Црвенкоски и Цаноски, непожелни во Струга – ОК ВМРО-ДПМНЕ

Струшкиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ му порача на Црвенкоски, Струга е обединета како никогаш досега и нема да биде вовлечена во неговото сценарио, со кое за да ја зачува својата фотеља како заложник ја става цела Македонија. Но струшките вмровци му укажаа и на Цановски од ПЕИ, оти проѕирна била неговата политика со која кокетира со Дпмне, СДСМ, Дуи и ДПА.

 |  Николоска Биљана  | 
vmrostruga
вмроструга

vmrostrugaСе покажа дека Бранко Црвенкоски се откажа од Струга, обвинуваат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Претседателот на струшкиот комитет Перо Петковски истакна дека отсуството на Црвенкоски на протестот во Струга е само доказ дека општина Струга и нејзините граѓани на лидерот на опозицијата, не му значат многу.

„Како свој повереник на негово место дојде пратеникот во оставка Игор Иваноски кој меѓу другото го кажа она што секој стружанец сакаше да го слуѕшне тоа е дека “Неговата партија ќе ја вратела Струга онаму каде што треба“. Можеби на негово место подобро би било да дојдеше во Струга и да зборуваше Радмила Шекеринска истата онаа особа која во далечната 2004 година, за време на референдумот им порача на стружани јасно и гласно дека “некои прашања не заслужуваат одговор“.

Со слична реторика претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, му укажа и на лидерот на ПЕИ, Фијат Цаноски, да прекине со четворната политика која во моментов ја води бидејќи со тоа ја покажува својата несериозност кон стружани. vmrostrugaДодаде дека добро и е познато на јавноста оти во само неколку години Цаноски еден ден бил во коалиција со ВМРО- ДПМНЕ, втор ден со СДСМ, па се договарал со ДУИ, а и намигнувал на ДПА.

„Тоа е крајно несериозно. Фијат пред само неколку години говореше и го осудуваше СДСМ, а денес е негов најгласен промотор и подржувач на нивната погубна политика. Пред неколку години го обвини СДСМ и Бранко Црвенкоски за гробари на Струга и стружани, и ги убедуваше стружани дека во ВМРО – ДПМНЕ треба да го глелдаат спасот. Затоа за Фијат Цаноски и неговата свита не може да се напише сериозен текст бидејќи се несериозна партија која ретерира во своите ставови и ги погазузва своите изјави“.

Петкоски за крај рече дека Струга пред престојните Локални избори како никогаш досега е обединета и нема да дозволи на нечесните и несериозни партии да  ја кројат нивната и  судбината на нивните деца.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top