Ознака: донација

postojki

Нови постојки во Струга

Post Views: 2 Десет илјади евра, за нови автобуски постојки во Струга. Средствата стигнаа од компанијата Т-Мобиле. Ги испочитувавме сите законски прописи за наменското искористување на парите, а делото е пред граѓаните на Струга и струшко, вели градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. „Имавме една донација од Т-Мобиле од 10 илјади евра. Распишавме тендер, кој го доби фирма од Струга и денес ги гледате и поставени автобуските постојки не само во градот туку и во руралните средини“-изјави Мерко. Пред година и пол Локалната самоуправа со средства на Прокредит банка во висина од 5000 евра,...

Continue reading

Донација ОД ФФМ за ЈП „Билјанини извори“

Post Views: 7 ЈП Билјанини Извори во текот на вчерашниот ден прими донација од Фудбалска федерација на Македонија и на таков начин ги продолжи активностите за реконструкција и обнова на инфраструктурата на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“. Станува збор за донација на 1700 нови столчиња кои се наменети за замена на искршените и стари столчиња на трибината на Градскиот стадион „Билјанини Извори“. Со реконструкцијата на сооблекувалните и сега со обезбедувањето на нови столчиња ЈП „Билјанини Извори“ продолжува да се ангажира во насока на подобрување на условите за спортските...

Continue reading

Вредна донација за охридската градинка

Post Views: 5 Централниот објект на охридската градинка „Јасна Ристеска“, стана ененргетски ефикасен. Состојбата во објектите на детската градинка не е добра, процениле од Ротари Клубот Охрид, па затоа решиле оваа ротаријанска година која трае до јуни месец годинава да ја посветат на подобрување на условите за нашите најмали, како и на ревитализација на клановите функционираат во рамки на градинката. Претседателот Сандре Трпоски, открива дека досега клубот вложил 170 000 денари во делот на елекричната инсталација за градинките. „Ние тука променивме 687 светилки променивме расветни...

Continue reading

Охридската противпожарна единица доби донација од Холандија и Англија

Post Views: 7 Униформи, чизми и заштитни шлемови доби Територијалната единица на Противпожарна служба од Охрид. Станува збор за странска донација која е резултат на меѓународната соработка на општинскиот Црвен крст со институции и организации, со Противпожарни единици од Холандија и Англија, вели Сашо Точков претседателот на ОО на „Црвен крст“ Охрид. „Изразувам благодарност и од името на донаторите со кои што претходно се слушнавме за доделување на оваа донација од Локалната самоуправа од градоначалникот за нивниот сенз и слух за прием на ваква донација и за поттикнување на потенцијалните...

Continue reading

Донација во Специјалната болница „Св Еразмо“

Post Views: 5 Донација вредна 470.000 денари во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ Охрид. Станува збор за сонда која се употребува за поголемиот дел на медицински прегледи кои се вршат во болницата вели директорот Митко Тилевски. Тоа е во интерес и на пациентите бидејќи со неа ќе може полесно да се дијагностицираат болестите и нивните здравствени проблеми за кои доаѓаат кај нас. „Ни донираа линеарна сонда, мулти функционална со променлив фокус која што ни беше потребна за ехото што го добивме за да вршиме иследувања кај мускулно скелетен систем, дојки,...

Continue reading

Donacija

Обид за намалување на загубите на вода од водоводната мрежа

Post Views: 5 „Не знам, колку рационално се користи водата, од Проаква знаат подобро, ние имаме доволни количини на вода, и извори за користење, сеуште не се капирани сите извори кои се доволни за напојување на вода за 200.000 жители“ вели Мерко. Дека ситуацијата со загубата на вода е сериозна, говорат и информациите дека количеството на водите од Беличките извори е намалено за три пати. Со туристичка сезона која е пред нас и најавената година на интензивни суши, останува да видиме, колку општините од ЈПР успешно ќе се справат со проблемот кој е пред нив. {loadposition content9}

Continue reading

Донација на 20.000 вакцини Астра Зенека од Хрватска

Post Views: 5 Утрово во земјава пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Република Хрватска. Вакцините веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата. Ова е втора донација на вакцини „Астра Зенека“, од страна на хрватската Влада. На почетокот од месец јули донација од 10.000 вакцини, донесе министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман. Солидарноста и подадената пријателска рака во време на пандемијата е чин што целиот процес на борба против корона вирусот го прави поуспешен. Министерот за...

