Ознака: ДПА

Движењето за реформи ДПА, чека регистрација

Post Views: 2 Новата политичка опција, „Движењето за реформи ДПА“, очекува регистрација на партијата. Во  спротивно, ќе функционира во илегала, изјави еден од основачите на оваа партија Зијадин Села. Тој нагласи дека веќе два месеци се соочуваат со низа судски забелешки, според него несфатливи. „Законот бара 1000 потписи за регистрирање на нова политичка партија, ние дадовме таму 2000. судот во тетово, судијката ни вели, нам не ни треба 2000 ние сакаме само 1000. Едвај успеавме 1060 да им дадеме бидејќи ако се 1000 ќе најдат пак некоја грешка и ќе ни речат не можи, зато ни ги примија,...

Continue reading

dpa

Села: Тачи да си поднесе оставка, ако ги изгуби изборите

Post Views: 6 Зад нас стојат и Статутот на ДПА и целокупното членство, заедно со раководството на струшката партиска организација, и Мендух Тачи нема право да разрешува ниту еден член од партијата, изјави Зијадин Села на денешниот брифинг со новинарите во Струга. Заедно со членството на огранокот прогласивме мораториум, нема политички активности и го замрзнвме нашето учество во изборниот процес, ако ги изгубиме изборите ќе побараме Тачи да поднесе оставка, додава Села. „Ова е одлука на двајца тројца од централата или можеби на еден , а другиот дел што се однесува дека јас и претседателот...

Continue reading

бутка

Општина Струга ќе воведува ред во урбаниот хаос

Post Views: 3 Средување на урбаниот хаос во општина Струга е ставот на струшкото раководство и мнозинството советници. Со одстранувањето на урбаните објекти се засегнати сосптвениците на  околу 150-тина објекти. Голем дел од нив се загрижени и раскажуваат дека објектите им се единствен извор на  егзистенција. Една од нив е Мирјана Мирческа која има киоск и е без работа како и нејзината ќерка, а сопругот  прима мала инвалидска пензија.      „ Од киоскот живееме и нема од што друго. Немаме лекови да си купиме. Ме избркаа од работа, седам без пари и од кисокот барем малку да  опстојуваме....

Continue reading

sednica

Струшкиот Совет не избра претседател

Post Views: 1 Денес, на првата седница на струшкиот Совет не беше избран претседател на ова законодавно тело. Верификационата комисија ги предложи, Јулијана Зуноска од Сојозот за Струга и Абдула Ќазимоски од ДПА, за кандидати за претседател. Но ништо од тоа, политичките партии по се изгледа не се договорија. Очигледна беше поделеноста на македонскиот и албанскиот политички блок. Од здружената коалиција не го поддржаа Ќазимоски. Од таму се произнесоа дека нема да попуштат и оти цврсто стојат на својот став, претседател на струшкиот совет да биде македонец, заради зачувување на соживотот...

Continue reading

Sela i Merko

Зијадин Села седна во градоначалничката фотелја

Post Views: 3 Зијадин Села од денеска и официјално е новиот градоначалник на Струга. Од страна на општинската изборна комисија, на новиот градоначалник, Села, му беше врачено уверението со што му беше верификуван четиригодишниот мандат. Во своето обраќање на свечениот чин, Села вети дека ќе биде градоначалник на сите стружани, без оглед на нивната етничка, верска или политичка припадност. „Јас се надевам и посакувам во иднина исто како и денес, во ваква атмосфера, како што денес ја примам функцијата, да бидат и изборите во иднина. Ваква атмосфера, да славиме, бидејќи изборите се за...

Continue reading

Zaedno za Struga

Коалицијата Заедно за Струга се надева на фер избори во недела

Post Views: 0 Трета среќа. Задоволни сме од одлуките на Уставниот суд и очекуваме регуларен изборен процес, изјави претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Перо Петкоски. Како што нагласи тој, третиот изборен круг воопшто не е за занемарување и може да има влијание врз конечниот изборен резултат за тоа кој ќе биде прв човек на општина Струга. „Она што сакавме да и го предочиме на јавноста за нерегуларностите во изборниот процес во Струга конечно излезе на виделина, Упрвниот суд пресуди во полза на вистината, така да се надеваме на трет изборен круг и ќе победи подобриот но на регуларен...

