Ознака: донација

vozila

Донација од Шведска

Post Views: 12 Центарот за кардиоваскуларни заболувања, побогат за две амбулантни возила. Тоа е резултат на успешно реализирана соработка помеѓу првиот човек на Центарот, Никола Бакрачески и Цане Стефаноски претсатавник на македонскиот сојуз во Шведска. Бакрачески вели дека донацијата е долгоочекувана и ќе допринесе за подобрување на квалеитетот на здравствените услуги кои ги пружа центарот. Додава дека возилата при рака ќе им бидат и на останатите здравствени институции на охридско струшкиот регион.Досега Центарот за кардиоваскуларни заболувања немал свои амбулантни возила и ги користел...

Continue reading

asistivni uredi

Асистивни уреди за учениците со посебни потреби од ОУ „Братство Единство“

Post Views: 7 Тридневна обука и асистивни уреди како донација доби ОУ „Братство Единство“ од Охрид. Асистивните уреди се наменети за олеснување на работата и подобрување на образовниот процес за децата со посебни потреби. Овие уреди вклучуваат адаптирани џојстикови, тракбол уреди наместо обични глувчиња како и тастатури со големи копчиња. Уредите се наменети за деца кои имаат нарушени моторички функции, проблеми со интелектуална попреченост, патат од аутизам, дислексија, оштетувања на видот и говорот и други нарушувања. „Во нашето училиште се вклучени ученици со посебни образовни...

Continue reading

donacija

Нова соработка помеѓу Лајонс клубот-Охрид и Сојузот на лица со оштетен вид

Post Views: 1 Продолжува успешната соработка помеѓу Лајонсите и Сојузот на лица со оштетен вид. Минатата година беа реновирани просториите на седиштето на овој сојуз, а оваа година нова донација. Со досега собраните средства се набавени апарати за домаќинство, кои им беа поделени на членовите на ова здружение. Покрај оваа донација, во тек е изработка на звучна компјутерска програма, која во голема мера ќе им ја олесни комуникацијата на овие лица и ќе придонесе во нивна поголема социјализација. Вечерва, во Центарот за култура „Григор Прличев“, голем хуманитарен концерт, чии средства...

Continue reading

Spomenik Dolard

Просторот Мазија остана без Холандскиот парк

Post Views: 5 Засега нема трага од најавата дека Охрид ќе  добие Холандскиот парк со функционална целина која ќе го симболизира традиционалното македонско –холандско пријателство.  На терен од сработените  градежни зафати  пред 7 месеци е видлива само поплочената патека со црвени бекатон плочки и по некоја светилка. Градоначалникот Петрески признава дека паркот не е целосно завршен. 90 посто од работите за кои била надлежна Локалната самоуправа се завршени, сега се чека на холандската донација. Градоначалникот, сега оптимистички најавува дека со холанандските пријатели  ќе ги продолжат...

Continue reading

donacija japonski creshi

Јапонски цреши ќе го красат Охрид

Post Views: 6 Донација од садници на јапонски цреши, ќе го означи чинот на продлабочување на пријателството помеѓу нашата земја и Јапонија. Нови садници на Јапонски цреши, од денеска ќе го красат плоштадот на градот. Паркот покрај споменикот на браќата Кирил и Методиј, е местото каде беа засадени дрвцата кои се подарок од јапонскиот филозоф Даисаку Икеда, преку неговата фондација во Токио. „Овие садници имаат култно значење во нивната матична земја, а секако и овде кај нас ќе добијат посебно внимание“, истакна градоначалникот Петрески. „На овој начин, гостите од земјата на изгрејсонцето,...

Continue reading

Saso Alcev

Општина Охрид доби донација од Швајцарија

Post Views: 1 Специјално возило донација од Швајцарија ставено на располагање на општина Охрид. Посетата на градоначалникот Петрески во Швајцарија резултираше со донација на автоматизирано возило кое за 5-6 дена ќе оперира низ охридските улици. „Станува збор за возило кое ќе извршува повеќе функции за да се постигне комплетна хигиена во градот. Преку ден ќе ги чисти шахтите а навечер ќе се грижи за хигиената на улиците. Нашите соработници од Швајцарија Цирих, ни помогнаа да дојдеме во контакт со тамошните локални власти и некои други здруженија од кои ја добивме оваа донација“, рече...

Continue reading

igracka

Донација за децата со специјални потреби

Post Views: 3 Трите паралеки со околу 15 -тина деца со посебни потреби од основното училиште Св „Климент Охридски“ добија ксилофони, блок-флејти, ударалки. Децата ја сакаат убавата  музика,  а посебно позитивната  која ги развеселува вели педагогот од ова училиште Лидија Размоска.    Координаторот за млади од  Црвениот крст-Охрид, упати благодарност до сите кои го посетија концертот,  и со купената влезница  ја нахранија душата со хуманост и убава музика испоплнета од баритонот, Борис Трајанов и   мандолинскиот оркестар на Рамадан Шукри. Анета Јованоска Црвен крст  Охрид истакна дека...

Continue reading

logo

Донација за охридската противпожарна единица

Post Views: 13 Охридската противпожарна единица ќе добие нова опрема за справување со огнените стихии. Тоа ќе ја подобри ефикасноста на пожарникарите. Потпишан меморандум, со кој се предвидува донација за охридската противпожарна единица. Таа ќе биде во  вредност од 300 000 евра. Предвидено е да се достави, комплетно опремено современо противпожарно возило и лична опрема за пожарникарите. Опремата се очекува да биде доставена во текот на месец мај. Тогаш би требало да започне и обука на персоналот за ракување со новата опрема, како и вежби за справување со пожари од поголеми размери....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top