Continue reading

donacija

Вредна донација за болница

Post Views: 9 Струшката болница доби донација од Америка. Се работи за медицинска опрема во вредност од околу 500.000 долари, донирана од американска хуманитарна организација. Првиот човек на струшката болница Ментор Ибраими вели дека донацијата е од големо значење за подобрување на квалитетот на услугата кон корисниците. Додава дека истата иако е употребена, добро е сочувана и пософицистирана од онаа со која во моментов располага установата. Грижата за здравјето на граѓаните на општина Струга ја чуствувам и како моја, вели градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој додава дека...

Continue reading

Холандска донација за струшкиот џудо клуб „Дрим“

Post Views: 9 Џудо клубот Дрим од Струга, балгодарение на сограѓанката Славица Буентдијк која е мажена во Холандија, доби донација од дуксери за секој член на клубот. За оваа вредна донација се погфрижи организацијата „Stichting Hulp Macedonie“, каде што членува и Славица. „Нашата соработка настана по одличната презентација на нашиот клуб во меѓународните натпреварувачки води, однонсо со учество на 37 меѓународни натпревари и освоени 246 медали. Исто така, ЏК Дрим мозе да се пофали како најуспешна екипа во конкуренција на помлади пионери и пионери во нашата земја. Сето тоа г-ѓа Славица...

Continue reading

Донација мебел за опожарениот стан на Јанкулоски

Post Views: 6 Пристигна мебел во станот на семејството Јанкулоски, кое пред 20 сетина дена загуби се што имаше во пожар. Штетата од пожарот беше голема, и на семејството  ќе треба да му помогнат институциите, бизнис заедницата и граѓаните, истакна Екрем Каљоши директорот на ЦСР од Охрид. Додаде дека со нивно посредство во рамки на проектот „Топол дом“ успеале да ја завршат денешната активност и малку да им ги подобрат елементарните услови за живот. „Согледувајќи ја потребата на ова семејство за одредени потреби за домаќинство, хумани граѓани се пријавија да донираат мебел. И денеска...

Continue reading

Донација од маси и столчиња за градинката „Јасна Ристеска“

Post Views: 1 19 маси и 34 столчиња ги збогатија просториите на градинката „Јасна Ристеска“. Охриѓанката, Мирка Милеска која долги години живее и твори во Холандија, по втор пат за само неколку дена со своја донација ги потпомага охридските воспитно-образовни институции. Според Розе Костеска, директорка на градинката „Јасна Ристеска“, донацијата е повеќе од добредојдена. „Нејзиниот ентузијазам за помагање и оваа денешна донација не е за прв пат, таа во повеќе наврати помагала во нашата република, особено во Охрид од каде што потекнува и се надеваме дека оваа наша соработка ќе продолжи...

Continue reading

uculnica

Холандска донација за училиштата во Охрид и Дебрца

Post Views: 0 Во рамките на својата меѓународна соработка О.О на Црвениот крст од Охрид преку своите партнерски организации во Холандија реализира донација наменета за потребите на неколку воспитно-образовни институции во Охрид и социјално загрозени семејства во општина Дебарца. Донацијата, во чија реализација помогнаа Хуманитарната фондација „ Stichting Hulp-Macedonie“ и Мира Милеска од Холандија содржи училишни маси и столови, училишни катедри, шкафови, спортски реквизити, како и половна облека и играчки, кои во текот на наредните неколку денови ќе бидат поделени на соодветните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top