Дрвјата се чистеа од паразитот бршлен

Паразитот бршлен го напаѓа шумскиот појас во стариот дел на Охрид. Зимзеленото растение кое се нафаќа врз боровите и бадемовите стебла, а и брзо се шири има зафатено огромен дел од боровата шума и насадот од бадеми, со што овие дрвја се соочуваат со исушување.

 |  Татјана Маленкова  | 
cistenje drvja od brslen
чистење дрвја од бршлен

„Бршленот  иако е декоративно, за нашиве шуми делува паразитски, ова паразитско, и полупаразитско растение го загушува самиот хабитус на стеблото, посебно кај боровите тебла во боровите шуми и кај бадемите, всушност го цица самиот хабитус на стеблото, со што не му овозоможува правилен развиток на дрвото, кое е веќе зафатено од бршленот. како шо се шири по височина на самото стебло ја зафаќа и  земјата и соседните дрвја“, вели Маја Кипровска – пејсажен архитект.

Неколкумината почитувачи на екологисти бршленот го чистеа физички, бидејки тоа е најлесниот  начин за негово отстранување, без да се оштети дрвото.
Стучњаците педупредуваат дека овој паразит треба континуирано да се отстранува, пред да зафати олку голема површина на дрвја.

„ Акцијата е замислена повеќе да се привлече вниманието на надлежните институции кои очигледно треба да посветат повеќе внимание за овој атрактивен простор да биде заштитен, бидејќи од нашите сознанија ваквиот напад од овој паразит на дрвјата доаѓа до сушење на багремовите дрвја и бадемовите дрвја кои ги има овде на овој потег.
Иницијативата беше на наши сограѓани од стариот дел на Охрид, но за жал одзивот е повеќе од минимален но ние нашето ќе го направиме“, вели Борис Стојаноски – ЕД Грашница.

cistenje drvja od brslen

Бршленот е локално растение кое што речиси го има  насекаде во Европа и југоисточна Азија. Ова е зимзелен ползавец, кој расте до височина од 20-30 m по соодветни површини дрва, карпи, ѕидови, а доколку нема ветрикални површини, расте распределено и по земјата. На површините се движи со помош на  прилепливи коренчиња.
Организатори на денешната еколошка акција се сЕколошкото друштво „Грашница”, заедно со туристичката асоцијација „Билјана” и Одделението за урбанизам и заштита на животна средина од општина Охрид.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top