен

Post Views: 0 „Бршленот  иако е декоративно, за нашиве шуми делува паразитски, ова паразитско, и полупаразитско растение го загушува самиот хабитус на стеблото, посебно кај боровите тебла во боровите шуми и кај бадемите, всушност го цица самиот хабитус на стеблото, со што не му овозоможува правилен развиток на дрвото, кое е веќе зафатено од бршленот. како шо се шири по височина на самото стебло ја зафаќа и  земјата и соседните дрвја“, вели Маја Кипровска – пејсажен архитект. Неколкумината почитувачи на екологисти бршленот го чистеа физички, бидејки тоа е најлесниот  начин за...

Continue reading

drvored

Две Комисии ќе проценуваат за сеча на дрвјата

Post Views: 2 Од Правната служба на локалната самоуправа информираат дека  Дисциплинската постапка против Радован Велјаноски, службеникот кој самоволно одлучи  да се исечат 6-те дрвја  на улица Партизанска е во тек. Согласно одредбите од Правилникот за начин на водење постапка за дисциплински престап  постапката ќе биде завршена во законскиот рок,а епилогот од истата ќе се знае многу наскоро, кусо за ТВМ изјави секретарот на Локалната самоуправа Димитрија Вревезоски. Со оглед на поволниот период за режење на дрвјата  Комисијата за проценка работи непречено, но во друг состав. Од...

Continue reading

iseceni stebla

Што се крие зад сечата на дрвјата на Партизанска?

Post Views: 2 По сечата на дрвјата во центарот на градот на улиците Димитар Влахов, Кузман  Јосифоски, Булевар Македонски Просветители сега настрадаа и стеблата на Партизанска. За самоволната одлука на службеникот кој дал решение за сечење на 6  стебла на Партизанска се огласија од Локалната самоупрва од каде што најавуваат покренување на дисциплинска постапка на еден од членовите на Комисијата кој самоиницијативно дал налог за сечење на дрвјата, додека останатите тројца биле само за да се поткастрат  дрвјата. Портпаролот на Локалната самоуправа објасни дека според важечкиот урбанистички...

Continue reading

iseceni stebla

Службеник самоиницијативно „им пресуди“ на дрвјата на Партизанска

Post Views: 1 Дрворедот на улицата “Партизанска“ остана без 6 стебла. Овој вандалски чин ја вознемири охридската јавност. На кого му пречеа дрвјата и кој донесе решение за овој чин, одговор побаравме од Локалната самоуправа. Од таму информираат дека дрвјата се исечени без знаење на градоначалникот и раководителите на секторите задолжени за оваа проблематика. Во рамките на администрацијата на Локалната самоуправа, постои четиричлена Комисија за сечење на дрвја, составена од стручни лица вработени во локалната. По барање на граѓани или правни лица, по претходно информирање на градоначалникот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top