Continue reading

vmrostruga

Црвенкоски и Цаноски, непожелни во Струга – ОК ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 5 Се покажа дека Бранко Црвенкоски се откажа од Струга, обвинуваат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Претседателот на струшкиот комитет Перо Петковски истакна дека отсуството на Црвенкоски на протестот во Струга е само доказ дека општина Струга и нејзините граѓани на лидерот на опозицијата, не му значат многу. „Како свој повереник на негово место дојде пратеникот во оставка Игор Иваноски кој меѓу другото го кажа она што секој стружанец сакаше да го слуѕшне тоа е дека “Неговата партија ќе ја вратела Струга онаму каде што треба“. Можеби на негово место подобро би било да дојдеше во...

Continue reading

lov

Џамијата Челеби да се препушти на професионалци

Post Views: 0 Реакција за уривањето на дел од 5 вековната стара џамија во Струга пристигна од општинскито огранок на ДПА. Муфтијата Ферат Полиси и градоначалникот Рамиз Мерко со злоупотреби на нивните позиции го оцрнуваат имиџот на стружани, истакна на прес конференција, Лавдрим Елмази, претседател на општинскиот огранок на ДПА. Верниците од исламската вероисповед заслужуваат достоинствена џамија, но наместо да се руши џамијата стара 5 века, можеше да се најде место за  изградба на нова, рече Елмази. На прашањето дали зад уривањето на џамијата стојат нечии интереси, претседателот...

Continue reading

dpa press

Најнов филм во Струга

Post Views: 12 „Граѓаните на Струга повторно жртви на добро осмислено сценарио, Протестите во Струга, поради исмејување на исламот на Вевчанскиот карневал, како и учеството на трите клучни луѓе, градоначалниците на Вевчани и Струга, Перо Илиески, Рамиз Мерко и Струшкиот Муфтија, Ферат Полиси подготвени се за најновиот филм во Струга. Вака обвинија од ДПА, Струга. Претседателот на огранокот на ДПА, Лавдрим Елмази, рече дека се ова е добро смислена и одлично анализирана потценувачка, навредлива и конфликтна сцена, каде се задира во најчусвителното прашање, верското. Од ДПА зачудени,...

Continue reading

sednica struga

Струшките советници го усвоија буџетот за 2012

Post Views: 0 Со денешното продолжение на 35-тата седница заврши неизвесноста со Буџетот за општина Струга за 2012 година. По пет дена струшките советници сепак  го изгласаа со 14 гласа за, 4 против и  9-мина воздржани. Усвојувањето на Буџетот проектиран на 13,5 милиони евра запна на 31 декември кога  советниците од ДПА, Вмро Дпмне, СДСМ, ПЕИ и ЛДП не  го прифатија буџетот на последната седница од 2011. На оваа седница никој од советниците  не се произнесе зошто не го прифаќа  буџетот, иако ги прифативме сите нивни амандамани, истакна градоначалникот Рамиз Мерко. Градоначалалникот...

Continue reading

sednica struga

Одложен буџетот на општина Струга за 2012 година

Post Views: 0 Доставен буџетот на општина Струга за 2012 год. Тој изнесува околу 13 милиони евра и во споредба со претходната година истиот е повисок за 200 000 евра. Советничката група на ДПА упати сериозни забелешки кон предлагачот, градоначалникот Рамиз Мерко, бидејќи сметаат дека буџетот за 2012 година е идентичен како и претходниот од годинва што изминува. Координаторот на ДПА, Сурија Рушити, побара одговор од градоначалникот на прашањето, на кој начин ќе го реализира буџетот за 2012, кога три години наназад имаме едвај 50%  реализација.Никола Затуроски од ВМРО ДПМНЕ, смета дека...

Continue reading

Ramiz Merko

На струшката политичка сцена врие

Post Views: 1 Кој е крив? На струшката полтичка сцена се готви густа каша. Апетитите на политичките партии се се поголеми, наспроти релаксираниот однос на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Сите кажаа по нешто, но епилогот, останува енигма. Деновиве во Струга се актуелизира новонастанатата состојба на политичка сцена. Излегувањето од коалиција со Рамиз Мерко, но не и од ДУИ, струшкиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, го образложи кратко и јасно, проди несогласувањето со политиката на градоначалникот, кој работи за лични интереси а не и за Македонците. После тоа следуваа реакции и кај...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top