Струшките советници го усвоија буџетот за 2012

Со денешното продолжение на 35-тата седница заврши неизвесноста со Буџетот за општина Струга за 2012 година. По пет дена струшките советници сепак  го изгласаа со 14 гласа за, 4 против и  9-мина воздржани.

 |  Валентина Нелоска  | 
sednica struga
sednica struga

Со денешното продолжение на 35-тата седница заврши неизвесноста со Буџетот за општина Струга за 2012 година. По пет дена струшките советници сепак  го изгласаа со 14 гласа за, 4 против и  9-мина воздржани. Усвојувањето на Буџетот проектиран на 13,5 милиони евра запна на 31 декември кога  советниците од ДПА, Вмро Дпмне, СДСМ, ПЕИ и ЛДП не  го прифатија буџетот на последната седница од 2011. На оваа седница никој од советниците  не се произнесе зошто не го прифаќа  буџетот, иако ги прифативме сите нивни амандамани, истакна градоначалникот Рамиз Мерко. Градоначалалникот на денешната седница се обрати пред советниците и ги предупреди градските избраници за сите можни сериозни  последици од  неговото неприфаќање и  блокирање на работата на сите јавни служби, институции и администрација, а со тоа и животот на стружани.
Ramiz MerkoГрадоначалникот,  Рамиз Мерко во обраќањето истакна дека негативнат одлука може да има далекусежни последици кои може да предизвикаат и превирање на меѓуетничкиот живот во Струга. „Сигурен сум дека повеќето од вас мислат дека ако не го гласаат Буџетот ќе ја загрозат функцијата и мандатот на Градоначалникот на општината, но напротив ако не се донесе буџетот се загрозува мандатото на Советот. Доколку не се донесе Буџетот на 31 март советот се распушта. Функцијата на Градоначалникот после овој датум уште повеќе се зацврстува и  продожува да го извршува буџетот онака како што е предложен“, рече Мерко.
Сепак, на крај по онаа народната се тресеше гора се роди глушец, мнозинството советници го изгласаа Буџетот. По поединечното гласање пред бројните директори на јавните претпријатија, институции и училишта позитивно се произнесоа советениците од СДСМ И ЛДП, а советничката група на Вмро Дпмне и Пеи останаа воздржани. Четворицата советници од опозиционата ДПА останаа доследни на својот првичен став и гласаа против донесување на Буџетот за 2012 година.
На продолжението на 35-та седница беа усвоени и одлуките за извршување на буџетот и висината на благајничкиот максимум.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top